среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: пат | 121 резултати

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла кај Плетвар и Неготино

јануари 21, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а поради маглата на Плетвар и во Неготино видливоста е намалена до 100 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – […]

Намалена видливост поради магла во Битола, Прилеп, Ресен и Тетово

јануари 9, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. До 150 метри видливост поради магла има во Битола, Прилеп и Ресен, додека во Тетово видливоста е 50 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“. Во клисурите и засеците […]

Магла и одрони на повеќе патни правци

јануари 8, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Поради појава на магла, видливоста во Охрид, Струга и Македонски Брод е намалена на 50- 100 метри, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената […]

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар и опожарено возило на патот Штип-Неготино

јануари 3, 2018

Сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, на излез од село Камењане-Тетово од 18.30 часот е во прекин поради случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ додаваат дека од 17.50 часот на регионалниот пат Штип-Неготино, поточно над село Лесковица сообраќајот е во прекин поради опожарување на патничко моторно возило.

АМСМ: Снег на патот Крива Паланка – Деве Баир

декември 24, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и осојничави места се бележат влажни коловози. На патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир има врнежи од снег, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за […]

Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

декември 3, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија. Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат […]

Патот „Арбери” има за цел да создаде економски коридор со Македонија, вели Рама

ноември 12, 2017

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Пешкопеа соопшти дека на заедничката седница меѓу владите на Албанија и на Македонија што ќе се одржи во Поградец ќе побара од македонската Влада да го продолжи патот „Арбери“ и на нејзина територија. Рама соопшти дека изградбата на патот „Aрбери“ во должина од 72 километра ќе почне следната година, […]

Жена загинала во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

септември 29, 2017

Во сообраќајка што утрово се случила на патот Гостивар – Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, животот го загубила 54-годишна жена од струшкото село Октиси. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во 7.40 часот, кога автомобил „форд мондео“ со италијански регистарски таблички, управуван од И.И.(54), излетал од патот и удрил во бетонски мост. […]

Двајца загинати во две сообраќајки близу Македонска Каменица

септември 26, 2017

Маж и жена загинале во две одвоени сообраќајки близу Македонска Каменица денеска. Според СВР Штип, на магистралниот пат на потегот од селото Истибања до Македонска Каменица, на свиокот во близина на рибникот „Саваро“, загинал 51-годишен маж од селото Облешево. Возилото „махиндра“ со кое управувал, претпладнево излетало од коловозот и тој на местото на несреќата починал […]

Старица прегазена на пат кај Крива Паланка

август 4, 2017

Во сообраќајна несреќа вчера претпладнето била усмртена 87-годишна жителка на Крива Паланка, извести СВР Куманово. Според полицискиот билтен, вчера околу 10.30 часот на магистралниот пат А-2 во Крива Паланка, во близина Осички мост, автомобил „сеат кордоба“ со кривопаланечки регистерски ознаки удрил во 87-годишната С.В., која починала веднаш. Со автомобилот управувал Б.В. (53) од Крива Паланка. […]

Автопатот Миладиновци – Штип ќе „изеде“ уште 20 милиони евра

јули 27, 2017

Завршувањето на автопатот Миладиновци – Штип ќе значи трошок од уште 20 милиони евра, поради проблемите во изградбата. Претходниот министер за транспорт и врски, неколку дена пред заминувањето од власт на владата на ВМРО-ДПМНЕ, доставил информација до владата за тоа, но, како што рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, тоа досега се криело […]

Владата одлучи патот кај Порој да се исчисти, а земјоделците да се обесштетат

јуни 7, 2017

На вечерашната трета владина седница на која се расправаше за штетите во поплавените подрачја во Порој, било истакнато дека Дирекцијата за заштита и спасување и Општината Тетово треба веднаш да почнат постапка за расчистување на наносот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, а Владата препорачала да помогне и Армијата. На патот имало нанос од песок и […]

Германското МНР очекува брзо формирање влада и спроведување на реформите

мај 17, 2017

„Добро е што претседателот Иванов попушти и престана да го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука требаше одамна да се случи и конечно го рефлектира исходот од изборите во земјата во декември во 2016 година“, се вели во пишаната изјава на Министерството за надворешни работи на Германија, а по повод давањето на мандатот од […]

Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа во Охрид

мај 7, 2017

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што рано утрово, во пет часот, се случи на регионалниот пат Свети Наум – Охрид, во близина на Хидро-биолошкиот завод, информира СВР-Охрид. „Од добиените повреди, на местото на настанот животот го загуби Дејан Т. (20), додека тешки телесни повреди добил Р.Д. (25), двајцата од Охрид. Поради […]

Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче

април 28, 2017

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења. Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај […]

Привремен сообраќаен режим на дел од улицата Никола Карев

април 13, 2017

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд (15 и 16 април), на дел од улицата Никола Карев, на крстосницата со булеварот Трета македонска бригада, ќе се изведува прекоп за поставување подземни инсталации. „Поради тоа, во деновите од викендот, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 […]

Во сообраќајна несреќа во Шведска загинаа три деца, а 25 се повредени

април 2, 2017

Aвтобус кој превезувал деца во Шведска се превртел при што во несреќата загинале најмалку три деца, а 25 се повредени, пренесуваат шведските медиуми. Во автобусот се наоѓале 52 ученици и шестмина возрасни. Personer vårdas mitt på vägen efter svåra bussolyckan på E45.https://t.co/4fEfccAtzW pic.twitter.com/ZWF1E9FpVA — Aftonbladet (@Aftonbladet) April 2, 2017 Несреќата се случила 430 километри северозападно од […]

Девет деца се повредени во сообраќајна несреќа во Романија

март 20, 2017

Mинибус што превезувал ученици во југозападниот дел на Романија излетал од патот, при што најмалку девет деца се повредени, јавуваат романските медиуми. Повредените деца биле пренесени во болница и сè уште нема информации за нивната здравствена состојба. Во моментот на несреќата во минибусот се наоѓале 18 деца. Возачот во полиција изјавил дека поради премореност изгубил контрола […]

Слаб снег и магла на патниот правец кон Попова Шапка

март 6, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. На Попова Шапка провејува слаб снег и има намалена видливост од 30 до 40 метри поради појава на магла. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште кое е […]

Пелагониски земјоделци блокираат патишта поради платформата на Албанците

март 1, 2017

Пелагониските земјоделци од реонот на Могила бараат партиите на Албанците да се откажат од заедничката платформа како услов за формирање на нова влада. Четириесетина земјоделци со трактори и со приклучна механизација денеска ја блокираа крстосницата на магистралниот пат Битола – Прилеп, која води кон селата Могила и Црно Буки, за да го искажат својот револт кон […]

Страна 2 од 6