fbpx
Таг: парламент

таг: парламент

Демонстрантите во Тирана се обидоа да влезат во парламентот

Опозициските демонстранти синоќа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во Тирана и да упаднат во зградата на парламентот. Полицијата одговори со солзавец, па поддржувачите на опозицијата фрлаа разни предмети и петарди кон полицискиот кордон. Синоќа демонстрантите, по третпат во последните две седмици, повторно се собраа пред парламентот во главниот град на Албанија и палеа автомобилски гуми и фрлаа факли,...

Албанија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Албанскиот Парламент денеска со 130 гласови „за", ниту еден против го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери кој по изгласувањето на Протоколот изрази голема благодарност за поддршката што Албанија и ја дава за земјата. Спикерот Џафери рече дека Скопје е посветено на градење општество за сите, без оглед...

Грчкиот парламент треба да го ратификува Протоколот за влез на Македонија во НАТО

Во грчкиот парламент денеска треба да се одржи гласањето за ратификација на Протоколот за пристап на Македонија во НАТО, откако вчера доби „дозвола“ на Комитетот за надворешна политика и одбрана со мнозински број на гласови. Протоколот беше потпишан во средата во Брисел од постојаните претставници на сите 29-земји членки на НАТО, а со Грција денеска почнува последната фаза од полноправниот...

Протоколот за членство во НАТО пред комисија во грчкиот Парламент

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, денеска во 13 часот по локално време ќе го разгледа нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина. Известувачи за нацрт законот се пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за цивилна заштита, Никос Тоскас и пратеникот од...

Јункер, Могерини и Хан го поздравија ратификувањето на Преспанскиот договор

Со заедничка изјава, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за заедничка надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент. „Со радост го поздравуваме најновиот клучен чекор во ратификацијата на Преспанскиот договор, со денешното гласање во грчкиот парламент. Од самиот почеток Европската Унија силно го поддржуваше историскиот договор...

„Твитер“: Ципрас за претседател!

Корисниците на социјалните мрежи денеска го фалат грчкиот премиер Алексис Ципрас по говорот кој тој го одржа во грчкиот парламент за време на дебата пред гласањето за Договорот од Преспа. Дел од нив напишаа „Ципрас за претседател“, а други го пофалија за неговата храброст да ги спомне македонските бегалци од Грција. - Не сакам да ја критикувам историјата на Комунистичката...

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција за крај на спорот со името кој се водеше речиси три децении. Сите 300 пратеници поединечно, со прозивање, се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа. Од нив 146 биле против, а еден гласал „воздржано“. Македонија на...

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност на опозициската Нова Демократија, која...

Во грчкиот парламент почнува процесот на ратификација на Договорот од Преспа

Нацрт-законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа денеска ќе го разгледа Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент. Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку...

Меј го преживеа гласањето недоверба во парламентот

Британската премиерка Тереза Меј синоќа доби доверба за продолжување на мандатот од пратениците  во британскиот парламент, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз. Владата на Меј доби 325 гласови, наспроти 306 кои беа против. По овој крупен чекор, Меј ќе разговара со сите парламентарни партии во обид да се изнајде решение за проблемот. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ,...

Ќе се гласа за доверба на владата на Ципрас

Во парламентот на Грција денеска треба да продолжи  седницата на која ќе се гласа за доверба на владата на Алексис Ципрас. Гласањето би требало да се одржи попладнево. На вчерашното прво продолжение на седницата, имаше тензична атмосфера и жестока дискусија. Гласањето за доверба е на иницијатива на грчкиот премиер, кој се обидува да обезбеди доволно гласови за ратификација на Преспанскиот договор,...

По пропаѓањето на договорот со ЕУ за Брексит, денеска се гласа доверба на владата на Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј денеска се соочува со гласање доверба во Парламентот по синоќешниот пораз на нејзиниот предлог за Брексит, односно договорот со ЕУ за регулирање на меѓусебните однос по излегувањето на Велика Британија од европската заедница. Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија...

Заев: Ова беше татковинска акција, донесовме голема, одговорна и историска одлука

Премиерот Зоран Заев, во денешното пладневно обраќање, на еден ден по гласањето во Парламентот за измените на уставот во врска со Договорот со Грција, им се заблагодари на пратениците за големата и одговорна одлука и на сите за, како што рече, оваа „татковинска акција“. Тој вели дека оваа одлука ќе значи дека кон НАТО и ЕУ, Северна Македонија ќе пристапи...

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол оти не бил свесен за...

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. Материјалите содржат и лични и партиски...

Заев: На денот на гласањето ќе се знае дали има мнозинство за уставните измени

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека ќе се обезбеди потребното мнозинство во парламентот за гласање на уставните измени, но вели дека бројката на пратеници ќе се знае на денот на гласањето. -Конечниот број ќе го видиме на денот на гласањето. Седницата е закажана за 9 јануари, а според најавите за неприсуство на опозицијата, очекувам дека расправата би траела два-три дена....

Косово ги донесе законите за формирање армија, Србија на готовс

Косовските пратеници претпладнево ги изгласаа трите закони кои се однесуваат на промена на мандатот на Косовските безбедносни сили (КБС) во војска, со што Косово и официјално влезе во процес на добивање своја армија. Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, порача дека војската е на готовс. Седницата на косовскиот парламент, започна со едноминутен молк во знак на почит за, како што...

Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Никола Груевски, рече вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува унгарскиот новински сајт „Азонали“. - Видете, нема време двапати да се вдише и издише, гледате како се натегаме тука - одговори Орбан на прашањето од „Азонали“ дали се сретнал со поранешниот македонски премиер кој преку Албанија, Црна Гора и Србија...

САД: Руските тврдења дека сме се мешале во гласањето во Парламентот се дезинформации

Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда, обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено светло за отпочнување со уставните измени во земјата. „Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и...

Бошњаковски: Владата очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција поврзана со одлуките од синоќешната 93. владина седница ги повтори очекувањата на Владата за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени, за што денеска, собраниската Комисија за уставни прашања, треба да ја отпочне расправата по предлогот за потребата од уставни измени поднесен од Владата. Тој најави дека воведно обраќање на Комисијата ќе има...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...