fbpx
Таг: осомничени

таг: осомничени

Обвинителство: Сослушувањето на кумановската група е во финална фаза

Сослушувањето на осомничените од кумановските настани од 9 мај годинава, е во финална фаза, а неколкумина од нив треба да бидат сослушани од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција во текот на оваа недела, соопштија за „Мета“ од Јавното обвинителство. Од Обвинителството велат дека по комплетирањето на доказите, тие ќе им бидат дадени на...

Деветмина приведени во акцијата „Ќелија“ на МВР, се трага по уште 27

Деветмина приведени, триесетина претреси и вкупно 36 осомничени е резулатот од финалето на акцијата на Министерството за внатрешни работи со оперативно име „Ќелија“, која утринaва беше спроведена за откривање лица кои директно биле дел или врбувале македонски државајни за учество во паравоени организации на боиштата во Сирија и на Блискиот Исток. Како што соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни...

Нападнат полицаец во обид да спречи тепачка

Полициски службеник ноќеска бил нападнат додека со свој колега се обидувал да спречи тепачка меѓу две групи во Штип, соопшти полицијата. Инцидентот се случил околу 1.30 часот на улицата Кирил и Методиј, каде двајцата полицајци забележале како поголема група сака физички да се пресмета. Во обид да ја спречат тепачката, едниот од полицајците бил физички нападнат од М.Д. (56), неговиот син...

Откриена мини-плантажа со марихуана во Радовишко

Мала плантажа, на простор од околу 50 квадратни метри, засадена со стебла канабис сатива (марихуана) била откриена од екипи на радовишката полиција, во близина на патот кој води од селото Бучим кон селото Кошево, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, стеблата се наоѓале покрај „нискостеблеста шума во ограден простор заштитени со плетена метална мрежа и покриени со...

Двајца прилепчани запалиле возило на ресенчанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи на ресенската полиција поднела кривична пријава против двајца прилепчани, осомничени дека во неделата, на 2 август, запалиле автомобил на жител на Ресен, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според пријавата, прилепчаните М.С. (20) и Д.Д. (26) се товарат за кривичното дело предизвикување општа опасност. Како што информираат од МВР, осомничените го запалиле автомобилот, марка „форд ескорт“,...

Дел од осомничените за случувањата во Куманово, одбиле да дадат исказ

Шестмина од осомничените за случувањата во Куманово кои се наоѓаат во притвор во Шутка, денеска пред јавниот обвинител одбиле да дадат исказ, пишува „24 Вести“. Осомничените не сакале да проговорат бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството и на тој начин се прекршува постапката, тврди нивниот адвокат Насер Рауфи . Одбраната и досега реагираше зошто толку е...

Притвор за осомничените за убиството на командант Шкипоња

Двајцата осомничени за убиството на Џемаил Реџепи, познат како командант Шкипоња, денеска добија 30 дена притвор. Кај осомничените било пронајдено и оружјето со кое го извршиле убиството. Од Јавното обвинителство информираа дека бил извршен увид на местото на убиството и дека ќе се врши обдукција на убиениот и вештачење на оружјето и на видеозаписите на кои е снимено убиството. Убиството на...

Штипската полиција сомничи шестмина за тешки кражби

Штипската полиција ќе поднесе пријави против шест лица, на возраст од 17 до 40 години, поради сомневање за сторени повеќе кражби и тешки кражби. Според полициските информации, дел од осомничените се товарат дека краделе нафта од автобуси и од камиони, а неколкумина од нив се осомничени дека од стан и од куќа украле мобилни телефони, катализатор за автомобил и пари. Еден...

Тетовска фирма се обидела да прошверцува автобус на преминот Ќафасан

Четворица тетовчани се осомничени дека се обиделе нелегално да внесат цел автобус преку граничниот премин Ќафасан, во близина на Струга, на македонско-албанската граница. Царинската управа поднела кривична пријава против една фирма и три физички лица, сите македонски државјани, поради обид за нелегално внесување во државата на автобус марка „ман“, со проценета вредност од околу 824.000 денари или околу 13.400 евра. Еден...

Полицијата осомничи деветмина за шверц на мигранти

Во изминатите неколку дена, полицијата во седум одвоени случаи открила деветмина македонски државјани, осомничени за шверц на илегални мигранти, соопшти МВР. Против сите деветмина биле поднесени кривични пријави за илегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка на седум од нив им одредил мерка притвор од осум, односно 30 дена. При реализацијата на случаите, полицијата затекнала вкупно 43 илегални мигранти, од...

Уапсени уште двајца осомничени за убиството на Борис Немцов

Руската полиција уапсила уште две лица осомничени за убиството на Борис Немцов. Двајцата се уапсени во Ингушетија, но се од Чеченија. Еден од нив е помал брат на Анзор Губашев, кој беше приведен заедно со Заур Дадајев. Дадајев и Губашев не се во базата на податоци за пронаоѓање од органите на редот и не се регистрирани за вршење какви и да е прекршувања...

Жители на Горно Јаболчиште купувале бензин со фалсификувани денари

Велешката полиција поднела кривична пријава против Р.З. (37) и Џ.З. (41) од селото Горно Јаболчиште, осомничени за фалсификување пари, соопшти полицијата. Според информациите оттаму, осомничените на почетокот на септември минатата година, на бензинска станица платиле со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Вработените на бензинската го пријавиле случајот во полиција, чии екипи ги пронашле осомничените и при преглед над нив и на возилото...

Разбојници нападнале и ограбиле кочанец

Дваесет и шестгодишен кочанец вчера пријавил дека бил ограбен од двајца разбојници во угостителски објект во градот, инфомираат од полицијата. Според пријавата на Љ.Л., тој бил нападнат од две непознати лица кои му зеле 28.000 денари. Кочанската полиција, по преземените мерки, ги привела А.С. (21) и Б.З. (40), кои се осомничени за разбојништвото и по целосното документирање на случајот, против нив...

Триесет дена притвор за новите двајца осомничени во „Пуч“

Судија на претходна постапка им одреди триесет дена притвор на 52-годишниот Ѓ.Л., вработен во Министерството за внатрешни работи, и на З.К. (49), поранешен полициски службеник, кој добил отказ во 2013 година, а кои вчера беа уапсени во рамките на случајот „Пуч“. Како што вчера информираа од МВР, двајцата осомничени биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности...

Млади кумановци осомничени за разбојништво

Шест момчиња од Куманово, од кои едно е малолентик, се осомничени дека на почетокот на овој месец ограбиле странски државјанин на улица во градот. Како што информираат од МВР, против осомничените, кои се на возраст од 17 до 21 година, била поднесена пријава за разбојништво. Според полицијата, осомничените на 5 јануари, на улицата Доне Божинов, со употреба на физичка сила извршиле...

Тројца осомничени за кражби во цркви во Источна Македонија

Секторот за внатрешни работи Штип ги открил сторителите на тешките кражби што изминативе неколку месеци се случија во цркви во Виничко, Кочанско и на територијата на Општина Македонска Каменица, информираат од МВР. Станува збор за 14 тешки кражби и за три обиди за тешка кражба, кои се случиле во периодот од 13 октомври 2014 година до 20 јануари 2015 година. Според полицијата,...

Уапсени петмина дилери на дрога и запленети 100 грама хероин

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, викендов, во рамките на акцијата „Мрежа“, разбил канал за трговија со хероин, соопшти МВР. Во полициската акција биле уапсени пет, од вкупно шестмина осомничени и биле запленети околу 100 грама хероин. Од уапсените, четворица се скопјани, еден е гостиварец, а осомничениот кој не им е достапен на органите за прогон е турски...

Полицијата запленила 1,5 килограм хероин

Скопската полиција поднела кривична пријава против две лица осомничени за трговија со дрога и запленила околу 1,5 килограм хероин, информираат од МВР. Според полициските информации, станува збор за А.М. (31) и И.Н. (21), двајцата од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија...

Мнозинството Американци ја оправдуваат тортурата на ЦИА

Мнозинството граѓани на САД, односо 51 отсто од нив, го сметаат оправдано користењето тортура во текот на сослушувањето на осомничените за тероризам, додека 29 отсто не ги оправдуваат методите што ги користела Централната разузнавачка агенција(ЦИА), се наведува во извештајот што синоќа го соопшти Центарот за истражување „Пју“. Околу 56 отсто од американските граѓани сметаат дека употребата на тортура довела до откривање...

30 дена притвор за десетмина од уапсените во акцијата „Чекан“

Судија на предходна постапка им одреди триесетдневен притвор на десетмина од уапсените во вчерашната акција на МВР под оперативно име „Чекан“, информираат од Основниот суд Скопје 1. Четворица од осомничените, меѓу кои и организаторот на групата, се недостапни за органите на прогонот. Осомничените членови на криминалната група се товарат за злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...