недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Општина Битола | 33 резултати

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во битолскиот совет изгласаа помош за семејствата на осудените за 27 април

24 април 2023

Претседателката на советот на општина Битола, Габриела Илиевска, побарала инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа да извршат вонреден инспекциски надзор, во врска со последните случувања во битолскиот општински совет. Денешното продолжение на седницата, кое не го закажа Илиевска и со кое претседавала највозрасната советничка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марица Тодоровска, резултираше со одлука согласно […]

Во средното медицинско училиште во Битола: Се урнал дел од таванот додека ученичка била во тоалет

29 март 2023

Ученичка од средното медицинско училиште  „Д-р Јован Калаузи“ во Битола вчера е полесно повредена откако паднал таван во училишниот тоалет додека таа била внатре, за Мета.мк потврди директорката Наташа Илиева. Таа истакна дека настанот не треба да се злоупотребува од поединци и групи за добивање на партиски или политички поени и дека тоа не е […]

Битола и Тетово едвај чекаат да почне изградбата на пречистителните станици за отпадни води

17 декември 2022

Општините Битола и Тетово очекуваат во најскоро време да започне изградбата на пречистителните станици за отпадни води и да се овозможи пречистување на фекалиите во двата најголеми града по Скопје во земјава. Тендерот за изградба на капиталниот објект во Битола веќе беше објавен на 16 ноември, додека повикот за доставување понуди за изградба на тетовската […]

Општина Битола формира комисија за штети и бара помош од владата по вчерашниот земјотрес

10 јануари 2022

По вчерашниот земјотрес што се случи во граничниот појас меѓу Грција и Северна Македонија, локалните власти од Битола денеска одржаа седница на општинскиот кризен штаб и на општинскиот совет. Нема повредени и загинати лица по вчерашниот земјотрес, но има оштетувања на некои згради, особено постари објекти во Битола. Од општинскиот кризен штаб велат дека вон […]

Прашање без одговор од општините: Колку дрвја ќе посадите за спречување на климатските промени

29 ноември 2021

Едно од најактуелните прашања во светот не е само колку државите со своите национални планови за климатска акција ќе успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови, туку и колку локалните власти и другите чинители во општествата ќе им се придружат на државните власти во запирање на глобалното затоплување и во почитување на Климатскиот пакт […]

Мерки и препораки немаше, ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10

25 јануари 2021

Ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10, кои минатата недела беа регистрирани во неколку градови во земјава. Загадувањето во Скопје, Кавадарци, Куманово и Битола неколку денови по ред беше со екстремно високи концентрации на ПМ 10 кои ги надминуваа праговите на информирање и алармирање. И покрај тоа, заради поволната временска прогноза, Министерството […]

Училиштето во село Лажец руинирано, се бараат донации

24 јануари 2019

Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта, подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Лажец го дочека со истата ужасна слика – објектот е руиниран, а покривот само што не паднал, известува „Порталб“. Во училиштето во селото на околу километар и пол од грчката граница, во кое живеат и Македонци и […]

Советот на Општина Битола референдумот за мигрантите го закажа за 15 октомври

4 септември 2017

Со 15 гласа „за“ и со 9 „против“, Советот на Општина Битола денеска ја изгласа одлуката за распишување референдум на кој битолчани ќе го искажат својот став околу нацрт-стратегијата за мигранти. Жестока дебата се отвори за датумот на одржување на референдумот. Опозицијата имаше предлог референдумот да се одржи на 1 октомври, меѓутоа владејачкото мнозинство во битолскиот […]

Да не дозволиме фашизмот да се повтори, порача Шчербак од Битола

7 мај 2017

„Цела Русија го слави Денот на победата над фашизмот (9 мај), кој го нарекуваме „празникот со солзи на очите“, истакна амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, вечерва на плоштадот Магнолија во Битола. Високи претставници на Руската Федерација во Македонија, гости и граѓани на Битола присуствуваа на свеченоста по повод одбележување на 9 мај. „Нашата […]

Овоштарите од Битолско имаат и до сто проценти штети

25 април 2017

Од 50 до 100 проценти се штетите во Битолско-пелагонискиот Регион што ги предизвика мразот врз овошките и врз лозовите насади, потврдуваат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола. Од неделата до сега, екипи на подрачното министерство извршиле увид во Битолско, Могила и во Кукуречани, при што утврдиле дека земјоделците се […]

Каменоломот кај Битола не доби Б-интегрирана еколошка дозвола за работа

28 март 2017

Новиот рудник за гранит на Билбил Камен над Битола не успеа да ја добие Б-интегрираната еколошка дозвола за работа. Од Општината Битола за „Мета“ потврдуваат дека каменоломот сè уште ја нема оваа дозвола за ископ на руда. Вчера бил последниот ден кога требало да се издаде потребната дозвола. Рудникот е во близина на магистралниот пат […]

Битолските советници се скараа за тоа кој прв предложил мерки за загадувањето

27 декември 2016

Денешната расправа во Советот на Општина Битола за справување со загадувањето, од самиот почеток наликува на пародија. Власта и опозицијата се впуштија во дуел за тоа кој прв предложил мерки против аерозагадувањето. Откако советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, излезе да ги образложи краткорочните и долгорочните мерки, нејзината колешка од опозицијата, Наташа Петровска од СДСМ, веднаш се побуни. […]

Битолскиот Совет ја одложи расправата за мерките против загадувањето

23 декември 2016

Советниците во Советот на Општина Битола денеска се откажаа од расправата за донесување краткорочни мерки против загадувањето во Битола, иако градот со денови е меѓу најзагадените во земјата. Опозицијата предложи неколку конкретни мерки, но советниците од власта инсистираа да се повикаат стручњаци и подетално да се подготват материјалите за расправа во вторник, за кога е […]

Општина Центар не се откажува од прославата поради склучените договори со изведувачите

22 декември 2016

Општина Центар нема да ја откаже прославата за дочек на Нова година на Сквер Јадран, поради веќе склучените договори со артистите, информираше градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. Тој додаде дека покрај забавниот дел, настанот ќе има и хуманитарен карактер, со тоа што секој граѓанин и фирма ќе можат да донираат за граѓаните од […]

И Битола ја откажа новогодишната прослава

22 декември 2016

Општина Битола донесе одлука да ја откаже новогодишната прослава на плоштадот Магнолија и парите да ги пренасочи за хуманитарни цели. Како што извести на денешната прес-конференција градоначалникот Владимир Талески, дваесетина дена размислувале како да постапат, по што денеска одлучиле прослава да има само за децата за кои ќе бидат одиграни четири детски театарски претстави, како и музичка […]

Талески како во притвор да го кроел општинскиот буџет, обвинува битолската опозиција

10 октомври 2016

Дали градоначалникот Владимир Талески три месеци во куќен притвор го кроеше ребалансот на буџетот? Каде е ветениот стадион, затворениот базен, фонтаните…? Ова беа само дел од низата прашања што советниците од опозицијата ги упатија до колегите од власта откако на седница на Советот на Општина Битола се најде ребалансот на општинскиот буџет. Советничката во Советот на […]

Талески не се откажува: Техничкото училиште ќе го распише тендерот за школскиот превоз

19 септември 2016

Притворениот градоначалник Владимир Талески не се откажува од тоа тендерот за бесплатниот школски превоз во Битола, наместо од Општината, да биде организиран од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола. Тендерот најверојатно ќе го распише училиштето, а парите на превозниците повторно ќе им ги исплаќа Општината, од дотациите на Министерството за образование. Денеска попладне училишниот одбор […]

Судовите се прогласија за ненадлежни за потписите на Талески од притвор

16 септември 2016

Апелацискиот суд Скопје вели дека е ненадлежен да даде мислење за тоа дали битолскиот градоначалник, Владимир Талески, од куќен притвор може да потпишува службени документи. Ова стои во одговорот што од судот ѝ го испратиле на советничката во Општина Битола, од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, која побара мислења од судовите и од Собранието за работењето […]

Судот за Талески: Нам ни е јасно што е куќен притвор, за другото не сме надлежни

31 август 2016

Советничката во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од ВМРО-Народна партија, до денеска нема добиено одговор од четирите инситуции од кои бара правно толкување дали Талески од куќен притвор смее да ја води Општина Битола и да потпишува службени документи. – Моето барање до надележните институции е уредно доставено и очекувам да се произнесат по […]

Притворски последици: Општината бега од новиот тендер за школски превоз во Битола

31 август 2016

Нов скандал ја тресе Битола со бесплатниот превоз на ученици, кој треба да се организира за новата учебна година. Наместо Општината, како што беше досегашната практика, сега локалната самоуправа бара тендерот за бесплатниот школски превоз да го организира средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“. Ова е преседан што може да предизвика големи проблеми во наставата, сметаат […]

Страна 1 од 2