fbpx
Таг: отпад

таг: отпад

Собрани 200 килограми отпад од поранешниот сообраќаен полигон под Кале

Во еколошка акција организирана од „BIOTHERM Water Lovers“ на поранешниот сообраќаен полигон под Кале во Скопје, 20-тина учесници собрале 200 килограми отпад. Акцијата на програмата BBiotherm Вљубеници во Водата (Biotherm Water Lovers) е посветена на филозофијата „Сина убавина“ чија цел е да ја подобри иднината на океаните, морињата и сите водни екосистеми, почнувајќи уште од 2012 година. Во акцијата учествуваа и...

„Суперцрв“ што јаде пластика може да помогне во решавањето на глобалната криза со отпадот

Научниците ширум светот се обидуваат да пронајдат бактерии и инсекти кои јадат ѓубре, а црв што јаде стиропор е нивното најново откритие, пренесува „Вашингтон Пост“. Во труд објавен во списанието „Microbial Genomics“, научници од Универзитетот во Квинсленд, Австралија покажале дека ларвите на инсектот наречен „zophobas morio“ можат да преживеат само на полистирен, познат и како стиропор. Оваа ларва со големина...

Основци селектираа и реупотребуваа отпад

Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Министерството за култура организираше работилници за заштита на животната средина и соларна проекција на филм во Скопје и Гостивар, кои ги проследија над 100 основци. Во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, завчера беше организирана работилница за намалување, реупотреба и...

„АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ 2022 кој се одржа во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. Жири комисијата на натпреварот во категорија ембрионски идеи ги избра идеите „Пели“ на Јана Ангеловска и „Од загадувач до разубавувач“ на Гоце Стевановски, а во категорија зелени концепти победничка е идејата „Инсект пилот соба“ на Александар Каравилоски...

Порталб: Двата парка кај автобуската станица во Тетово без редовно одржување (фото)

Општинските власти не ги одржуваат редовно Жена паркот и Скејтпаркот во Тетово. Тревата во двата парка не е искосена веќе извесно време, но има и отпадоци. Од јавното комунално претпријатие „Тетово“ велат дека ќе интервенираат во наредните денови, пишува Порталб.мк. Иако ова се единствените зелени површини во Тетово, од фотографиите што ги направија новинарите на Порталб се гледа дека не...

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“, 8.000 волонтери собраа 185 тони отпад

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“ која се одржа од 6 до 8 Мај во 26 општини во земјава, учествуваа речиси 8.000 волонтери и се собраа 185 тони отпад. Тоа е за осум пати повеќе собран отпад од минатата година, или околу 25 килограми за секој  волонтер. „Генералка викенд“ е планирано да се повторува секоја година сѐ до 2031,...

Маричиќ: Управувањето со органски отпад го реализираме преку ИПА проекти, а со тоа ги постигнуваме и целите на Залениот договор

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во серијалот ИПА проекти и искористувањето на европските средства, денес на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека Европската Унија дава финансиска поддршка за управување со органски отпад, бидејќи е важно прашање за заштита животната средина и е една од најсложените области во однос усогласување со регулативите на...

Нуркачи од земјава и странство чистеа отпад на три локации во Охридско езеро

На три локации во Охрид, во авто кампот „Градиште“, кај Музејот на вода и кај градското пристаниште, денеска се одржа меѓународната еколошката акција за чистење на Охридското езеро, „Охрид еко 2022“. Отпадот од дното на Охридското езеро, во организација на нуркачкиот центар Амфора“, го чистеа околу 80 нуркачи од земјава и странство. Настанот го поддржа Општина Охрид, а градоначалникот...

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според податоците на Државниот завод за...

Започна чистењето на дива депонија во Шуто Оризари, друга повторно се создава кај железничкиот мост во Лисиче

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд започна активности за отстранување голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари, во непосредна близина на спортската сала, информираат од ова јавно претпријатие. „Во координација со Градот Скопје и општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започнаа со отстранување на исклучително обемна дива депонија лоцирана во оваа скопска општина....

Еден месец по појавата на дива депонија со градежен шут во Тетово, градските власти уште трагаат по решение

Кон крајот на минатиот месец на локацијата кај стариот стадион во Тетово се појави нова дива депонија на инертен отпад, смет и други отпадоци од што се шири непријатна реа и дополнително се загадува воздухот и околината во Тетово. Справувањето со градежниот шут се врши на начин на кој создавачот на отпадот треба самиот да го транспортира до специјално одредени...

Истражување за првпат откри присуство на микропластика во човечка крв

Ново истражување објавено во научното списание Environment International за првпат открива дека загадување со микропластика е откриено во човечка крв, објавува весникот Гардијан. Научниците откриле ситни честички кај 80 отсто од тестираните лица во истражувањето, додавајќи дека микропластиката може да патува низ телото и да се смести во човечки органи. Сепак, како честичките микропластика влијаат врз човечкото здравје е прашање...

Младите бараат повеќе да се зборува за отпадот и неговото влијание врз животната средина

„Треба да излеземе од удобната зона, да бидеме креативни како да создаваме помалку отпад и да размислуваме што ѝ правиме на нашата животна околина со секое наше однесување. Сакаме повеќе да се обрнува внимание на екологијата во образовниот процес, преку реални проекти и практики, а не само теоретски“, велат гимназијалци од „Панче Арсовски“ од Скопје, кои учествуваа на дебатата...

„Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта“ – голема акција за чистење на отпадот

Голема акција за чистење на повеќе локации на Скопска Црна Гора се планира за в недела. Во 16-тата епизода на Шорткат Мета.мк објави дека иако на Скопска Црна Гора имало обиди да се спречи создавањето на депониите и има ископани канали што би спречиле дури и поголеми возила да истовараат отпад, забележливо е дека има многу граѓани кои не се...

Вистиномер: Полошките општини започнаа да го носат комуналниот смет во депонијата Русино

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ за ветување на тетовскиот градоначалник Биљал Касами:   Ветување – Оптимални услови веќе се создадени за депонирање на отпад во Русино. Имаше административни проблеми во делот на општините, кои треба да платат побарувања кон претпријатието. Ние најдовме законска можност иако имаме блокирана сметка да ја платиме обврската. Се надеваме дека за една недела ќе...

Комунална хигиена лани селектирала само 0,32 отсто од вкупниот отпад собран во Скопје

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје во 2021 година успеало да селектира и балира 538,8 тони отпад, а вкупното количество на собран комунален отпад е 166.678 тони. Ова значи дека тие успеале да селектираат скромни 0,32 отсто од собраното ѓубре од контејнерите, додека преостанатите количества завршиле на скопската депонија „Дрисла“. Како што информираат за Мета.мк од ЈП „Комунална хигиена“, во нивните...

За еден месец собрани 235.000 евра од продажба на кеси, ќе се инвестираат во еколошки проекти

За само еден месец, во декември минатата година, се собрале над 14 милиони денари или околу 235.000 евра од продажбата на пластични кеси. Тие ќе бидат наменети за еколошки проекти, а Министерството за животна средина наскоро ќе направи Програма со првите приоритети за инвестирање, информираше денеска министерот Насер Нуредини. Откако пред речиси два месеци стапи на сила забраната за пластичните...

Порталб: Искористувањето на отпадот не е „утопија“, само треба да се препознае неговата вредност

Чистите градови во Северна Македонија едноставно изгледа дека се „утопија“, а искористувањето на придобивките од отпадот, научна фантастика. Сепак, експертите од оваа област сметаат дека тоа е можно, пишува Порталб.мк. Правилното управување со отпадот е дел од обврските што нашата земја мора да ги исполни во рамки на Поглавјето 27 за животната средина, како предуслов да стане полноправна членка на...

Иновативна еко-мисија за борба против загадувањето: „Креативноста е наше најмоќно оружје против отпадот“

И покрај тоа што има повеќе иницијативи кои ја поттикнуваат граѓанската свест за рециклирање на отпад, сепак, поразителен е фактот дека најголем дел од македонските граѓани сè уште недоволно го селектираат отпадот што секојдневно го исфрлаат од своите домови, па така селектираната пластика изнесува само 1,8 отсто а останатиот дел често завршува во реките и планините. За среќа постојат...

Нова епизода на „Шорткат“: Како се изработува накит од отпадна пластика

Приказната на Елена Арсовска за изработка на накит од отпадна пластика, усвоеното барање од Град Скопје на студентите за целодневно работење на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, поднесеното барање од студентите до ЈСП-Скопје за продолжување на важноста на бесплатните билети до февруари се само дел од прилозите што ги донесува најновата епизода на емисијата „Шорткат“, која што ќе се емитува...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...