fbpx
Таг: осомничени

таг: осомничени

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Кривичен суд: Доказите од кодираното уесбе, СЈО ги достави како фотокопии

Специјалното јавно обвинителство доцна попладнево, пред завршување на работното време, ги доставило до судот во форма на фотокопија доказите за определување мерки за претпазливост против четири лица, информираат од Основен суд Скопје 1. Оттаму велат дека предлозите биле доставени, откако во текот на денешниот ден како суд ја информирале јавноста дека СЈО доставило докази на кодиран мемориски стик кој не можел...

СЈО денеска поднело два обвинителни предлози

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело два обвинителни предлози, пишува во најновиот извештај на СЈО, кој обвинителите денеска ќе го презентираат пред новинарите и за кој постои голем интерес. Истиот извештај СЈО денеска треба да го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители. Во извештајот не се кажува кои се предметите за кои Обвинителството...

ЛДП: Осомничените во „Еразмус“ не смеат да работат, а Талески може да потпишува од притвор

Македонското правосудство продолжува со апсурдните и двојни аршини, обвини денеска Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата реагираат на барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција до Кривичниот суд да им биде изречена забрана за работа на професорите и на асистентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, осомничени во случајот „Еразмус“. „Обвинителството за спречување организиран криминал, бара од...

Две лица загинаа при експлозија на бомба во Котор

Две лица загинаа во експлозија на бомба во населбата Муо во Котор, Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми. Како што пишуваат медиумите, во експлозијата загинале двајца жители на Котор. Агенцијата „Танјуг“ јавува дека експлозивната направа била фрлена околу 16.30 часот, пред една од куќите. Според агенцијата, блокирани се сите улици во населбата, а во тек е потрага по осомничени лица.

Уапсени пет членови на нарко-банда во акцијата „Брана“ на МВР

Министерството за внатрешни работи во криминалистичка истрага под кодното име „Брана“ разбила повеќечлена криминална група која од јули минатата година до јуни годинава продавала марихуана, кокаин и екстази во земјава. Како што соопшти денеска МВР, тројца од осомничените биле идентификувани како организатори на групата, а двајца дејствувале како посредници. Полицијата извршила претреси во нивните домови, каде, како што информираат оттаму, биле...

СЈО: Треба да ни се продолжи рокот од 18 месеци оти е нереален за целосни и објективни истраги

Специјалното јавно обвинителство очекува од релевантните институции, односно од Собранието, да ја воочат потребата од промена на Законот за СЈО и да го продолжат рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, велат за „Мета“ од СЈО. Според нив, рокот од 18 месеци не соодветствува со реалните можности за целосно и објективно истражување на сите...

Неделава нема распити во СЈО, од понеделник пак серија со „значајни личности“

До крајот на оваа работна недела во Специјалното јавно обвинителство нема да има распити на лица, кои изминатиов период беа повикувани било во својство на сведоци, било како осомничени, а „зголемената фреквенција“ на луѓе ќе продолжи од понеделник следната недела, кога, како што дознаваме, се очекуваат „значајни личности“ во СЈО. Ова денеска го потврди и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на...

Превозниците ги проширија линиите, а СЈО истрагата зa „Транспортер“ (2)

Нелогичностите со фирми што вршат превоз во општина Битола и понатаму се главен сомнеж за корупција. Како што вчера објави „Мета“, (Првиот дел  од новинарското истражување за случајот „Транспортер“ прочитајте го тука). Специјалното јавно обвинителство има нови докази во случајот со превоз на ученици, „Транспортер“, во кој првоосомничен е градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески. Според информациите до кои дојдовме, СЈО има испратено...

Две лица осомничени за сообраќајната несреќа кај Удово

Основното јавно обвинителство – Гевгелија почна постапка против две лица осомничени за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Удово. На 46-годишниот Д.С. од Србија определени му се осум дена притвор, а за 60-годишниот Ѓ.В. предложени се други мерки за претпазливост. „Надлежниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување притвор во траење од осум дена за 46-годишниот Д.С.,...

30 дена притвор за осуммина осомничени во акцијата „Којот“

Кривичниот суд им одредил 30 дена притвор на осуммина осомничени во акцијата „Којот“, додека на едно лице му се одредени мерки на претпазливост, односно повремено да се јавува пред надлежен орган, соопшти Јавното обвинителство. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води акцијата, отвори истражна постапка против 16 лица, осомничени во случајот, а за деветмина од нив побара...

По акцијата „Којот“, побаран притвор за девет лица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје во предметот „Којот“ донесе наредба со која се спроведува истражна постапка против 16 лица поради основан сомнеж дека организирале група и поттикнувале трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти, неовластено производувале и пуштале во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработувале, држеле и...

Во акцијата „Којот“ осомничени и полицајци од СВР Велес

Во акцијата „Којот“, што утрово ја спроведоа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, била разбиена криминална група, од која дел биле полицајци вработени во СВР Велес. Членови на групата се товарат за злосторничко здружување, разбојништва, трговија со дрога и за криумчарење мигранти. Според МВР, во акцијата се осомничени вкупно...

Обвинителството и МВР утринава ја спроведуваат акцијата „Којот“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран кримининал и корупција заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, од одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, утрово спроведува голема акција, под кодно име „Којот“. Во акцијата, како што информираат од Обвинителството, се гони организирана криминална група, чии членови се товарат за подготвување и за извршување на повеќе кривични дела, односно трговија...

Битолските фармери Илиевски и Неделковски повикани на распит во ОЈО Скопје

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според поканите што им биле доставени, биле осомничени за учество во толпа и за спречување на...

Одреден 30-дневен притвор на двајца осомничени во акцијата „Лотос“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против четворица осомничени од вчерашната акција на МВР, со кодно име „Лотос“, кои се товарат за недозволена трговија со дрога, соопшти денеска Јавното обвинителство. На предлог на Обвинителството, судија на претходна постапка им одредил 30 дена притвор на двајца од осомничените, додека другите двајца веќе...

Акцијата „Лотос“ на МВР откри нова нарко-банда во Велес

Екипи на МВР утрово спровеле акција со кодно име „Лотос“ во која, како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, била разбиена криминална група која препродавала дрога во повеќе градови во земјава. Како организатор на групата е осомничен 40-годишен велешанец, кој, како што посочи Чавков, освен што самиот препродавал дрога, кон крајот на 2015 и на почетокот...

Одложен распитот на командирот на „Алфи“ поради увид во доказите од „Тортура“

Распитот на шесттемина осомничени во случајот „Тортура“, меѓу кои е и командирот на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки, кој беше закажан за денеска, е одложен бидејќи осомничените барале дополнително време за увид во доказите од предметот, соопшти Кривичниот суд. Судијата на претходна постапка, по согласнот на обвинителот на СЈО и на адвокатите на осомничните, кои биле присутни на...

ОЈО Скопје отвори истрага против 13 вработени во Агенцијата за катастар

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет против 13 лица, вработени во Агенцијата за катастар, кои се товрат за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, осомничените во периодот 1 јануари 2013 до 16 март годинава на клиенти им наплаќале административна такса во готово, а парите потоа ги земале за себе. Осомничените, според Обвинителството, со...

Полицијата спречила шверц на 1.500 штеки цигари без бандероли

Полициски екипи од Регионалниот центар за гранични работи Исток, во петокот оваа недела спречиле обид за шверц на поголемо количество цигари без бандероли на границата меѓу Македонија и Бугарија. Како што соопшти денеска МВР, во петокот, околу 5 часот, во близина на местото Чемериков преслап, во близина на Пехчево, полициски екипи забележале џип без регистарски таблички, кој се движел по...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...