fbpx
Таг: паротитис

таг: паротитис

Не е точно дека МРП вакцината е небезбедна и дека предизвикува смрт

МРП вакцината може да има одредени несакани ефекти, но тие се далеку од животозагрижувачки, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Несаканите ефекти кои може да ги предизвикува оваа вакцина се опишани на официјалната веб страница на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ). Тие се болка на местото на инјектирање, треска, благ осип и повремена болка и вкочанетост во...

Воспитувачка и седуммесечно бебе – нови пациенти со морбили на Инфективна

Во тек на вчерашното дежурство на Клиниката за инфективни болести, прегледани биле четири сомнителни случаи на морбили, од кои двајца биле задржани на болничко лекување. - Станува збор за седуммесечно бебе, кое не е вакцинирано и воспитувачка на 35 годишна возраст од градинка во Кисела Вода. На клиниката во моментов има 26 пациенти - информираат во Министерството за здравство. Оттаму додаваат...

Против МРП вчера вакцинирани 23 деца, бројката стаса до 1.102

Министерството за здравство информира дека вчера до 13 часот вакцинирани биле 23 деца со МРП (морбили, рубеола, паротитис - или ситна сипаница, крупна сипаница и заушки). Со тоа, до вчера вакцинирани биле вкупно 1.102 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). Министерството за здравство апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца. „МРП вакцината...

По примањето МРП вакцина, детето може во градинка, но подобро 10 дена да остане дома

Откако пред неколку дена стапи на сила времената забрана за примање деца во градинка кои не се вакцинирани од МРП вакцината (за морбили, рубела и паротитис), многумина родители на социјалните мрежи прашуваа дали веднаш по примањето на вакцината можат да ги испратат своите деца во градинка, или пак, треба да поминaт одреден период дома. Иако има лекари кои тврдат дека...

Родителите не се бунат кога градинките им ги враќаат децата без МРП вакцина

Пет деца невакцинирани за морбили, рубеола, паротитис (МРП) не биле примени на згрижување денеска во градинката „Кочо Рацин“ во Центар, согласно препораките на Министерството за здравство (МЗ). Во меѓувреме, од денеска инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прават проверки, дали има деца кои се примени, а не се вакцинирани со МРП. Главната сестра на сите четири објекти на...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...