недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ослободување | 48 резултати

Челси Менинг ќе биде ослободена на 17 мај

мај 10, 2017

Челси Менинг, трансродната личност што беше осудена на затворска казна од 35 години поради објавување доверливи информации, ќе биде ослободена на 17 мај. Менинг одлежа речиси седум години во воениот затвор „Форт Левенворт“ откако беше осудена дека објавила повеќе од 700.000 доверливи информации, видеоснимки, дипломатски преписи, што е најголема објава на такви податоци во историјата на […]

Тачи: Ослободувањето на Харадинај е добра вест за Косово

април 27, 2017

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека одлуката на францускиот суд за ослободување на лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, е добра вест за Косово. Во рекацијата на својот фејсбук-профил, тој напиша дека оваа одлука е доказ за неправедни обвинувања на Србија спрема припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК). „Пресудата на судот во Колмар, […]

Одлуката на Грција да ги ослободи војниците е политички мотивирана, реагира турското МНР

јануари 26, 2017

Министерството за надворешни работи на Турција денеска остро реагираше на одлуката на грчкиот Врховен суд да го отфрли барањето на Анкара за екстрадиција на осумте турски војници кои во јули, по обидот за пуч, со хеликоптер пребегаа во Грција и побараа азил и заштита, јавуваат медиумите. Од турското МНР соопштиле дека Грција ги штити заговорниците […]

Грција го одби барањето на Анкара за екстрадиција на пребеганите турски војници

јануари 26, 2017

Грција го отфрли барањето на Турција за екстрадиција на осумте турски војници. Грчкиот Врховен суд денеска одлучи да ги ослободи војниците кои во јули, по обидот за пуч во Турција, со хеликоптер пребегаа во Грција и побараа азил и заштита. Одлуката на Врховниот суд да се одбие барањето на Анкара и војниците да не се […]

Градската власт и годинава не го одбележа Денот на ослободување на Тетово 

ноември 19, 2016

Чествувањето на празникот 19 ноември, Денот на ослободувањето на Тетово од фашистичкиот окупатор, почна со интонирање на македонската химна пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово, каде бројни делегации, преставници на политички партии и повеќе здруженија положија букети цвеќиња. Говор пред пристутните одржа престедателот на Сојузот на борци на Тетово, Стојан Петрушевски. Тој искажа […]

Почна операција за ослободување на ирачкиот град Мосул

октомври 17, 2016

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади објави дека ноќеска почнала операција за ослободување на Мосул. – Дојде време за победа, а операцијата за ослободување на Мосул почна. Денеска го прогласувам почетокот на операцијата што ќе ве ослободи од насилствата и од тероризмот на Исламска држава – порача Абади во обраќањето на државната телевизиска станица „Иракија“. Мосул е […]

Божиновски во затворот штрајкува со глад, ЗНМ и ЕФН бараат итно ослободување

септември 22, 2016

Притворениот новинар Зоран Божиновски на 14 септември почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес, информираше денеска претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Тој рече дека иако затворската управа го знаела тоа, информацијата не ја споделиле ниту со неговиот адвокат, ниту со Народниот правобранител. – Ја […]

ЗНМ малку збунети и малку неспремни побараа ослободување на новинарот Божиновски

август 19, 2016

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека Зоран Божиновски, неосновано се држи во притвор веќе 4 месеци, со цел да го спречат да не објавува нови скандали поврзани со власта, дека станува збор за политички монтиран случај, со кој се крши Европската конвенција за човекови права и бараат повлекување на обвинението против новинарот и […]

Турција ослободува 38.000 затвореници за да направи простор за пучистите

август 17, 2016

Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг денеска соопшти дека владата издала декрет со кој се предвидува околу 38 000 затвореници да бидат ослободени под посебен надзор с. Странските медиуми јавуваат дека со декретот треба да се подиспразнат преполните турски затвори, во кои допрва треба да се сместат десетици илјади лица кои се товарат за поврзаност […]

Ослободен возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“

мај 31, 2016

Пуштен е на слобода возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“ кој што беше приведен синоќа. Тој бил приведен поради кривично дело „оштетување на туѓи предмети“, а при претресот во комбето во полициската станица „Пролет“ биле пронајдени пакети со неотпакувана боја, водени детски пушки, и валјаци. Сето тоа било запленето, информираше неговиот адвокат. Возачот беше приведен по завршувањето на […]

Пејковски не се криј, ослободи го Бошкоски, веднаш – порачаа од ОМ на денешниот протест

април 2, 2016

Членови на партијата Обединиети за Македонија (ОМ), симпатизери, поддржувачи и активисти денеска напладне пред зградата на Министерството за правда, го одржаа најавениот протест на кој побараа ослободување од затвор на претседателот на ОМ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Демонстрантите, кои носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за тортурата, слобода за Љубе Бошкоски, […]

ОМ денеска во 12 часот повторно на протест за ослободување на Љубе Бошкоски

април 2, 2016

Партијата Обединети за Македонија (ОМ) за денеска во 12 часот најави протест пред зградата на министерството за правда на кој нејзините членови и симпатизери ќе бараат ослободување од затвор на претседателот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Во најавата за протестот, објавена на фејсбук-страницата на ОМ, партијата ги повикуваат сите граѓани, […]

Николовски: Делев незаконски го ослободил АК „Џумајлија“ од плаќање закупнина

март 30, 2016

Скандалите поврзани пуленот на Груевски, заменик министерот за економија Христијан Делев се редат како на лента, обвини денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски. „Малку беа 334 хектари, малку беа дополнителните 3.220 хектари, додека бил заменик министер за економија, Христијан Делев го ослободил АК „Џумајлија“ од плаќање закупнина за 5.642 хектари. По кој закон […]

Ако за три дена не го ослободат Бошкоски, ОМ ќе ги радикализира протестите

март 29, 2016

Доколу најдоцна за три дена претседателот на Обединети за Македонија (ОМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски не биде ослободен од затвор, партијата ќе ги радикализира протестите, најави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки. Тој изјави дека трпението на членството и поддржувачите на партијата е при крај и доколку директорот […]

Ако утре не го пуштат Бошкоски, директорот на затворот ќе добие кривична пријава

март 7, 2016

Адвокатот Констатин Кратовалиев очекува Љубе Бошкоски утре да го напушти затворот „Идризово“, а доколку тоа не се случи, тој најавува дека ќе поднесе кривична пријава до обвинителството против директорот на затворот, Живко Пејковски, кој треба да го потпише решението за ослободување на Бошкоски. Кратовалиев го посетил Бошкоски, чиј бранител е, во затворот, додека неколку десетици […]

Денеска се одбележуваат 71 година од ослободувањето на Скопје

ноември 13, 2015

Со низа активности и свечености денеска се одбележува 71-годишнината од ослободувањето на градот Скопје. На партизанските гробишта во Бутел, владина и делегација од Градот ќе положат свежо цвеќе. Исто така, свежо цвеќе ќе се положи и пред споменикот на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на ослободителите на градот, кој се наоѓа на платото […]

САД предвреме ослободуваат 6.000 затвореници

октомври 7, 2015

САД предвремено ослободиле околу 6.000 затвореници за да ја намалат пренатрупаноста на затворите, објавија американските медиуми. На слобода ќе бидат пуштени и тие што се осудени на подолга затворска казна поради продавање дрога. Масовното пуштање е едно од најголемите досега и ќе се врши од 30 октомври до 2 ноември, откако Американската комисија за помилување препорачала скратување на […]

Бремените жени и хронично болните, да бидат ослободени од работа

јули 22, 2015

Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да бидат ослободени од работните обврски поради тоа што земјава е зафатена од топлотен бран. Министерството за здравство им препорачува на работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници што работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење […]

Во Јемен ослободен заробен Американец

јуни 1, 2015

Еден од неколкуте американски државјани што во Јемен беше заробен од бунтовниците Хути, ослободен е благодарение на посредувањето на властите на Оман. Американски официјален претставник, кој сакал да остане анонимен, рекол дека ослободениот Американец бил ранет под непознати околности и дека сега е во Оман, но не го навел името на ослободениот.

Од СДСМ бараат ослободување на притворените студенти

мај 21, 2015

Советниците од СДСМ на денешната седница на Советот на Град Скопје побараа да се дискутира за уапсените студенти од протестите на 5 мај, како и за средношколските протести и за состојбата на средните училишта во Град Скопје, информираше потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. – Се работи за теми кои се поврзани со спонтаните граѓански протести […]

Страна 2 од 3