fbpx
Таг: пасоши

таг: пасоши

Ковачевски: Треба да им се каже фала на вработените кои ги изработуваат личните документи

„Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, во однос на хаосот околу издавањето на личните документи на граѓаните. Христијан Мицкоски вчера најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе...

Македонскиот пасош на 36. место на листата најмоќни пасоши

Македонскиот пасош се најде на 36. место на листата најмоќни пасоши објавени од страна на платформата „Паспорт индекс“. Веднаш зад македонскиот пасош се црногорскиот и турскиот. Од државите во регионот, бугарскиот пасош е на 9. место, српскиот на 32, додека хрватскиот е на осмо место. Првото место го зазема пасошот на Обединетите Арапски Емирати, второто место припаѓа на Германија, Шпанија,...

МНР воведува Е-КОНЗУЛАТ – полесен пристап до конзуларните услуги во странство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ја презентираше првата фаза на проектот Е-КОНЗУЛАТ, дигитализирана платформа на конзуларните услуги, со кој значајно се поедноставува процесот на добивање на одреден документ и се зголемува ефикасноста на дипломатско-конзуларните претставништва со странство. „Проектот се подготвува подолго време и произлегува од поплаките, коментарите и сугестиите на нашите државјани во странство и дијаспората. Преку него...

За еден месец, над 200 лица се сликале за нов пасош во амбасадата во Берлин

За помалку од еден месец од воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, главниот град на Германија, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа, тврди амбасадорот Рамадан Назифи. Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од...

Во САД издаден првиот пасош со родово неутрален знак

САД го издаде првиот пасош кој има знак „Х“ наместо регуларните знакови за машко или женско, што имплицира на тоа дека личноста не се дефинира ниту како машко ниту како женско, соопшти американскиот Стејт департмент, пренесе Асошиејтед прес. Од Стејт департментот рекоа дека се очекува да бидат во можност да го понудат ваквиот пасош на повеќе луѓе кои ќе поднесат...

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година, велат од МВР

аМинистерството за внатрешни работи ги информира државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните објавен во „Службен весник“, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година. „Имено, измената на...

МВР: Граѓаните кои имаат закажан термин за 14 јуни, барање за личен документ може да поднесат денеска

Министерството за внатрешни работи информира дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни (вторник во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје. „Од тие причини се...

Порталб: Aферата „Мафија“ не влијае на визниот режим, но следењето при издавање лични документи може да биде поригорозно

Аферата со издавање пасоши со лажен идентитет не влијае на визната либерализација, рече европратеникот Андреас Шидер, бидејќи државата презема мерки. Истото го мисли и Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики, која вели дека сепак, овој скандал ќе има влијание врз проценката на безбедноста во текот на постапката за издавање патни исправи, пренесува Порталб.мк. Европратеникот Андреас Шидер ја опиша...

Обвинителство поведе постапка за злоупотреби при издавањето пасоши за 11 лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и...

Спасовски: Кривична пријава за десет вработени во МВР кои овозможиле 214 лица од странство да добијат македонски пасош со лажен идентитет

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во соработка со Јавен обвинител од ОЈО Скопје сузбија криминална група, чии членови- вработени во Управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба издавале македонски патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет, информираше министерот за внатрешни работи Оливер...

Јапонците имаат најмоќен пасош, може да патуваат без визи во 191 земја, Македонците во 124

Најновите податоци од истражувањето кое го спроведе компанијата „Хенли и Партнери“ за индексот на јачината на пасошите на државите во светот, покажуваат дека најсилен пасош на светот моментално е јапонскиот, чии сопственици можат да патуваат слободно во 191 земја во светот. Следува сингапурскиот со 190 слободни дестинации, а третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот пасош со кои може...

Новите пасоши – нова (погрешна) нервоза во Грција околу името

Грчкиот портал newsbreak.gr објави текст во кој, почнувајќи од насловот, се демонстрира голема нервоза поради тоа што новата пратка од 100.000 обрасци за македонски пасоши која се очекува кон крајот на март ќе биде од „старите“, односно на нив ќе пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“. Притоа се тврди дека е тоа спротивно на Преспанскиот договор. Текстот не е...

Чулев и Спасовски си ја префрлаат одговорноста за пасошите, проблемот останува

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, го повика техничкиот премиер Оливер Спасовски да свика влаадина седница за да се реши проблемот со пасошите. Тој предлага Владата да усвои методологија со која, со печат и со испраќање нота до државите во светот, ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи. „Јас сум министер еден...

Чулев: Пасоши ќе добијат граѓаните кои закажале по итна постапка и за здравствени цели

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на прес-конференција информираше дека МВР располага само со уште 3.600 до 3.700 обрасци за патни исправи. Пасоши ќе добијат околу 650 лица кои што аплицирале за добивање на патна исправа по итна постапка, а останатите ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи. Чулев информираше дека досега во МВР пристигнале околу 16.000 апликации...

МВР: Прво законски измени, потоа издавање на лични документи со новото име

Граѓаните ќе добијат лични документи со новото име, откако ќе се сменат законите и подзаконските акти кои го регулираат изгледот и употребата на личните документи на граѓаните, информираа од МВР за „Мета“. - По објавувањето во „Службен весник“ на одлуката за стапување во сила на името „Република Северна Македонија“ ќе се сменат законите и подзаконските акти кои го регулираат изгледот и...

Документи со новото име граѓаните ќе добиваат откако МВР ќе направи набавка

Личните документи со новото име Република Северна Македонија, односно пасоши, лични карти, возачки дозволи ... граѓаните ќе може да ги добиваат откако, Владата ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон. Протоколот од Атина се очекува да биде испратен денеска. На прашањето, кога граѓаните ќе почне да добиваат документи со новото име, портпаролот...

Дамовски, Илиевски и Арнаудов излегуваат од „Шутка“, Апелација им одреди куќен притвор

Организаторите на протестите на „За заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски и пратеникот Љубен Арнаудов, излегуваат од истражниот затвор „Скопје“, откако Апелацискиот суд Скопје им ги прифатил жалбите и им ја заменил мерката притвор со куќен притвор и да им бидат одземени пасошите, потврдиле за „Телма“ од судот. Дамовски, Илиевски и Арнаудов се меѓу 35-те осомничени за насилствата во...

Амбасадата на САД ќе издава визи и покрај финансиската блокада на американската влада

Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи, како и за итни случаи за американските граѓани, ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската влада. „Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. Нема да...

МВР догодина планира да набави две нови машини за пасоши и за лични карти

Министерството за внатрешни работи следната година планира да набави две нови машини за изработка на пасоши и на лични карти, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција на која го презентираше делот од државниот буџет за 2018 година, наменет за МВР. - Во текот на 2018 година, планирана е набавка на две нови машини за изработка и за...

Сокол Митревски остана без пасош и доби забрана да го напушта Скопје

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, и на уште пет лица им одреди мерки на претпазливост, потврди судот. На Митревски и на другите петмина осомничени судот им ги одзеде пасошите, им забрани да го напуштаат живеалиштето, односно Скопје, и им наложи редовно да се јавуваат кај...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...