fbpx
Таг: Орце Камчев

таг: Орце Камчев

Врховен суд го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“ – тој останува дома поради „Титаник 2“

Врховниот суд денеска донесе одлука да ја прифати жалбата на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, и да ја укине мерката куќен притвор, изречена со решение на Апелациониот суд на 28 февруари. Сепак и покрај оваа одлука, Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник...

Апелација им го продолжи куќниот притвор на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

На предлог на Специјалното јавно обвинителство, Апелацискиот суд Скопје им ги продолжи мерките куќен притвор во траење од 30 дена за осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ во предметот „Империја“. Од СЈО информираат дека за осомничениот Тодор Мирчевски, покрај веќе изречената мерка на претпазливост – одземање на патна исправа, до Основен суд Скопје 1 – судија на претходна...

Мијалков, Камчев и останатите осомничени во „Империја“ ќе излезат од Шутка

Специјалното јавно обвинителство дало позитивно мислење дека притворот на осомничените во предметот „Империја“ може да се замени со куќен притвор, пишува „Макфакс“ повикувајќи се на свои извори. Ограничената слобода на осомничените сега е во рацете судиите од Апелација и од кривичниот суд. Ако тие одлучат, ќе бидат пуштени од притвор Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други осомничени во...

Истрагата „Империја“ на СЈО ја сопре градбата на Клиничката болница во Штип

Штипски „Бетон“, кој ја гради Клиничката болница во Штип, е дел од фирмите, каде удел до пред некој месец имаше и бизнисменот Орце Камчев и фирмата „Ексико“. Истрагата на Специјалното јавно обвинителство под името „Империја“,  ја стопираше работaта на болницата. И пред истрагата на СЈО, работите на Клиничката болница се одвива со забавено темпо, по информациите дека „Бетон -...

Кривичниот совет ги потврди притворите за петмината од „Империја“

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ги одби жалбите на адвокатите на петмината притворени во случајот „Империја" што неодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во притвор се Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска. Според судот, на јавна седница Кривичниот совет ценејќи ги фактите и доказите во предлогот од СЈО за притвор и во изјавените...

Судот привремено го замрзна имотот на обвинетите во „Империја“

Специјалното јавно обвинителство побарало привремено одземање на имотот заради обезбедување, а судот определил привремени мерки и забрани за отуѓување и располагање со уделите на фирмите за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката за случајот „Империја“. „Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за...

Марин: Ќе бараме одговарност за градежната мафија во Аеродром

Ќе има преиспитување и одговорност за спорниот ДУП И10 во Општина Аеродром, порача денеска на прес-конференција Златко Марин, претседател на општинската организација на СДСМ од Аеродром. Тој вели дека во Општина Аеродром деталниот урбанистички план бил изгласан тајно и без дебата „и со него за криминални бизнис-интереси, Ивица Коневски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат воздухот и здравјето на граѓаните“. Марин презентираше документи за тоа...

СДСМ: Изгласано уништување на зеленилото во Аеродром за профит на Орце Камчев

Ненајавено, кукавички, без дебата, градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, и ВМРО-ДПМНЕ изгласаа нов детален урбанистички план (ДУП), со кој ќе се доуништи зеленилото и природното струење на воздухот, а се зголемува богатството на Орце Камчев, реагираше денеска Златко Марин, претседател на општинската организација на СДСМ во Аеродром. На прес-конференција тој појасни дека е изгласан ДУП, со кој на местото...

Камчев излезе од СЈО и побегна од новинарите

Претпладнево, околу 11 часот, од зградата на Специјалното јавно обвинителство излезе бизнисменот Орце Камчев. Тој зградата ја напушти брзо, без даде изјава на новинарските екипи, кои од утрово се пред зградата на СЈО во исчекување кој следен ќе се појави на распит во обвинителството. Засега нема официјални информации дали Камчев бил на распит во СЈО и доколку бил, во кое...

„Форбс“: Орце Камчев е најбогатиот Македонец

Кралот на челикот, Минчо Јорданов, повеќе не е најбогат човек во Македонија, покажа најновата листа на угледниот економски магазин „Форбс“. По три години на тронот него го замени, Јордан (Орце) Камчев.  Камчев е на првото место со 22, 8 милиони евра вредност на компаниите „Кара“, „Орка“, „Стопанска банка Битола“, „Бетон Штип“. Мината година Камчев успеал да го зголеми капиталот за повеќе...

Документите од Панама: Орце Камчев е сопственик на офшор-фирма

Јордан (Орце) Камчев е сопственик на фирмата „Десимарг лимитед“, која е основана на Бахамите. Документи од Панама првпат овозможуваат доказ за тоа дека тој е директен сопственик на таква компанија, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Компанијата е основана на 3 јануари 2014 година, од фирмата „Консулко“, а во јули 2015 година веќе е почната ликвидациска постапка за неа. „Тоа е...

Николовски: Нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, објави дека „нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан.“ - Ова е договорот од 16 јули 2014 година, со кој фирмата „Трансмет“ добива тендер од повеќе од 184 милиони денари за изградба на пристапен пат за брана „Речани“ на Оризарска Река, Кочани. Ова е уште еден договор на дополнителни близу 57...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...