fbpx
Таг: отпад

таг: отпад

Првата тура на опасен отпад од ОХИС пристигна во Базел

Според податоците добиени од „Екоцентар 97“ на 14 јануари се направи првиот извоз на отпадни хемикалии согласно проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД ОХИС Скопје во стечај, при што вкупно се извезени 88 буриња, од кои 84 буриња беа полни со отпаден метанол, додека пак 4 буриња беа полни со акрилонитрил, информираат од Министерство...

Винил хлоридот од ОХИС е опасен колку 100 тони експлозив, предупредија поранешни вработени

Високи количества на опасни хемикалии, меѓу кои винил хлорид и жива и ден денес небезбедно се депонирани на простор на некогашната фабрика ОХИС, а нашите предупредувања до надлежните државни органи, како и до Општина Кисела Вода, никој не ги слуша. Ова на присутните на средбата со граѓаните, советниците на Општината и градоначалникот Филип Темелковски, како и пред стечајниот управник...

Уште има шанси да биде донесена забраната за увоз на отпад

Најавени на дневниот ред, а потоа прескокнати, предлог-измените на Законот за управување со отпад предложени од ДОМ за забрана за увоз на отпад како енергенс во средата не беа разгледувани на пленарната седница. „На двете собраниски комисии предлогот помина без забелешки, но кога дојде на дневен ред точката, претседателот ја прескокна и ни беше кажано дека причината е што на...

Повеќе извезуваме отколку што увезуваме отпад

Македонските компании одамна увезуваат и извезуваат отпад кој главно се користи како „гориво“ и суровина во производни процеси во различни дејности, а пред се металната и хемиската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика за трговската размена, нашата земја во периодот  2013-2017 година повеќе извезувала отколку што увезувала отпад. Одделот „услуги за собирање, обработка и отстранување отпад, рециклирање на...

О2 апелира до пратениците: Забранете увоз и горење отпад, спасете не од отровот

Вие сте гласот на народот, затоа апелираме да ја изгласате предлог-измената на Законот за управување со отпад со кој ќе се забрани увозот на отпад кој се согорува во нашата земја, им се обратија денес со апел на пратениците во македонскиот Парламент од граѓанската иницијтива О2 по повод денешната седница во Собрание на чијшто дневен ред е Предлог-измената на...

Градот му ја чисти депонијата под Кале на новиот сопственик

Откако пред повеќе од еден месец беше извршена дислокација на лицата сместении во дивата населба под Кале, каде имаше чести инциденти на палење кабли и друг вид на отпад, Град Скопје започна со расчистување на просторот со градежна механизација. Денес на тоа место работеа неколку кипери и еден багер, кој го утоваруваше сметот. „Веќе втор ден ја расчистуваме локацијава со...

Охрид доби Интегриран катастар на загадувачи на животната средина

Охрид доби „Интегриран катастар на загадувачи на животната средина“ со кој ce опфатени загадувачите на воздухот, водата, почвата и отпадот во оваа општина. Информацијата за изработката на овој стратешки документ, беше усвоена од страна на Советот на Oпштина Охрид на 37. седница, информираат од охридската локална самоуправа. Изработката на Интерираниот катастар на загадувачи е со цел да се добие основна...

Секој граѓанин дневно произведува 1,1 килограм отпад (инфографик)

Од 2011 година официјалните мерења покажуваат постојан тренд на зголемување на отпадот во земјава. Само за четири години комуналниот отпад е зголемен за 90.000 тони. Најголем “произведувач“ на отпад е Скопскиот регион, а најмало количество на создаден комунален отпад има во Југоисточниот регион, пишува во неделната анализа на „Порталб“. Најновото истражување на Заводот за статистика посветено на состојбите со...

Владата вети пари за еколошко греење во неколку објекти во Куманово

На 171. седница што вчера се одржа во Куманово, владата вети средства за замена на постоечките системи за затоплување во една градинка, едно училиште и во Центарот за култура во Куманово, а истовремено и за пристапен пат за претоварната станица за ѓубре во Ранковце. Како што сопштија од владиниот сектор за информирање, на третата од вкупно 10 планирани седници што...

Се подготвува национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за формулирање на стратегија за намалување на загубите и отпадот од храна во Македонија. Честопати државата е ставена на листата на рекордери во загуби на храна и отпад, а истовремено се соочува со проблем да обезбеди доволно храна за ранливите социјални категории. Бројките покажуваат дека 460.000...

Државната администрација на 14 декември ќе се приклучи на акцијата за чистење ѓубре

Над 40.000 вработени во македонската државна администрација на 14 декември ќе се приклучат на масовната акција за чистење ѓубре во главниот град и ширум државата. Административците ќе ги чистат јавните површини во периодот од 9 до 12 часот. Здравствените работници, наставниците и негувателите во градинките ќе го чистат кругот на јавните установи каде што се вработени, информираше министерот за...

Во Охрид поставени информативни табли за забрането фрлање отпад

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад. Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се 60 информативни табли на локации, црни точки кои во многу...

Запалени осум контејнери во една ноќ на две различни локации

Во текот на изминатата ноќ непознати сторители запалиле осум контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите Ѓорче Петров и во Ново Лисиче, со што е предизвикана голема материјална штета, а од огнот се оштетени и две возила кои биле паркирани во близина на опожарените садови за отпад, информираат од Град Скопје. „Според информациите од ЈП „Комунална хигиена“, два...

Објавен тендерот за чистење на токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тендерот е објавен на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк. Од МЕД наведуваат дека проектната Канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во...

Инспекторка вели дека на дивата депонија кај Шутка не треба да се фрла ниту шут

На депонијата во Шуто Оризари не смее да се одлага ниту ѓубре ниту шут, категорично вели општинската инспекторка Анета Манчевска, отфрлајќи ги тврдењата на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, пишува „Порталб“. -Не, не е вистина дека смее да се остава таму. Донесовме заклучок да не се фрла ѓубре ниту шут. Местото треба целосно да се исчисти - вели Манчевска. Нејзината...

Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на големата акција на чистење на општините

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските...

Отпадот во стариот дел на Охрид и оваа сезона е проблем за градските власти

Проблемите со депонирањето на комунален отпад во старото охридско јадро, сред туристичка сезона продолжуваат. Од Сараиште па се до малиот паркинг-простор пред црквата Св. Јован Канео, може да се забележи грда слика со оставен комунален отпад. Иако првиот човек на ЈП „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски информира дека комуналниот отпад се собира буквално секое утро од екипите на претпријатието, сликата на...

Дивата депонија кај Шутка: Едни ја чистат, други ја полнат, трети ја палат – а сите се гушат

На просторот од 170.000 квадратни метри, кој се наоѓа на 5 километри од Скопје започна чистењето на досега исфрленото ѓубре, но за жал, паралелно продолжува и фрлањето отпад. Просторот за кој зборуваме е дивата депонија над населбата Шуто Оризари и селото Визбегово, која постојанo или самата се запалува или некој ја пали, а е опкружена со ниви засадени со...

Депонијата кај ромската населба во Тетово „расте“, од општината велат дека ја чистат

Сè уште не е расчистена дивата депонија кај ромската населба во Тетово, која со година е ѓубриште. Од Општина Тетово велат дека депонијата ја чистат, но дека повторно се загадува од Ромите кои работат со отпад, пренесува „Порталб“. Жителите од оваа населба се жалат бидејќи од депонијата се шири многу лоша миризба и постои ризик од ширење на некоја болест....

Вкупно 200.000 тони отпад што може да се рециклира завршува на депониите

Во земјава во текот на една година се создаваат 700.000 тони отпад, од кои 10 отсто завршува во скопската депонија „Дрисла“. Од вкупниот отпад што се фрла, околу 200.000 тони се материјал што може да се рециклира, а вака фрлен на депонии и диви депонии, ќе бидат потребни до 6.000 години за да се распадне, велат податоците од трите...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...