Таг: Париз
таг: Париз
Емануел Макрон застана на чело на Франција
Новиот француски претседател, Емануел Макрон, со емотивен говор по преземањето на претседателската должност во Елисејската палата вети дека на „Французите ќе им ја врати верата во животот, бидејќи Франција долго беше ослабена“, и оти сака да ја ревитализира Европската Унија.
- Франција ги избра надежите и духот на победата, а јас нема да потклекнам ниту пред едно политичко ветување. Европа,...
Куршумите на терористот не можат да ја убијат предноста на соперникот на Ле Пен
По синоќешниот напад на булеварот Шанзелизе, срцето на Париз, кој, веројатно е терористички напад, куршумите на терористот освен што убија еден полицаец и ранија двајца, можеби и ќе „ја убијат“ предноста на поранешниот министер за економија, Емануел Макрон, кој е на првата позиција на ранг-листите пред десничарката Марин ле Пен, која е втора, шпекулираат некои од светските медиуми.
Нападот во...
Вториот напаѓач од Париз ѝ се предал на белгиската полиција
Осомничен за кој трагале француските власти по пукањето во Париз, ѝ се предал на белгиската полиција, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи. Француските власти приведоа три члена од семејството на напаѓачот, кого синоќа го уби полицијата.
- Мажот за кој белгиските власти распишаа потерница се предал во полициска станица во Антверп – изјави портпаролот на француското МВР, Пјер...
Неформален состанок на Оланд, Меркел, Рахој и на Џетилони во Версај
Франција и Германија, со поддршка од Италија и од Шпанија, денеска во Версај кај Париз ќе одржат неформален самит на кој, како што е најавено, ќе се разгледа иднината на Европската Унија, која е разнишана од одлуката на Велика Британија за излегување од неа, како и поради порастот на популизмот.
Самитот го организира францускиот претседател Франсоа Оланд, а на него...
Напаѓачот кај „Лувр“ бил Египќанец, во Франција дошол на крајот на јануари
Мажот вооружен со мачета што претпладнево нападна и полесно рани војник во центарот на Париз, во близина на музејот „Лувр“, извикувајќи „Алах е голем“ (Алаху акбар), бил државјанин на Египет, а во Франција стасал на крајот на јануари, јавија светските агенции.
- Според првобитните наоди од истрагата, тој е египетски државјанин - вели извор во истрагата.
Напаѓачот тешко е повреден, но...
Напаѓачот кај „Лувр“ извикувал „Алах е голем“
Француски војник отворил оган откако негов колега бил нападнат со мачета во центарот на Париз, кај познатиот музеј „Лувр“, јавуваат светските новински агенции, додавајќи дека напаѓачот извикувал „Алаху акбар“ (Алах е голем).
Француските медиуми наведуваат дека напаѓачот е погоден во нога и во стомак, а еден од војниците е полесно повреден, како и дека дел од „Лувр“ и трговскиот центар...
Бројот на мигранти во Париз е драстично зголемен поради затворањето на Џунгла
Бројот на мигранти кои спијат на улиците на Париз е зголемен за една третина откако е отстранет мигрантскиот камп Џунгла во пристанишниот град Кале.
На булеварите и во каналите во североисточниот дел на Париз поставени се неколку стотини шатори во кои спијат мигрантите.
https://twitter.com/Telegraph/status/792025454563778560
Заменичката на градоначалникот на Париз, Коломб Бросел, изјавила дека присуството на мигранти на улиците на претстолнината не е...
Франција се помалку ја посетуваат странски туристи
Бројот на странски туристи во Франција значително се намалил во вториот квартал од годината, покажуваат најновите податоци кои ги објави француската влада. Како причина за тоа се наведуваат протестите, штрајковите и лошите временски услови.
Бројот на ноќевања на странски туристи во периодот од април до јуни се намалил за 8,5 проценти во однос на истиот период лани. Забележан е пад од 2,9...
Aнтитерористичка операција северно од Париз
Француската полиција денеска спровела антитерористичка операција во регионот северно од Париз, соопштија претставниците на полицијата и на правосудството.
Операцијата во областа Аржантој не е директно поврзана со нападот во Ница, кој беше изведен минатата недела, рекоа правосудните органи.
Медиумите јавуваат дека се извршени најмалку два претреса и оти во нив учествувале специјалните полициски сили.
Медиумите јавуваат дека во тоа подрачје е забележан...
Франција во септември ќе достави нови предлози за измени на ЕУ
Официјален Париз во септември ќе достави идеи за нов импулс за развој на Европската Унија, соопшти денеска француската влада.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ, побарал од премиерот Мануел Валс да подготви француски предлог за септемвриската средба на високо ниво на претставниците на ЕУ во Братислава.
Сепак, како што соопштија од Париз, не станува...
Франција ги забрани утрешните синдикални протести
Франција ги забрани утрешните синдикални демонстрации во Париз против реформите во законот за труд, стравувајќи од насилство како на претходните протести.
Ова е прва забрана на синдикални протести во Франција во изминатите неколку децении.
Денешната одлука е донесена затоа што седум синдикати, организатори на протести, одбија да прифатат протестот да биде статично собирање што полицијата полесно ќе може да го контролира.
Париската полиција...
Две лица уапсени за убиството на полицаецот и на неговата сопруга во Париз
Две лица се уапсени денеска во рамки на истрагата за убиството на еден полицаец и на неговата сопруга во предградието на Париз, кое француските власти го окарактеризираа како терористички напад.
Извори од полицијата изјавија дека двете лица се поврзани со Лароси Абала, кој го уби полицаецот, а потоа се забаракадира во неговата куќа, убивајќи ја и неговата сопруга.
Полицијата го ликвидираше,...
Од утре до 10 јули, Франција е домаќин на Европското првенство во фудбал
Oд утре до 10 јули, Франција ќе биде домаќин на 15. Европското првенство во фудбал. Тоа ќе биде трет континентален шампионат што ќе се игра во француската држава.
Само уште Белгија и Италија повеќе од еднаш биле организатори на ЕП.
Првпат во историјата, на едно ЕП ќе учествуваат 24 репрезентации. Тие ќе бидат поделени во шест групи:
Група А: Франција, Албанија, Романија...
Насилно раселени 2.000 мигранти од центарот на Париз
Вооружени француски полицајци насилно го раселија мигрантскиот камп во Париз, што предизвика бунт кај Авганистанците, Сиријците и кај Еритрејците во прифатниот центар.
- Ова не го очекувавме. Прво ни обезбедија шатори, па ни донесоа храна преку викендот, а сега нè бркаат – вели Теган Угомаи, 26-годишник од Судан.
Локален функционер изјави дека повеќе од 2.000 мигранти плански се распоредени во 60...
Четворица загинати при пад на француски полициски хеликоптер
Четворица припадници на француските специјални сили загинаа при уривање на хеликоптер во југозападна Франција.
Хеликоптерот удрил во карпа во близина на местото Котрет при што загинаа сите четири членови на екипажот, односно пилотот, копилотот и двајца спасувачи.
Причината за несреќата се уште не е позната.
Премиерот Мануел Валс преку „Твитер“ изрази сочуство до семејствата на загинатите.
Немири во Париз, уапсени 27 лица
Дваесет и седум лица биле уапсени, од кои 24 се задржани во притвор, откако во центарот на Париз утрово избија нови судири меѓу полицијата и група млади демонстранти кои не сакале да се разотидат.
Околу 100 демонстранти фрлале бетонски делови од калдрмата врз полицијата и палеле возила.
Плоштадот на Републиката е место на ноќни собири на демонстрантите во рамки на движењето под...
Салах Абдеслам екстрадиран во Франција
Белгиските власти го екстрадирале во Франција главниот осомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, Салах Абдеслам, јавува „Би-би-си“.
Абдеслам беше уапсен во драматична полициска акција на 18 март во Брисел, четири дена пред бомбашките напади во градот, во кој беа убиени 31 лице.
Кон крајот на март белгискиот суд донесе одлука тој да им биде испорачан на...
Уапсени 12 лица по протестите во Париз
Во судир помеѓу полицијата и антивладините демонстранти на протестот на младите наречен „Будни цела ноќ“ во Париз, уапсени се 12 лица, соопшти полицијата.
Полицијата испукала солзавец за да ја растера групата од стотина луѓе, кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу плоштадот Република, каде демонстрантите веќе три недели одржуваат протести секоја ноќ.
Во нередите што се случиле нешто по полноќ,...
Парискиот договор за климатските промени ќе го потпишат 171 држава во Њујорк
Претставници на 171 држава денеска во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе го потпишат договорот за климатските промени кој беше постигнат во декември 2015 година во Париз, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
- Ова е историски момент. Никогаш порано немало толку земји кои потпишуваат некој меѓународен договор во еден ден – изјави Ки-мун.
Францускиот претседател Франсоа Оланд...
Абдеслам тврди дека намерно не ја активирал бомбата во Париз
Главниот осомнилен за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам одлучил да не го изврши самоубиствениот напад во Париз за да ги зачува животите на другите луѓе, изјавил неговиот брат Мохамед Абдеслам за француската телевизија БФМТВ.
Тој ова го изјавил по разговорот со својот брат Салах во затворот во Белгија, каде првоосомничениот за нападите ја чека екстрадицијата во Франција.
„Ќе имаше многу...