fbpx
Таг: општина Охрид

таг: општина Охрид

Охридскиот кризен штаб со препораки и апели за заштита од ширењето на ковид-19

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска по барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа вклучени сите постојани членови. На состанокот беа донесени заклучоци во однос на состојбата со ковид-19 во оваа општина, а беа упатени и препораки и апели до различни субјекти. Засега состојбата со здравствената криза во Охрид е стабилна, заклучил охридскиот кризен штаб. Според...

Тетово го „претрка“ Охрид според висината на долговите, на листата и Карпош, Струга, Делчево

Со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 7,9 милиони евра Општина Тетово на чие чело е градоначалничката Тута Арифи го држи приматот на „најзадолжена локална самоуправа во земјава“, пишува „Порталб.мк“. Оваа должничка состојба се однесува до крајот на јуни годинава и во однос на состојбата на крајот на март, долгот на Тетово се зголемил за 500.000...

Охридските села конечно ќе добијат урбанистички планови

Со години недостокот од урбанистички решенија за селата на територијата на општина Охрид ги попречува овие средини во стопанскиот и туристичкиот развој. Досега во селските населби, изградените објекти беа на земјоделски површини, а не на градежни па со урбанзиацијата ќе може да се понудат потенцијалите за развој на општината. Инаку, според член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање...

Училиштата во Охрид и Дебрца забрзано се подготвуваат за новата учебна година

Согласно одредбите од Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, општина Охрид и сите основни и средни училишта на подрачјето на општината навремено ги започнаа сите потребни подготовки во пресрет на почетокот на новата учебната година. - Општина Охрид веќе подготви преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на...

Охриѓани продолжуваат покуќнината и градежниот шут да го фрлаат на јавни површини

До кога несовесните граѓани од непотребната покуќнина и градежен шут ќе се ослободуваат секојдневно фрлајќи ги на јавни површини и локации што ги посетуваат туристите во Охрид? Ова прашање постојано си го поставуваат охридските општински власти, кои не можат да исчистат толку многу колку што дел од жителите можат да го нагрдат Охрид. - Ние немаме основна комунална култура како...

Во Охрид ќе се гради модуларна болница со капацитет од 40 легла, се чека изведувач

Охрид полека ја остава летната сезона зад себе и се подготвува за есенскиот период, во кој можен е зголемен број на пациенти со ковид-19. Капцитетот на охридската болница планирано е да се зголеми со модуларна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема. Општина Охрид во најбрз можен рок треба да го подготви теренот за монтажната болница со тампонирање...

Студенчишкото блато во Охрид на чекор да го добие статусот Парк на природата

На вчерашната 45-та седница, Советот на Општина Охрид ја изгласа предлог-одлуката за предлагање на прогласување на заштитеното подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На вчерашната седница претходно беше донесен предлог-заклучокот за усвојување на информацијата за изготвената Студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Според студијата се предлага реставрација на Блатото и обновување...

Со уривање на хотел продолжи акцијата за рушење дивоградби на охридското крајбрежје

Со рушење на хотелскиот објект „Грин спејс“, денеска во Охрид продолжи акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје. Со учество на претставници од локалниот и од државниот градежен инспекторат во Охрид, акцијата за рушење на дивоградбите продолжи со уривање на хотелскиот објект лоциран во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга. „Отстранувањето на нелегално...

Жбогар со поддршка за исполнувањето на препораките на УНЕСКО во Охридскиот регион

Активностите за соодветно уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион наиде на поддршка и од Амбасадорот на ЕУ во земјава Семјуел Жбогар. За време на вчерашната посета на Охрид, тој ја посети плажата Горица Трета, каде што веќе се отстранија дивоградбите и...

Општина Охрид започнува реализација на проектот „Ваш реонски општинар“

Со проектот „Ваш реонски општинар“ охридските локални власти прават обид да се доближат до граѓаните со цел да им се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат, да се увиди состојбата на самото место, односно улица и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид. Со...

Почна рушењето на дивоградбите на плажите кај Канео, следни се Градиште, Свети Стефан и Далјан

На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. Вчера истече рокот којшто Општина Охрид им го даде на сопствениците на објекти на потегот на крајбрежјето кај населбите Канео и Далјан, како и делот од „Свети...

По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа. Оваа седмица ќе се врши расчистување...

Општина Охрид почна со уривање на шанкови и потпорни ѕидови на охридските плажи

Општина Охрид денес започна активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По...

Општина Охрид го руши нелегално изградениот ѕид на плажата во Градиште

Општина Охрид го започна рушењето на нелегално изградениот ѕид на една од плажите во авто-кампот „Градиште“. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески информира дека градежен, комунален и инспектор за животна средина утрово извршиле увид, по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување на изградениот ѕид. „Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, информира...

Охридски „Комуналец“ за еден ден собра 150 вреќи ѓубре исфрлено во езерото

По обилните врнежи дожд и големите бранови во изминативе денови, Охридското Езеро исфрли огромни количества отпад на потегот од кампот Љубаништа, манастирскиот комплекс Свети Наум, воениот камп па сѐ до границата со Албанија. Екипите на ЈП „Комуналец“ од Охрид вчера почнаа да го собираат исфрленото ѓубре од езерото. Само во текот на вчерашниот ден се собрани 150 вреќи пластични...

Изготвена студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато

Општина Охрид ја изготви Студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, информираат од локалната самоуправа во Охрид. Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани...

Наскоро ќе почне изградбата на новата трибина на градскиот стадион во Охрид

Привршуваат подготвителните активности за почеток на изградбата на новата трибина на фудбалскиот стадион во Охрид, велат од јавното претпријатие „Билјанини извори“. Трибината со капацитет од 1.480 седишта треба да биде изградена во согласност со највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА, а проектот ќе се реализира во соработка меѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија. - Ќе добиеме една модерна...

Проработеа сензорите за мерење на квалитетот на воздухот во Охрид

Профункционираа станичните сензори за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Охрид. Станува збор за 11 станични сензори што се веќе поставени, а нови три вакви уреди ќе се монтираат по нова година во ОУ „Св. Климент Охридски“, спортската сала „Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“. Следењето на податоците е во рамките на проектот финансиран од ЕУ „AIRTHINGS“, при...

Охридските советници го усвоија Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина

Советот на општина Охрид на вчерашната седница ја усвои информацијата за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина. Овој стратешки документ, заедно со законската регулатива во оваа област, ќе претставува инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина. Иницијален чекор во процесот на интегрирано управување со животната средина претставува обезбедување на сознанија за емисиите во медиумите на животната...

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес - служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше постојната траса на железничкото поврзување...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...