среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Основен кривичен суд Скопје | 59 резултати

Зеќири осуден на две и пол години затвор, треба да врати 1,1 милиони евра

декември 1, 2023

Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Toj треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет. Во казната за Зеќири му се пресметува и времето поминато во притвор, што значи дека нему му остануваат уште 11 месеци […]

Боки-13 пуштен на слобода поради неговата здравствена состојба

ноември 28, 2023

Бојан Јовановски е пуштен на слобода поради неговата лоша здравствена состојба, потврдуваат судски извори. Адвокатот на Боки-13, Владимир Туфегџиќ исто така за Мета.мк потврди дека Јовановски е пуштен на слобода. Станува збор за времен прекин на затворската казна поради лекување, а не за целосно ослободување. „Како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје […]

Кривичниот суд останува со 42 судии и 215.000 предмети, се бара делегирање нови

ноември 16, 2023

Судскиот совет избра четворица нови судии во Апелацискиот суд за кривичната област, од кои тројца доаѓаат од Основниот кривичен суд Скопје. Со ова, првостепениот суд останува со 42 судии. Судиите од кривичната област Александра Ристеска, Весна Димишкова и Осман Шабани, од Кривичниот ќе заминат да работат во Апелациониот суд Скопје, со што во прашање се […]

Застаре и „Траекторија“ за кинеските автопати – уште еден случај жртва на измените во Кривичниот законик

ноември 3, 2023

Поради измените во Кривичниот законик, застаре уште еден предмет кој го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на постапката за избор на кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Обвинети во овој предмет беа експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, […]

Поради измените во Кривичниот законик, преквалификувано делото за Мухамед Зеќири

октомври 24, 2023

Судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денеска почна од почеток, бидејќи поради последните измени во Кривичниот законик обвинението беше преквалификувано. Зеќири претходно се гонеше за „Злоупотреба на службена должност“ според член 353, став 5 кој предвидуваше казна затвор од минимум 5 години. Со контроверзните измени во Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции […]

Речиси 200 обвинети функционери се засегнати од измените во Кривичниот законик

октомври 19, 2023

Тајмингот на носењето на измените во Кривичниот законик е нешто што претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, го посочи како клучен проблем, а во однос на застарувањето на голем број предмети по носењето на спорните законски измени. Во судот со кој тој раководи, како последица на овие измени, речиси секој ден застарува по […]

Јанушев доби условна казна за кинеските автобуси по став од закон кој станува непостоечки

септември 7, 2023

На пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев, денеска му беше изречена условна казна од две години за набавката на двокатните автобуси, за случајот „Дизајн“, што го отвори поранешното Специјално обвинителство (СЈО). Јанушев нема да ја издржи казната ако во рок од пет години не стори друго кривично дело. Пресудата […]

Осум години затвор за Рашковски за случајот „Софтвери“

јули 6, 2023

Казна од осум години затвор пресуди судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски за случајот во јавноста познат како „Софтвери“. За делото злоупотреба на службената положба Рашковски е осуден на седум години затвор, додека за делото перење пари, доби една и пол година затвор. Судијката му засмета единствена казна од […]

Истрага за „Скопје 2014“: Владимир Тодоровиќ во куќен притвор, Здравев во притвор, еден е во бегство

јуни 30, 2023

Куќен притвор за поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, вечерва одредил судијата на претходна постапка за случајот „Феникс“, а во врска со леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, за кои обвинителството отвори истрага поради сомнежи за перење пари и злоупотреба на службената положба. Обвинителството побара притвор за седум лица. Од […]

Притвор за Здравев и за уште едно лице за случајот „Феникс“, се чека одлуката за останатите

јуни 30, 2023

Судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор на поранешниот претседавач на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев за злоупотреба на службената положба за случајот „Феникс“ – истрага која денеска ја обелодени Јавното обвинителство. Освен на Здравев, притвор за истиот случај му е определен и на Љ.Б., додека на лицето Т.Д. му е одреден домашен […]

Кривичниот суд ги отфрли барањата за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“

јуни 16, 2023

Основниот кривичен суд од Скопје денеска го отфрли барањето за амнестија на обвинетите лица во случајот „Организатори на 27 април“. Барањето за амнестија го поднесоа поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков на […]

Почна процесот против Жан Митрев, тој рече дека не чувствува вина

јуни 13, 2023

Доктор Жан Митрев, сопственикот на приватната болница што го носи неговото име на денешното прво одржано рочиште рече дека не чувствува вина, исто како и одговорното лице во клиничката болница. Тие тврдат дека не постапиле спротивно на законот, а обвинителката Искра Хаџи-Василева пред судот рече дека ќе докаже дека Митрев и неговата болница го сториле […]

По речиси 1.000 судски предмети годишно застаруваат, сторителите не одговараат [инфографик]

мај 24, 2023

Во сите судови во државата во просек застаруваат по речиси 1.000 предмети на годишно ниво, или поточно, по 932, покажуваат податоците што Мета.мк ги доби од судовите, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова се однесува на периодот од 2018 до 2022 година, а најмногу застарени предмети имало во 2019 […]

Автобусот на „Дурмо Tурс“ 16 дена возел без регистрација, вештак тврди дека причина за несреќата не е неисправноста на автобусот

април 25, 2023

Слободно можеме да кажеме дека причина за несреќата не е механичката неисправност на автобусот. Управувачкиот систем на возилото немал проблем, а проблемите со системот за кочење не се главната причина за несреќата. Вака изјави денес на судското рочиште вештакот Дамјан Мирчевски, кој заедно со тројца негови колеги работеше на машинското супервештачење за автобуската несреќа на […]

Мијалков и официјално „куртули“ за случајот „Титаник 2“

април 8, 2023

Официјално застаре и четвртото дело за кое беше обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Титаник 2“, кој се однесуваше на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година во Струмица. До застарување дојде откако поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште. Еднаш се донесе […]

Почетокот на судењето на Жан Митрев одложено за 12 мај

април 5, 2023

Судскиот процес против Жан Митрев и неговата приватна болница денеска беше одложен за 12 мај. Кардиохирургот со неговите бранители денеска беше присутен во судот, а причина за повторното одложување на судењето е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се во Апелацискиот суд. Пред зградата на судот, десетина оштетени […]

Кривичниот суд контра Апелација: Да се истражи зошто предметите застаруваат

април 4, 2023

Основниот Кривичен суд од Скопје денеска излезе со соопштение, во кое се изразуваат критики во однос на работата на Апелацискиот суд, а откако повеќе судски предмети против високопрофилни лица застареа или пак беа вратени на повторно постапување. Првостепениот суд во писмото ги повикува медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои „суштествени повреди“ […]

Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа за масовното прислушување

февруари 27, 2023

Во Основниот кривичен суд во Скопје почнува повтореното судење за најголемиот предмет за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. Од затворот во Струга во судот ќе биде донесен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Пред два месеца беше укината пресудата во која Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а новото судење започнува денеска […]

Одземен пасошот на Латас, тој и Лазаров добија забрана за јавен настап кој промовира расизам и ксенофобија

февруари 23, 2023

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров, обвинети за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по емитуваниот поткаст во кој се исмева насилството врз жени. Судот информираше дека на Латас му се одзема патната исправа, односно се забранува нејзино издавање, […]

На Драган Даравелски одново ќе му се суди

февруари 14, 2023

Основниот кривичен суд – Скопје одлучи да се повтори судската постапка за приведениот поранешен директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше уапсен на 10 јануари на граничниот премин „Табановце“ заради издржување затворска казна. Даравелски беше осуден во мај 2007 година на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања. Пресудата беше потврдена […]

Страна 1 од 3