fbpx
Таг: парламент

таг: парламент

ДУИ: Не е време за предвремени избори

Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот, заклучи синоќа централното претседателство на ДУИ, информираа од партијата. - Инцијалната порака од ДУИ до сите политички партии и сите граѓани во Македонија е дека се наоѓаме во историски момент кога е потребно единство и меѓуетничко, но и уште...

Заев: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори 

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорoт со Грција. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапишаните студенти на ФИНКИ. Заев истакна дека денеска е ден за сублимирање на...

Двајца пратеници на „Независни Грци“ се спротивставија на Каменос

Со различни позиции од оние на Панос Каменос, излегоа двајца пратеници од Независни Грци во однос на договорот од Преспа. Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис во одделни интервјуа за грчките медиуми открија дека не се на иста линија со нивниот претседател, кој не го прифаќа решението меѓу Македонија и Грција и најави дека „ќе направи сѐ, договорот да не...

Ѕанакопулос: Постои мнозинство во грчкиот Парламент да се ратификува Договорот од Преспа

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. - Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да види дека постои реално мнозинство...

Ѕанакопулос: Договорот ќе помине со широко парламентарно мнозинство

Ако политичките сили во земјата гласаат врз основа на јасни политички критериуми и идеологии, Договорот ќе помине со доста широко парламентарно мнозинство, вели министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ. - Што се однесува до македонското прашање, доколку се исполнат предусловите од соседната земја, ќе дојде во грчкиот Парламент, ќе помине...

Вуцис: Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство во грчкиот парламент

Кога ќе дојде на гласање во грчкиот Парламент Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство, изрази убеденост спикерот на грчкиот законодавен дом, Никос Вуцис, говорејќи за грчкото радио „Реал фм“. - Верувам дека македонското прашање и Договорот од Преспа ќе има пошироко мнозинство во Парламентот од она што сега се претпоставува, токму поради тоа што во следните месеци ќе има...

Иванов во дводневна официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија, информираат од кабинетот на претседателот. „Претседателот Иванов во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Игор Додон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок....

Коѕиас: Договорот ќе биде ратификуван од мнозинството грчки пратеници

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, денеска изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент од мнозинството пратеници, јави дописничката на МИА од Атина. – Нема шанси да не се изгласа во Парламентот - рече Коѕиас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“, повторувајќи го неговиот став од декември минатата година дека ќе постои мнозинство пратеници,...

Нова Демократија води со 12,4 отсто пред владејачката Сириза

Најголемата опозициска партија во Грција, Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис, го зголемува водството пред владејачката Сириза на Алексис Ципрас, покажала анкетата објавена од весникот „Прото Тема“, пренесува „Блумберг“. 26,4 отсто од испитаниците се определиле за Нова Демократија, а за во Сириза само 14 отсто. Мнозинството на владејачката коалиција на Ципрас во парламентот се намали на само два пратеника предност во законодавниот...

Холандија се согласи Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Холандскиот парламент даде зелено светло за отворање на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, јави албанската телевизија „Топ Ченел“. Според истиот извор, холандските пратеници не се согласиле и Албанија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Според нив, Албанија нема доволно направено во борбата против корупцијата и криминалот. „Албанија не ги исполни петте приоритети утврдени во извештајот за напредок,...

Ѕанакопулос: Договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент без проблеми

По потпишувањето на Договорот од Преспа, Грција и ПЈРМ започнуваат нова ера на пријателство, соработка и стабилност, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот редовен брифинг со новинарите и изрази убеденост дека Договорот ќе добие мнозинство во грчкиот парламент. Ѕанакопулос упати остри критики до опозициската Нова демократија за ставот што го зазема во однос...

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Ципрас

Со 127 гласа за и 153 против, парламентот на Грција вчеравечер ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата. Поради тоа веднаш претседателот на партијата и министер за одбрана, Панос...

Шпанската влада бара судот да го спречи изборот на Пуџдемон за лидер на Каталонија

Владата на Шпанија побара од Уставниот суд да го блокира изборот на Карлес Пуџдемон за лидер на Каталонија. „Владата мора да ги употреби сите сили предвидени со закон и Устав, за да се осигура дека бегалец не може да биде избран за претседател на регионалната влада“, велат од таму. Пуџдемон ја напушти земјата минатата есен и замина во Белгија, откако Каталонија...

Евакуиран шкотскиот парламент поради сомнителен пакет

Дел од шкотскиот парламент денеска е евакуиран откако во зградата е пронајден сомнителен пакет, јавуваат британските медиуми. Како што соопшти портпаролот на шкотскиот парламент, пакетот е пронајден на кат каде што се наоѓаат канцелариите на Ториевците. Истражувачот на „Би-би-си“ на својот профил на „Твитер“ напиша дека во пакетот имало бел прав и дека бил испратен до еден од пратениците.

Протести во Барселона против независноста на Каталонија

Во Барселона ќе има нови протести кои ќе бидат против прогласувањето независност на Каталонија од Шпанија. Каталонската цивилна асоцијација ги повика противниците за независностa да излезат попладне на улиците. Нивниот слоган е „Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција“. Според организаторите, целта на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли „нападот без преседан, во...

Шпанскиот премиер ја распушти каталонската влада

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, вечерва соопшти дека ја распушта владата на регионот Каталонија, откако регионалниот парламент прогласи „Каталонска Република“, односно независност од Шпанија, јавија светските медиуми. Парламентот на Каталонија исто така е распуштен, според гласањето на Сенатот на Шпанија, кој изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги...

Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана од претседателот на унгарското национално собрание, Ласло Ковер, ќе се обрати на осмата конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта. Учесниците на конференцијата ќе се осврнат на темите „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“ и „Безбедносната димензија на соработката во Западен Балкан: придонес кон стабилноста на...

Јапонскиот премиер го распушти парламентот, избори на 22 октомври

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, официјално го распушти долниот дом на јапонскиот парламент, за да се одржат предвремени избори на 22 октомври. Откако претседателот на парламентот, Тадамори Ошима, го прочита писмото на Абе за распуштање на парламентот, пратениците ги подигнале рацете и три пати го повториле традиционалниот јапонски израз „банзаи“, со значење „вечен нека е“. По распуштањето на парламентот, Абе им...

Во Германија се одржуваат парламентарни избори, излезноста поголема од 2013 година

Во Германија денеска се одржуваат парламентарни избори за 19. состав на Бундестагот. Анкетите се во прилог на актуелната канцеларка Ангела Меркел, која доколку победи, може да добие четврти мандат. Право на глас имаат 61,5 милиони луѓе, а првите резултати ќе бидат познати по затворањето на избирачките места во 18 часот. Излезноста во многу избирачки места е поголема од минатите избори во...

„Еуробарометар“: Македонските граѓани не им веруваат на судството, полицијата и на партиите

Македонските граѓани имаат најмала доверба во правосудниот систем, полицијата, јавната администрација, владата, парламентот и во политичките партии, покажува најновото истражување на јавното мислење на „Еуробарометар“. Единствено, повеќе од 50 отсто од граѓаните имаат доверба во Армијата (51 отсто) и во Европската Унија (53 отсто). Истражувањето е спроведено во мај оваа година, односно пред формирањето на новата влада, а е објавено минатиот...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...