fbpx
Таг: Општина Ново Село

таг: Општина Ново Село

Советите на општините Босилово и Василево едногласно против рудниците Иловица – Штука

По потегот на Советот на општина Ново Село кој минатата недела донесе едногласна одлука против отварањето на рудниците во Иловица и Штука, уште две општини од струмичкиот микро-регион донесоа одлуки против отварање на рудниците за бакар и злато. Против отворање на рудниците денеска гласаше и Советот на општина Босилово, после одложената седница која што требаше да се одржи откако Владата ги...

Општина Ново Село го искажа својот став: eдногласно против рудниците Иловица – Штука

Советот на Општина Ново Село на последната 33 седница едногласно донесе одлука против отворање на рудникот во Иловица и Штука. Советниците од Ново Село ова прашање го поставиле како прва точка на дневниот ред, само еден ден откако нивните колеги од Босилово ја прекинаа седницата и не отворија расправа за рудниците. „Постојат и друг вид на претседател на Совет и...

Нова, трета по ред, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велков поради злоупотреба на службената положба и овластување. Ова е трета кривична пријава што полицијата ја поднесува против Велков во изминaтите четири месеци. Со последната, СВР Струмица го сомничи поранешниот градоначалник на општина Ново Село дека на 7 март 2014...

Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Ново Село

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велков, бидејќи се „послужил“ со службениот автомобил и по истекувањето на мандатот. Велков, како што соопшти денеска МВР, се товари за две кривични дела „послужување во службата„ и „посебни случаи на фалсификување исправа“. Според МВР, Велков на 18 октомври, истиот ден...

Советот за етика во медиумите и ЗНМ го осудија инцидентот во Општина Ново Село

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осуди вчерашниот инцидент во кој екипа на струмичката телевизија „Канал Вис“ била спречена да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново Село од градоначалникот и од советник во општината и ѝ биле упатени навреди и недолични зборови. Советот за етика повикува да се преземат неопходни мерки за расчистување на ваквите настани,...

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...