fbpx
Таг: Општина Тетово

таг: Општина Тетово

Порталб: Во Тетово нема вода, Општината не го реши проблемот – граѓаните подготвуваат тужби

Центарот на Тетово и некои градски населби, веќе неколку денови се соочуваат со недостиг и повремени прекини на снабдување со вода. Истото го потврдија и од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово на нивната Фејсбук страница, при што велат дека работат на проблемот, но вода сé уште нема, пишува Порталб.мк. Недостигот на вода ги фрустрира граѓаните затоа што сме среде лето,...

Тетово полно со отпадоци, одговорните за чистота не одговараат на повици бидејќи се „на состанок“

Надлежните за чистење на отпадот на градот Тетово, немаат време да одговорат на новинарите за нечистотијата во градот, бидејќи се „зафатени“ со состаноци, додека граѓаните и понатаму го „поднесуваат“ ѓубрето и реата што се шири од нечистотијата, во ова време со високи температури и во состојба на пандемија. И покрај тоа што градоначалничката на Тетово, Теута Арифи ветуваше транспарентност,...

Порталб: Општина Тетово не го исполни даденото ветување за „Индустриска“

Иако во јануари 2021 година вети, општина Тетово сè уште го нема реализирано барањето на протестантите за улицата „Индустриска“ во градот, за меѓусебно физичко раздвојување на двата правци на сообраќај во истата. Одборот на протестанти бара поделбата да се направи итно, а од општината велат дека тие ја буџетирале изградбата на жардиниерата и според нив, работата ќе започне откако...

Порталб.мк: Тетовското кале стана место за рекреација само на кучињата

Еден од просторите со висок потенцијал за туризам и рекреација, кој е целосно запоставен од надлежните институции е тетовското Кале, место кое датира од 18. век, а денес е опасно место за посета, особено ноќе, иако од Тетовскиот архив постојано ветуваат дека ќе се постави осветлување. За ова, активистот Дино Блажески презеде иницијатива за развој на овој дел од...

Порталб: Општина Тетово го загрозува процесот на гасификација, не реагира за објект без дозвола во близина на гасоводот

Процесот на гасификација во Тетово веќе неколку месеци се попречува од нелегален објект кој се наоѓа на само три метри блиску гасоводот, што со закон е забрането. Од Дирекцијата за енергетски ресурси побарале од Општина Тетово уривање на овој објект за да не се попречува процесот на гасификација, сепак, не добиле одговор. Освен тоа, од општината не одговараат ни...

Порталб: 5 месеци пред изборите, од Општината велат дека ќе се отвори булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово

По скоро осум години непроменета состојба, шест месеци пред изборите, Општина Тетово се активира за да ги заврши работите на булеварот „Благоја Тоска“. Од општината вчера соопштија дека експропријацијата на сите имоти е завршена додека на сопствениците им е врачена одлуката за уривање на објектите и дека овој булевар ќе биде отворен за време на овој мандат. Новинарот на...

Порталб: Тетово со денови се мачи за вода, Заев вели хидроцентралите не го нарушиле снабдувањето

Премиерот Зоран Заев вчера во Тетово изрази уверување дека малите хидроцентрали не се една од причините поради кои Тетово во последните месеци се соочува со недостиг на вода за пиење. Според него, хидроцентралите веројатно нема да трошат вода. Но, од друга страна, од обелоденувањето на планот за изградба на хидроцентрали во Шар Планина, околу 44 НВО реагираат редовно за...

Монтажен паркинг во Тетово-4.555 евра за едно паркинг место, жителите поднесоа жалба до институциите

Додека компанијата „Еуровија“ ги врши последните подготовки за изградба на монтажен паркинг во централниот дел на Тетово, кој се очекува да биде готов во септември годинава, десетици жители од оваа населба поднеле жалба до Влада на РСМ и други релевантни институции. Велат дека паркингот се гради незаконски и дека ќе предизвика големи здравствени штети. 4.555 евра чини едно паркинг...

Фирмата што ги изведува велосипедските патеки во Тетово останува тајна, експертите со сомнежи за цената и реализацијата

Освен што јавноста продолжува да се потсмева со начинот на кој се изведени велосипедските патеки во Тетово, проблемот лежи во фактот што тие уште повеќе ќе го отежнат нормалното функционирање на јавниот превоз. Според експертот за сообраќај Блерим Неими, патеките имаат низа други професионални проблеми. Од СВР соопштија дека по завршување на проектот, нема да се дозволи блокирање на...

Порталб.мк: Ветувањето за гасоводот во Гостивар сѐ уште неисполнето, завршени се 75 отсто од работите

Гасификација фото: Порталб
Изградбата на гасоводната мрежа од Скопје, до Тетово и Гостивар, сѐ уште трае, но не со исто темпо како на почетокот од овој проект, бидејќи оптимизмот е намален, а рокот ветен од надлежните органи е поминат, пишува Порталб.мк. Од Министерството за транспорт и врски за Порталб.мк велат дека од вкупно 86 километри, досега е инсталирана мрежа во должина од 53...

Улиците со дупки во Тетово, за кои информираше Порталб, ќе бидат санирани за 191.000 евра

Неколку дена по веста на Порталб.мк, во врска со дупките по улиците во Тетово, Општина Тетово објави на Електронскиот систем за јавни набавки договор од 191.000 евра со компанијата „Еуро инвест“ токму за пополнување на дупките. Иако градоначалничката Теута Арифи ова го ветува од 2013 година, ова се очекува да се реализира во следните денови, пишува Порталб.мк. Општина Тетово склучила...

Порталб: Модуларната болница во Тетово – сите ги „завршиле“ работите, истата не е функционална

„Ние нашите работи и задачи околу ова ги завршивме“ беше идентичниот одговор на четирите надлежни институции за пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово. Сепак, иако на инфективното одделение во Тетово секој ден има сé помалку болнички кревети, Модуларната болница никако не се пушта во употреба, пишува Порталб.мк. Иако минатата година овој проект беше претставен како „спас“ за големиот број...

Порталб: Општина Тетово повторно издвои 32 илјади евра за чистење на реките и депонијата во ромското маало

Последниот договор на Општина Тетово од 32 илјади евра за чистење на коритото на реката Пена, не е реализиран во целост на терен, бидејќи депонијата околу реката во ромското маало не е исчистена. Тоа го покажа истражувањето на Порталб.мк пред три месеци. Сега, Општина Тетово потпиша уште еден договор со иста финансиска вредност и овој пат ветува дека ќе...

Порталб: Поправката на потпорниот ѕид кај Градска бања не е извршена, Општина Тетово не одговара на новинарите

Општина Тетово не го одржа дадениот збор дека во март ќе се поправи опасниот потпорен ѕид кај Градска бања, а свесни за нивото на опасност, пред два месеци општинските власти преку Порталб.мк упатија апел за дополнително внимание сè до март. Но денеска работите за регулирање на овој ѕид сè уште не се започнати, одроните преставуваат опасност долж целиот коловоз,...

Адем Амети: Работам на проект што ќе предизвика револуција во такси превозот на Тетово 

фото: порталб.мк
Адем Амети е младо момче од Тетово кое ги изненадува сите со своите технолошки иновации. Иако има само 22 години, тој за две години успеа да создаде 22 технолошки иновации. Адеми ги заврши студиите по мехатроника и сега е асистент на Тетовскиот Универзитет, пренесува Порталб.мк. Сите креации на Адеми претставуваат големо изненадување. Проектите кои привлекоа најголемо внимание се стартирањето на...

Порталб: Договорот за улицата „116“ во Тетово потпишан пред 4 месеци, работите никако да започнат

Поминаа повеќе од четири месеци откако беа издвоени 40.000 евра од тетовските даночни обврзници за реконструкција и асфалтирање на улицата „116“ и на некои споредни улички, но работите сè уште не се започнати. Иако од Општина Тетово велат дека „работите одат според планот“, нивниот план беше работите да започнат во март, а не се, пишува Порталб.мк. Новинарот на Порталб.мк вчера...

Порталб.мк: Тетовци сѐ уште чекаат петте градски автобуси да почнат да сообраќаат низ градот

И покрај тоа што се ветуваат веќе осум години, тетовските пет автобуси што се набавија пред два и пол месеци, ја затекнааа Општина Тетово „неподготвена“, како во однос на документацијата така и во инфраструктурата. Градоначалничката Теута Арифи изјави дека последните подготовки се во тек и дека се надева дека овој проект ќе се финализира наскоро, пишува Порталб.мк. Петте автобуси што...

По веста на Порталб, се деблокираше комисијата за булеварот „Благоја Тоска“ на Општина Тетово

Четири дена по веста на Порталб.мк дека Општина Тетово ја „блокирала“ комисијата за булеварот „Благоја Тоска“, со покана од претседателот на општинскиот совет, Беким Мемети, денес оваа комисија излезе на терен за прв пат. Градоначалничката Арифи истакна дека се работи за случај за кој се води судска постапка, a после тоа ќе започнат активностите за отворање на трасата, пишува Порталб.мк. Седумгодишното...

Порталб: Општина Тетово ја „блокираше“ комисијата за булеварот „Благоја Тоска“

Иако помина повеќе од 1 месец откако беше формирана Комисијата за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, која е предвидено да понуди решение за имотно-правните прашања на жителите чиишто домови треба да се урнат, oваа комисија сѐ уште не излегла на терен и е нефункционална. Од општина Тетово одбиваат да дадат одговор за ова, пишува Порталб.мк. Седумгодишното ветување на градоначалничката на Општина Тетово,...

По веста на Порталб.мк, „депонијата“ меѓу двата универзитета во Тетово е исчистена

Еден ден откако Порталб.мк алармираше за ѓубрето насобрано во единствениот зелен простор помеѓу двата универзитета во Тетово и во дворот на едно средно училиште, Еколошкиот инспекторат изврши увид, а ЈКП „Тетово“ го исчисти просторот, но сепак делот на тротоарите не беше целосно исчистен. Ова место не беше исчистено кога го испративме барањето, туку откако барањето го објавивме јавно, пишува...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...