fbpx
Таг: Општина Тетово

таг: Општина Тетово

Порталб: Касами ја достави во Обвинителство тужбата против Арифи за велосипедската патека

Тужбата што градоначалникот на Тетово Билал Касами ја најави против поранешната градоначалничка Теута Арифи за велосипедската патека е поднесена во Обвинителство. Ова го потврдија од општинската канцеларија за односи со јавност и од Основното обвинителство, пишува Порталб.мк. „За овој случај овластивме адвокат, и тој ги води постапките. Предметот е во обвинителството, адвокатот продолжува да ги следи процедурите. Побаравме расчистување на...

Навршуваат два месеци од прекинот на јавниот превоз во Тетово, граѓаните бараат да се врати

Поминаа околу два месеца откако јавниот превоз во Тетово се прекина, што според општинските власти, беше направено поради неправилности во претпријатието. Денеска, по толку време, граѓаните бараат враќање на истиот, а тетовскиот градоначалник вели дека претпријатието има акциски план кој наскоро ќе биде споделен со јавноста, додека в.д. директорот на јавното сообраќајно претпријатие не одговара на телефонските повици и...

Порталб: Реката Пена во Тетово со години чека решение за уредување на коритото

Потесно корито, мноштво отпадоци и негрижа на надлежните власти се само три од многуте проблеми со кои се среќава реката Пена со години во делот на населбата „Дарданија“ во Тетово. Жителите стравуваат да не се повторат поплавите од 2015 година. За проблемот беше разговарано и за време на јавната расправа за буџетот на општината за 2022 година, додека градоначалникот...

Порталб: Кучиња скитници постојано напаѓаат жители во Тетово, општината ветува решение

Само во текот на 2021 година во Секторот за внатрешни работи Тетово имало 112 пријави за каснувања од кучиња скитници, пишува Порталб.мк. Сепак, оваа бројка е поголема бидејќи не се сите случаи пријавени во полиција. Во текот на јавната расправа за буџетот на општина Тетово за 2022 година граѓаните побара да се реши проблемот за Тетово да биде побезбедно, пред...

Порталб: Пожарникарите кои се справуваат со пожарите во Тетово немаат доволно опрема

Иако се првите кои се борат со пожарите и ги ризикуваат животите, Територијалната противпожарна единица Тетово нема индивидуална опрема, колективна опрема и возила. Командирот на единицата, Ука Алити вели дека бараат само опрема за заштита на граѓаните, бидејќи како што вели, волја за работа имаат. Од друга страна, Општината не е сигурна дали ќе може да обезбеди пари за...

Воздухот во Тетово и понатаму е загаден, недостигаат мерни станици, општината ветува решение

Веќе неколку дена квалитетот на воздухот во градот Тетово е многу лош. Според програмата AirCare, на 3 јануари нивото на штетните честички ПМ 10 и ПМ 2.5 било високо, конкретно 138 и 128 микрограми на метар кубен, што ја надминува дозволените количини во воздухот. Ниту локалните ниту централните власти немаат преземено сериозни мерки за решавање на овој проблем. Дури,...

Вистиномер: Општина Тетово пренатрупана со административци, некои немаат ниту столче, ниту работни задачи

Според бројот на вработени Општина Тетово со години функционира со шест пати повеќе вработени од европскиот просек, каде се предвидени на 1.000 жители по еден административец. За Тетово со околу 100.000 жители се потребни 100 административци, но нивниот број, како што кажа новиот градоначалник Биљал Касами, е околу 700. Партизацијата во локалната самоуправа е најголемиот проблем, затоа и вработеноста...

По само 4 месеци од воведувањето, во Тетово времено е укинат јавниот превоз

Општина Тетово времено го укина јавниот превоз во градот по само 4 месеци откако истиот беше воведен, а за којшто беа набавени и нови автобуси. Новото општинско раководство вели дека ќе треба да се среди хаосот што владеел во јавното претпријатие „Тетово Транспорт“. Се работело без да се платат придонеси за вработените, а фирмата работи нерегистрирана. Локалните власти велат дека...

Порталб: Општинските советници од Тетово со предлози за исплата на долгот од 24 милиони евра

Вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра. Порталб.мк разговараше со општинските советници од сите субјекти кои учествуваат во советот за решенијата кои ги предлагаат за решавање на овој проблем. Од општината за Порталб.мк рекоа дека во рок од два-три дена износот на долгот ќе биде објавен на плоштадот Илирија на монитор, а детално ќе биде прикажан...

Порталб: Велосипедската лента што ја отстрани општина Тетово е претворена во паркинг

Советниците на општина Тетово од три политички субјекти и независната листа не се согласуваат со одлуката на градоначалникот Билал Касами за отстранување на велосипедските патеки, коишто истовремено се единствени од ваков вид во градот. Денеска го посетивме булеварот каде беше оневозможена велосипедската патека со отстранувањето на заштитните столбови и можевме да се увериме дека истата е претворена во паркинг,...

Порталб: Касами ги оневозможи велосипедските патеки во Тетово, судот вели предметот е во постапка

Вчера во Тетово почна отстранувањето на заштитните столбови на велосипедските патеки. Тетовскиот градоначалник Билал Касами рече дека за велосипедската патека има судски спор, поточно судски процес против поранешната градоначалничка Теута Арифи, бидејќи е реализирана спротивно на законот. Касами рече дека има судска одлука за отстранување на овие патеки, додека од Основниот суд Тетово рекоа дека постапката за овој предмет...

Порталб: Тетово меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, проблемот останува нерешен

Во Северна Македонија, со доаѓањето на есента и со почетокот на грејната сезона доаѓа и проблемот со загадувањето на воздухот. Тетово и понатаму останува на светските топ листи за најзагаден воздух на глобално ниво. Нивоата на штетни честички на загадениот воздух кои ги надминуваат дозволените вредности во последниот период се зголемуваат. Овој проблем со години ги мачи тетовчани, но...

Порталб: Во јавниот превоз во Тетово во функција само линијата број 1

На граѓаните и натаму им е нејасно како сообраќаат автобусите во Тетово. Од вчера повторно има промени. Сега се скратени линиите на јавниот превоз на Тетово, односно на услуга на граѓаните ќе биде само линијата број 1, која ќе кружи на секои 15 минути од 6 часот наутро до 20 часот навечер. Директорот на ЈП „Тетово Транспорт“ за Порталб.мк...

Теута Арифи го призна поразот во Тетово и му честиташе на идниот градоначалник Билјал Касами

Досегашната градоначалничка на Тетово Теута Арифи на вечерашната прес-конференција изјави дека ДУИ не успеале да победат во општина Тетово. Според нејзините зборови, броењето на изборните резултати во вториот круг резултирал со тоа противкандидатот Билјал Касами од БЕСА да освои повеќе гласови и општина Тетово ќе биде раководена од Касами. „Му честитам за победата и му посакувам успешна работа, имајќи во предвид...

Порталб: Општина Тетово во „офанзива“ со проекти во пресрет на локалните избори

Во последниот период, од јули наваму, односно три месеци пред локалните избори, Општина Тетово промовираше и финализираше неколку големи проекти, кои според ветувањата требаше да бидат завршени порано. Пред два дена беше пуштено во употреба долгоочекуваното основно училиште во Мала Речица, но само за прво одделение. Порталб ја праша градоначалничката на Тетово, зошто во толку краток временски период се промовираат...

Порталб: Скејтпаркот во Тетово остана без осветлување

По две години неодржување од локалните власти, скејтпаркот кај Автобуската станица во Тетово конечно беше исчистен и реконструиран. Ветувањето на градоначалничката на Тетово дека ќе постави јавно осветлување на овој простор е исполнето делумно - иако се поставени столбовите за осветлување, тие не се во функција. Од Општина Тетово вчера соопштија дека осветлувањето е поставено и завршено, но сликите направени...

Порталб: По 9 години чекање, училиштето во Мала Речица беше пуштено во употреба само за прво одделение

Училиштето „Наим Фрашери“ во Мала Речица, чија изградба градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја ветува речиси 9 години, вчера беше пуштено во употреба само за учениците од прво одделение. Градоначалничката Арифи рече дека ова не се смета за официјално отворање, туку дека е само одбележување на почетокот на годината за првоодделенците кои ја започнаа учебната година во ова училиште....

Порталб: Се фрла мебел во реката Пена, Општина Тетово сé уште без мерки за справување со отпадот

Коритото на реката Пена во Тетово е полно со отпадоци. Покрај отпадот од домаќинствата, несовесни граѓани во реката фрлаат и градежен отпад, мебел и што ли уште не! И покрај ветувањата на локалните власти, реката и понатаму е полна со отпад, додека жителите на населбата „Дарданија“ се плашат да не се повторат поплавите од 2015 година бидејќи страничните делови...

Порталб: Тетовскиот стадион во катастрофална состојба, никој не ја презема одговорноста

Скршени стакла, расфрлени отпадоци насекаде и графити, сето тоа остава лош впечаток и праќа лоша порака, пишува Порталб.мк. Како што објави медиумот на албански јазик, ова се само дел од елементите што го идентификуваат градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи ја ветува од 2013 година. Според Порталб, Арифи го повторила истото ветување и во...

ДИЖС: Општина Тетово не може да се санкционира, но може да ѝ се одземат овластувањата поради депониите

Општина Тетово не може да биде санкционирана за нечистење на безбројните диви депонии што се создадени на нејзината територија и во околината, бидејќи тоа не е законски дефинирано. Досегашната директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска за Порталб.мк изјави дека такво нешто не е предвидено со закон, но, сепак, според неа, постои можност на општината да...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...