среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Општина Битола | 33 резултати

Фармерот Душко Илиевски обвинет за напад на полицаец на протестите за оставка на Талески

август 26, 2016

Битолското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог со кој го товари фармерот Душко Илиевски за физички напад на полицаец за време на протестите на „Шарената револуција“ пред зградата на Општина Битола, на кои демонстрантите бараа оставка од градоначалникот Владимир Талески. Илиевски го добил обвинението денеска, а во него е наведено дека тој треба да се […]

Фестивалот „Браќа Манаки“ не трпи последици од притворот на Талески

август 25, 2016

Директорот на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, не би сакал да е во кожата на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој трет месец е во куќен притвoр поради сомнежи за малверзации со тендерите за превоз на ученици. Откако тимот на Куновски се пожали дека имале невозможни услови за работа, новинарите прашаа дали имаат […]

Жестока расправа во Советот на Општина Битола, опозицијата бара оставка од Талески

јули 29, 2016

Во бурна атмосфера се одвиваше денешната седница на Советот на Општина Битола, на која советниците од опозициските партии повторно побараа оставка од градоначалникот, Владимир Талески, кој издржува куќен притвор, што му беше одреден како првоосомничен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Талески не е криминалец, туку народски кажано арамија“, довикуваа советниците од […]

Касапов: На Битола мора да ѝ се случи „Владимир Талески ексит“

јуни 30, 2016

По одлуката на Апелацискиот суд во Скопје градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да остане во куќен притвор, денеска советниците од ЛДП и од опозицијата во Општина Битола поднесоа барање на следната седница на Советот, која треба да се одржи во јули, на дневен ред да се стави точка со која на Талески ќе му се препорача […]

Битолската полиција поднесе кривична пријава против уште еден демонстрант

јуни 13, 2016

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против 18-годишен демонстрант, осомничен дека со боја ја оштетил фасадата на зградата на Општина Битола, информира МВР. Според полицијата, станува збор за 18-годишниот А.Р. од Скопје, кој се товари за оштетување туѓи предмети. „Пријавениот на 26 април 2016 година, во периодот од 19.40 до 20.10 часот, на […]

Закани со притвор за битолските демонстранти од „Шарената револуција“

јуни 2, 2016

„Ако одиш на протести и ако ја шараш Општината, ќе те притворам“. Вака инспектор од СВР Битола му се заканил на тутунарот Кире Неделковски, кој денеска беше повикан на распит во полиција. Неделковски, кој во 2010 и во 2011 година беше водач на протестите на тутунарите, тврди дека на информативниот разговор во полиција денеска добил […]

Притвор за уште двајца осомничени во случајот „Транспортер“

април 21, 2016

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена на двајца од тројцата осомничени во случајот „Транспортер“, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. На третиот осомничен, според информациите од судот, му биле одредени мерки за претпазливост, односно да му биде одземен […]

Паника меѓу администрацијата во Општина Битола по првиот притвор за „Транспортер“

април 20, 2016

Паника, страв и невообичаена претпазливост владее меѓу вработените во Општина Битола, по одлуката за притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, кој минатата недела го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат неофицијални извори за „Мета“. Веста за притворот на еден од најблиските соработници на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, бргу се рашири низ градот. Притворениот […]

Оглас за обезбедувачи во Битола само за „Никоб“ и за СГС?

јануари 26, 2016

Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Битола објави оглас за ангажирање двајца чувари од агенција за обезбедување. Вредноста на тендерот изнесува 1,2 милиони денари или речиси 20.000 евра. Меѓу другото, Јавното претпријатие во набавката бара фирмата што ќе обезбедува да „достави доказ дека минимум 250 вработени поседуваат службени легитимации за обезбедување издадени од Комората за обезбедување на имоти […]

Страна 2 од 2