недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: паркинг места | 14 резултати

Општина Тетово: Од политички и бирократски причини не се направени 230 паркинг места

октомври 6, 2022

Иако според годишниот план на Општина Тетово за периодот јули-септември, беа предвидени да се направат 230 паркинг места долж двата булевари „Благоја Тоска“ и „Илинден’’, ова сѐ уште не е направено. Од Општината велат дека доцнењето на реализацијата на планот за паркинзи во Тетово било како „резултат на политичките настани во последниот период и бирократските […]

Нова зонска поделба на паркиралиштата на ПОЦ, во некои зони има поскапување на цената

септември 30, 2022

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје информира дека од 1 октомври 2022 година воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, како и промени во дел од цените и надоместоците за услугите на претпријатието. „Реорганизацијата на зоните доаѓа по бројните реакции од корисниците за досегашната Зона 01, која причинуваше забуна при испраќање […]

Порталб: Општина Тетово исече дрвја за да создаде паркинг места

септември 28, 2022

Вчера, две недели по известувањето на Порталб.мк за недостигот на паркинг места и по барањето на жителите за регулирање на просторот познат како „Стара противпожарна станица“ во Тетово, започнаа градежните работи. Но, за оваа цел се исечени дрвјата, а од Општина Тетово не кажуваат дали исечените дрвја ќе бидат заменети со нови. Според планот, предвидено […]

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје само себе си се демантира

август 4, 2022

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје испрати демант на веста со наслов: „’Градски паркинг’ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места“, која што ја објави новинската агенција Мета на 1 август годинава на следниов линк: https://meta.mk/gradski-parking-lani-izdal-nad-15-000-novi-besplatni-dozvoli-za-parkiranje-a-otvoril-samo-38-parking-mesta-infografik/. Од ова скопско јавно претпријатие обвинуваат дека новинската агенција Мета намерно спинува […]

„Градски паркинг“ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места [инфографик]

август 1, 2022

Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето. Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и […]

[Фото] На Водно и викендов хаос со паркирањето, градските власти молчат

февруари 7, 2022

И викендов хаос на Средно Водно со преголемиот број на возила што непрописно се паркираат. Најголем дел од граѓаните одат на Водно со автомобили, коишто надвор од секакви правила ги паркираат на патните правци меѓу Долно и Средно Водно и меѓу Средно Водно и Нерези. Поради ова, автобусите 25, 25А и 25Б вчера едвај се […]

[Фото] Викендов на Средно Водно сообраќаен хаос, паркира кој каде ќе стигне

јануари 31, 2022

Бесплатните автобуси за викенди и празници до Средно Водно проработеа, функционален е и бесплатниот паркинг кај „Дом на печат“, но граѓаните на Водно за викенди продолжуваат да одат со автомобили. Мета.мк вчера беше на Водно и забележа хаос со паркирањето. Возила се паркираат на секоја можна слободна површина на патот меѓу Долно и Средно Водно, […]

ПОЦ нема да ја намалува цената за паркирање, недостатокот на места и сега е голем

декември 14, 2021

Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) не планира да прави корекција на постојните цени за паркирање на паркинзите со коишто стопанисуваат во центарот на Скопје. Нивното објаснување доаѓа откако новата скопска градоначалничка Данела Арсовска најави, а ЈП „Градски паркинг“ веќе се подготвува за намалување на цената за паркирање на нивните паркинзи за 25 отсто. […]

Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]

јуни 25, 2021

Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти не можат да постигнат во отворањето на дополнителни паркиралишта, кои би […]

Монтажен паркинг во Тетово-4.555 евра за едно паркинг место, жителите поднесоа жалба до институциите

април 22, 2021

Додека компанијата „Еуровија“ ги врши последните подготовки за изградба на монтажен паркинг во централниот дел на Тетово, кој се очекува да биде готов во септември годинава, десетици жители од оваа населба поднеле жалба до Влада на РСМ и други релевантни институции. Велат дека паркингот се гради незаконски и дека ќе предизвика големи здравствени штети. 4.555 […]

Страна 1 од 1