вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ориз | 16 резултати

Нема докази за производство на пластичен ориз

февруари 9, 2023

Видеото што се споделува во постот не е од производство на пластичен ориз, туку реклама за машина за ориз збогатен со микронутриенти. Вистиномер го пронајде оригиналното видео што е објавено на страницата на компанијата „СанПринг“ – производител на опрема за машинска обработка на ориз и други прехранбени производи. Од нивниот Јутјуб канал е евидентно дека […]

Владата го забрани покачувањето на цените на оризот, јајцата и тестенините

декември 14, 2021

Цените на оризот, јајцата и тестенините се „замрзнуваат“, односно за нив ќе важат цените кои се применувале во трговијата на мало и на големо од 1 декември годинава, соопшти денес министерот за економија Крешник Бектеши на неговата Фејсбук страница. Ваквата одлука ќе важи до 31 јануари. „Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи […]

Се увезува ориз од Грција наместо да се произведе во Македонија

октомври 3, 2018

Кочанско поле и годинава се очекува да даде принос од околу 15.000 тони на ориз, засаден на близу 3.000 хектари. Повеќе ќе се увезе, главно од Грција, велат производителите. Па така, во пакувањата под име „кочански ориз“ ќе јадеме грчки ориз, чие производство е поефтино, благодарение на финансиските олеснувања со европските субвенции. – Нашиот ориз […]

АХВ: Запленети повеќе од тон генетски модифицирани соја и ориз

август 9, 2018

Вкупно 510 килограми соини шницли и соини трошки произведени во Србија со генетски модифицирана соја и увезени во Македонија, по откривањето се повлечени од продажба, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Во мај, пак, се откриени 550 килограми генетски модифициран ориз произведен во Кочанско од увозно семе. Оризот бил пронајден […]

Притворен грчки државјанин кој превезувал 300 килограми марихуана

јануари 30, 2018

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за производство и промет на дрога, информираат од таму. „Осомничениот, грчки државјанин, на 28 јануари пренесувал наркотична дрога, марихуана во количина од 309,6 килограми што била наменета за продажба. Дрогата ја пренесувал во товарно возило „сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, помеѓу разновидната стока наменета […]

Министерството за финансии исплатило 13 милиони евра субвенции на земјоделците

мај 18, 2017

Министерството за финансии исплатило 463 милиони денари (7.528.455 евра) субвенции за земјоделците за 2015 година и 364 милиони денари (5.918.699 евра), за дел од 2016 година, соопштуваат оттаму. „Целосно се намирени обврските за субвенции заклучно со 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органзко производство и […]

Цветков: Во буџетот нема ставка за интервентен откуп на ориз

јуни 14, 2016

Интервентен откуп на ориз за државните стокови резерви тешко може да се изведе, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Како што изјави министерот, проблемот e во тоа што во државниот буџет не била предвидена таква ставка. Пред само една недела, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, на производителите на ориз […]

Државата ќе го откупи оризот од земјоделците

јуни 9, 2016

Вишокот оризова арпа што стои во амбарите на земјоделците во Кочанско, заминува во стоковите резерви. Иако оризот уште пред 12 години е прогласен за производ кој не треба да биде складиран за државни резерви, Владата донела одлука повторно да го стави на листата. Со тоа го реши проблемот кој производителите на ориз ги натера да протестираат. […]

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

март 29, 2016

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип – Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат цена од 50 денари за бел ориз и 25 денари […]

Протест и контрапротест на оризопроизводителите го блокираа патот Штип – Кочани

март 15, 2016

Членовите и приврзаниците на здружението на оризопроизводители „Бело злато“ од Облешево со блокада на едната коловозна лента од патот Штип – Кочани, денеска простетираа поради тоа што нема откуп на оризот. Наспроти нив, на другата коловозна лента, сообраќајот го попречија нивните колеги, оризопроизводители, кои не се задоволни од откупната цена од 50 денари за еден килограм бел […]

Производителите на ориз тврдат дека редовно добиваат субвенции

декември 7, 2015

Има или нема субвенции за кочанските земјоделци? По разговорите со кочанските земјоделци, заменскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој е од редовите на СДСМ, побара итна исплата на субвенциите. – Груевски да не манипулира со дополнителни субвенции бидејќи и тие што им следуваат за 2015 година не им се исплатени. Нема земјоделец […]

78 лица и пет фирми осомничени за фалсификување документи за добивање субвенции

декември 5, 2014

Штипската полиција поднела кривични пријави против сопственикот и управител на фабриката БМФ – Зрновци и против уште 77 физички и пет правни лица за фалсификување или за уништување деловни книги, бидејќи внесувале поголеми количества откупена оризова арпа од реалните за да добијат поголеми суми од субвеници. Меѓу петте фирми, против кои е поднесена кривична пријава е […]

Страна 1 од 1