понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: општина Свети Николе | 17 резултати

Кочењето на регионалната депонија во Свети Николе стигна до Извештајот на ЕК

13 октомври 2022

Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од […]

Статус кво со изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, постојните депонии се палат

11 јули 2022

Наместо меѓународен тендер за избор на компанија што ќе ја гради модерната регионална депонија кај овчеполското село Мечкуевци, источниот дел на Македонија се соочува со палење на постојните депонии и енормно загадување на воздухот во летните месеци. Откако Општина Свети Николе на почетокот од годинава се изјасни дека е против изградбата на регионалната депонија на […]

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

29 април 2022

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според […]

Владата ќе ги одземе ингеренциите на општина Свети Николе за регионалната депонија во Мечкуевци

18 април 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) ја започна процедурата за одземање на ингеренциите на Општина Свети Николе за проектот за изградба на регионална депонија во Источен и Североисточен плански регион. Општината ќе нема ингеренции, но ќе има претставници во новото регионалното комунално претпријатие. Одземањето на ингеренциите ќе биде само во делот на функционирање […]

И по состанокот на градоначалниците, Свети Николе против изградба на регионалната депонија кај Мечкуевци

11 февруари 2022

Градоначалниците од Источниот плански регион вчера ја одржаа првата седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпадот во Источен плански регион. Овој одбор ќе ја следи работата на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, коешто до денешен ден не е дооформено. Со овој одбор ќе претседава градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов. […]

Џабе се жалиме дека ѓубрето нè труе ако ја спречуваме изградбата на современи депонии

7 февруари 2022

Одложувањето на изградбата на регионалните депонии во земјава единствено е на штета на граѓаните и на животната средина. Покрај тоа што ги загадуваат почвите, водата и воздухот, постојните општински депонии се со ограничен капацитет и тие еден ден ќе се наполнат. Од друга страна, регионалните депонии што би се изградиле се поразлични од она што […]

Општина Свети Николе не сака регионална депонија во Мечкуевци, под ризик да пропаднат 40 милиони евра

27 јануари 2022

Европската Унија (ЕУ) на земјава ѝ даде неповратни финансиски средства од 40 милиони евра за изградба на регионална депонија по европски стандарди за Источниот и Североисточниот плански регион, но новото локално раководство на Општина Свети Николе пред самото распишување на меѓународниот тендер за нејзина изведба вели дека не се согласуваат да се гради проектот на […]

Општина Свети Николе без одговори околу изградбата на идната регионална депонија

4 декември 2021

Општинското раководство во Свети Николе се промени, а Мета.мк од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може веќе неколку недели да добие одговори на прашањата во врска со изградбата на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава. Мета.мк испрати прашања до Општина Свети Николе за тоа до каде е постапката за изборот на нов […]

ЕУ чека, општините 7 месеци се договараат кој ќе управува со регионалната депонија во Свети Николе

27 септември 2021

Изградбата на првата локација во земјава на која што по европски стандарди ќе треба да се депонира и рециклира отпадот очајно доцни. Иако Општина Свети Николе во февруари годинава се согласи на формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, веќе седми месец 18-те општини од Источниот и Североисточниот плански регион не […]

Тендерската постапка започната, до крајот на годинава ќе се знае кој ќе ја гради регионалната депонија во Мечкуевци

5 март 2021

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека веќе е започната тендерската постапка за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион во земјава. Регионалната депонија, каде всушност ќе се преработува 65 отсто од целокупниот отпад собран во 18-те општини […]

Општина Свети Николе се согласи на формирање на меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад

22 февруари 2021

Со меѓусебни расправии и обвинувања меѓу власта и опозицијата, со девет гласа „за“ и шест „против“, Советот на општина Свети Николе на последната седница ја донесе одлуката за формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“. Ова идно претпријатие треба да биде со седиште во Општина Свети Николе, каде што ќе треба […]

За три дена десет новозаразени лица од ковид-19 во Свети Николе

3 јули 2020

Присуството на вирусот во текстилните фабрики во Штип нагло го зголеми бројот на заболени од ковид-19 во Свети Николе. Од оваа помала општина секој ден транзитираат автобуси со работници во штипските текстилни компании, меѓу кои и во две поголеми, каде има регистриран десетина заболени со корона вирусот. Заболени има и во фабрика за прехранбени продукти […]

МВР му поднесе кривична и на поранешниот градоначалник на Свети Николе

13 ноември 2017

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев, поради злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информира денеска МВР, осомничениот на 13 септември, оваа година на шефот на возниот парк му наредил на трошок на општина Свети Николе да наточи 48 литри еуродизел […]

Страна 1 од 1