fbpx
Таг: пасоши

таг: пасоши

Груевски и Мијалков барале од судот да им ги врати пасошите поради службени патувања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, побарале од Кривичниот суд да им ги врати пасошите што им беа одземени како гаранција дека нема да побегнат од земјава поради обвиненијата што против нив ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, објави „Телевизија 24“. Информациите за телевизијата ги потврдиле и адвокатите...

МВР: Не патувајте со докумети што сте ги пријавиле за изгубени, а потоа сте ги пронашле

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните кои ги пријавиле своите патни исправи за загубени или украдени, а потоа ги пронашле, да не тргнуваат на пат без тоа да го пријават во МВР. Во соопштението се потсетува дека сите патни исправи и лични документи кои се пријавени како изгубени или украдени, претставуваат неважечки документи и се внесуваат во...

Димовски и Трајковски остануваат без пасоши, Апелација им ги одби жалбите

Тони Трајковски, актуелениот градоначалник на Гази Баба, и пратеникот во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, остануваат без пасоши и со обврска еднаш неделно да се јавуваат пред служебно лице во суд, откако Апелацискиот суд Скопје ги одби нивните жалби на одлуките на Кривичниот суд да им бидат одредени мерки на претпазливост. Апелацискиот суд, истовремено, ја одбил како неоснована и жалбата...

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Апелација за одземените пасоши не кореспондираат со реалноста

Одлуките на Апелацискиот суд, со кои не се вратија патните исправи на лицата што се политички гонети од Специјалното јавно обвинителство, се конформистички и не кореспондираат со реалноста, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓоѓиевски, член на централниот комитет на партијата денеска пред Апелацискиот суд Скопје изјави дека „одлуките се донесени повеќе како компромис“. - За да не изгледа дека судот ги отфрлил...

ВМРО-ДПМНЕ: Барањата од СЈО за притвори и одземање пасоши се политичка пресметка

Преку две прес-конференции денеска ВМРО-ДПМНЕ ги оквалификува барањата за притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се груб политички обид за притисок врз Апелациониот суд за тој да не ги поништи одлуките за одземање на патните исправи донесени во првостепена постапка. - Одлуките за одземање на патните исправи на дел од раководството на партијата се донесени под притисок....

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и за поранешниот генерален секретар на Владата,...

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети во случаите „Тендери“ и „Траекторија“ на СЈО, судот наместо притвор им одредил мерки на претпазливост...

Мијалков си го задржа пасошот, за судијката Јосифовиќ барањето на СЈО е неосновано

Судијката Елена Јосифовиќ го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство да им бидат одредени мерки на претпазливост, односно да им се одземат пасошите на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, осомничени во случајот „Трезор“. „Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство...

Судот не ѝ го одзеде пасошот на Канческа-Милевска, барањето на СЈО било неосновано

Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им ги одзеде пасошите на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште еден осомничен во случајот „Тендери“. Ваквата одлука судијата ја донел по распитот на двајцата осомничени, во петокот минатата недела. Барањето на СЈО, тој го одбил како неосновано и решението со кое се одбива предлогот...

Канческа-Милевска денеска на распит во суд за случајот „Тендери“

Двајцата осомничени во случајот „Тендери“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара да им бидат одземени пасошите и секоја недела да се јавуваат пред службено лице во судот, денеска се појавија на распит пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ извори од Кривичниот суд. Меѓу осомничените е и актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е првоосомничена во случајот за малверзации...

Кривичен суд: Се прават спектакли со канењето на сослушување на осомничени од СЈО

Во врска со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во јавноста се прават спектакли, во кои судот, „респектирајќи го дигнитетот на судската власт“, нема да учествува, велат од Основниот суд Скопје 1. „Во однос на повеќе новинарски прашања што беа упатени до судот во врска со повикување на сослушување на лица опфатени во...

Судот тактизира со распитот на осомничените во „Тендери“

Неизвесно останува дали денеска ќе се одржи распитот на двајца од осомничените во случајот „Тендери“, за кои Специјалното јавно обвинителство уште вчера побарало од Кривичниот суд да им бидат одземени пасошите и секој ден да се јавуваат пред службено лице во судот. Според неофицијални информаци, судијата на претходна постапка кај кој е распределен предметот сè уште не испратил покани до...

Аманатидис: Добри врски не се градат со иредентизам и со фалсификување на грчката историја

Во Македонија сè уште не се созреани условите за да се прифати суштински компромис со Грција околу спорот за името, смета грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис. Одговарајќи на пратенички прашања од Златна зора и од Унијата на центристи околу наводните информации во грчките медиуми дека Грција почнала да ги признава македонските пасоши, Аманатидис објaсни дека грчката влада не направила никаква...

Нема промена на грчката политика за непризнавање на македонските пасоши

Во Грција настана мешаница по наводната информација на грчкиот портал „Њупост“ (Newpost.gr) дека грчката влада го менува ставот кон Македонија и ќе ги признае македонските пасоши. Веста на порталот доаѓа од погрешно толкување на документ од министерството за внатрешни работи, кој се однесува на пасоши од трети земји, а не на Македонија. Документот што го објави порталот е од 22 август...

Од автомобил во Кичевско украдени пари, накит и пасоши

Непознато лице украло 9.450 евра, 4.720 долари, накит, американски и македонски пасоши од џип „чироки“ со американски таблички во кичевското селото Колибари. Оштетениот, 34-годишниот А.Б. од село Колибари, вчера во 2 часот по полноќ телефонски пријавил во полициската станица во Кичево дека во четвртокот, околу 21.30 часот, му е ограбено возилото од кое е земена женска чанта во која имало...

По Брексит сè повеќе се бараат ирски пасоши

Поради одлуката на Британците да излезат од Европската Унија, дојде до пораст на барањата за добивање ирски пасош за полесно влегување на територијата на Унијата, соопштија ирските власти. Службата за издавање патни исправи наведе дека е забележан невообичаено голем број барања на Британци со ирско потекло за издавање ирски пасош. Пасошот на Република Ирска овозможува барање работа во земјите на ЕУ без посебни дозволи,...

Одземени пасошите на петмина осомничени во акцијата „Еразмус“

По неколкучасовен распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка на петмина од осомничените во акцијата на МВР на Економскиот факултет во Скопје им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и обврска да се јавуваат пред надлежен суд, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Како што дознаваме, станува збор за тројца универзитетски професори, еден...

Ќе се избира претседател на комисијата за аферата со личните карти, СДСМ нема да учествува

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска во 11 часот треба да одржи седница. Според дневниот ред, предвидено е да се избере претседател и потпретседател на анкетната комисија што треба да се занимава со расчитување на скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, утринава ни потврди...

Судот ги бара од Јанева пасошите на Верушевски и на Лазаревски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави пасошите на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски за да може да одлучи по предлозите и мислењето во врска укинувањето или замена на мерката притвор на двајцата обвинети во случајот „Пуч“, соопшти денеска Осовниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по предлозите на обвинетите, во кои не е...

Германија: Претреси во куќи поради лажни француски пасоши

Германската полиција денеска пребарала три куќи во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде неколку лица се осомничени за обид да набават лажни француски пасоши, соопшти обвинителството во Берлин. Портпаролот додаде дека никој не е уапсен, но не сакаше да каже дали има поврзаност со минатомесечните напади на Исламска држава во Париз, во кои загинаа 130 лица. Специјалните сили биле распоредени поради рациите...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...