недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: отпад | 194 резултати

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра

јули 10, 2023

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или ќе се соочи со санкција до 98.000 евра. Државниот инспекторат за животна средина вчера и денеска правеше вонредна контрола во скопското јавно комунално претпријатие по случувањата со протестот на вработените што резултураше со преполнување на контејнертите и затрупување на градот со отпад. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски […]

Во акциска контрола утврдени неправилности во четири отпади

јуни 12, 2023

Полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, заедно со инспектори од Државен инспекторат за труд, УЈП и Министерството за животна средина спровеле акциска контрола во фирми кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. Од МВР соопштуваат дека во Битола биле контролирани три отпади, од кои во два биле […]

Светски ден на животната средина: Половината од произведената пластика е за еднократна употреба

јуни 5, 2023

Под мотото „Време е да го победиме загадувањето од пластиката“ (It is time to #BeatPlasticPollution), денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина. Годинава, фокусот е ставен на отпадот, особено пластиката, како потсетник дека активностите на луѓето за намалување на загадувањето на природата се важни, како и дека транзиција кон кружна економија и чекорите што […]

„Генералка викенд“: Волонтери ја чистат депонијата кај Јажинце

мај 12, 2023

„Отпадот што нè окружува е наш производ. Ние луѓето сме го создале и сме го оставиле зад нас. Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата, да се вклучиме во најголемата волонтерска акција „Генералка викенд“ и собирајќи го отпадот да и го вратиме сјајот на природата“, рече министерката за животна средина и просторни […]

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе за регионалната депонија за отпад

април 9, 2023

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Одлуката на Министерството следува откако Општината и градоначалникот не ја прифатија предвидената локација на која треба да се изгради регионалната депонија. Живка Михајлова […]

Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан

март 17, 2023

Во текот на последните неколку дена, тимовите на ЈП Комунална хигиена-Скопје исчистија приближно 25 кубни метри отпад од Капан Ан во Старата скопска чаршија. Според изјавата на в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, вработените излегле на терен по пријава од граѓаните, кои се пожалиле дека голема количина отпад го пречи движењето на луѓето […]

Еко-свест: Аерозагадувањето зависи од нас, да не се горат несоодветни материјали при затоплување

февруари 22, 2023

Греењето на домаќинствата е најголемиот извор на загадување на воздухот, а повеќе истражувања спроведени за квалитетот на воздухот од последнава декада од институции како што се: МЖССП, УНДП, Град Скопје и научни студии, покажуваат дека загревањето на домаќинствата е најголемиот извор на цврсти честички, велат од „Еко-свест“. Овие истражувања покажуваат дека кулминацијата на високо загадување, […]

Утре на Школка се организира прв саем на социјални претпријатија кои нудат еко услуги/производи

септември 30, 2022

Утре од 11 до 16 часот на Школка во Градски парк во Скопје ќе се одржи првиот саем за социјални претпријатија кои нудат услуги и/или производи за намалување, реупотреба, селектирање и рециклирање отпад во организација на Биди Зелен  Bëhu i gjelbër – REduce, REuse, REcycle. „Потребата за организирање на ваков тип на настани е исклучително […]

Собрани 200 килограми отпад од поранешниот сообраќаен полигон под Кале

септември 21, 2022

Во еколошка акција организирана од „BIOTHERM Water Lovers“ на поранешниот сообраќаен полигон под Кале во Скопје, 20-тина учесници собрале 200 килограми отпад. Акцијата на програмата BBiotherm Вљубеници во Водата (Biotherm Water Lovers) е посветена на филозофијата „Сина убавина“ чија цел е да ја подобри иднината на океаните, морињата и сите водни екосистеми, почнувајќи уште од […]

„Суперцрв“ што јаде пластика може да помогне во решавањето на глобалната криза со отпадот

јуни 20, 2022

Научниците ширум светот се обидуваат да пронајдат бактерии и инсекти кои јадат ѓубре, а црв што јаде стиропор е нивното најново откритие, пренесува „Вашингтон Пост“. Во труд објавен во списанието „Microbial Genomics“, научници од Универзитетот во Квинсленд, Австралија покажале дека ларвите на инсектот наречен „zophobas morio“ можат да преживеат само на полистирен, познат и како […]

Основци селектираа и реупотребуваа отпад

јуни 1, 2022

Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Министерството за култура организираше работилници за заштита на животната средина и соларна проекција на филм во Скопје и Гостивар, кои ги проследија над 100 основци. Во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, завчера беше организирана работилница […]

„АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“

јуни 1, 2022

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ 2022 кој се одржа во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. Жири комисијата на натпреварот во категорија ембрионски идеи ги избра идеите „Пели“ на Јана Ангеловска и „Од загадувач до разубавувач“ на Гоце Стевановски, а во категорија зелени концепти победничка е идејата „Инсект […]

Порталб: Двата парка кај автобуската станица во Тетово без редовно одржување (фото)

мај 26, 2022

Општинските власти не ги одржуваат редовно Жена паркот и Скејтпаркот во Тетово. Тревата во двата парка не е искосена веќе извесно време, но има и отпадоци. Од јавното комунално претпријатие „Тетово“ велат дека ќе интервенираат во наредните денови, пишува Порталб.мк. Иако ова се единствените зелени површини во Тетово, од фотографиите што ги направија новинарите на […]

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“, 8.000 волонтери собраа 185 тони отпад

мај 16, 2022

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“ која се одржа од 6 до 8 Мај во 26 општини во земјава, учествуваа речиси 8.000 волонтери и се собраа 185 тони отпад. Тоа е за осум пати повеќе собран отпад од минатата година, или околу 25 килограми за секој  волонтер. „Генералка викенд“ е планирано да се повторува секоја […]

Маричиќ: Управувањето со органски отпад го реализираме преку ИПА проекти, а со тоа ги постигнуваме и целите на Залениот договор

мај 15, 2022

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во серијалот ИПА проекти и искористувањето на европските средства, денес на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека Европската Унија дава финансиска поддршка за управување со органски отпад, бидејќи е важно прашање за заштита животната средина и е една од најсложените области во однос […]

Нуркачи од земјава и странство чистеа отпад на три локации во Охридско езеро

април 30, 2022

На три локации во Охрид, во авто кампот „Градиште“, кај Музејот на вода и кај градското пристаниште, денеска се одржа меѓународната еколошката акција за чистење на Охридското езеро, „Охрид еко 2022“. Отпадот од дното на Охридското езеро, во организација на нуркачкиот центар Амфора“, го чистеа околу 80 нуркачи од земјава и странство. Настанот го поддржа […]

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

април 29, 2022

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според […]

Започна чистењето на дива депонија во Шуто Оризари, друга повторно се создава кај железничкиот мост во Лисиче

март 28, 2022

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд започна активности за отстранување голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари, во непосредна близина на спортската сала, информираат од ова јавно претпријатие. „Во координација со Градот Скопје и општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започнаа со отстранување на исклучително обемна дива депонија […]

Еден месец по појавата на дива депонија со градежен шут во Тетово, градските власти уште трагаат по решение

март 25, 2022

Кон крајот на минатиот месец на локацијата кај стариот стадион во Тетово се појави нова дива депонија на инертен отпад, смет и други отпадоци од што се шири непријатна реа и дополнително се загадува воздухот и околината во Тетово. Справувањето со градежниот шут се врши на начин на кој создавачот на отпадот треба самиот да […]

Истражување за првпат откри присуство на микропластика во човечка крв

март 24, 2022

Ново истражување објавено во научното списание Environment International за првпат открива дека загадување со микропластика е откриено во човечка крв, објавува весникот Гардијан. Научниците откриле ситни честички кај 80 отсто од тестираните лица во истражувањето, додавајќи дека микропластиката може да патува низ телото и да се смести во човечки органи. Сепак, како честичките микропластика влијаат […]

Страна 3 од 10