петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: опрема | 63 резултати

Владата планира да ги субвенционира студентите

22 јануари 2018

Владата на денешната 49. седница ја разгледала и усвоила информацијата за воведување на проект „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“. Проектот, како што информираат од таму, предвидува можност за субвенционирање на потребите на студентите по нивен избор и тоа оброк, автобуска карта, карта за во театар, книга и други услуги, а плаќањето ќе се […]

ЕУ на МВР му донираше возила и опрема вредни околу четири милиони евра

13 декември 2017

Македонската полиција денеска доби донација од Европската Унија во возила и опрема вредна околу четири милиони евра. Донацијата, со која треба да се подигнат капацитетите на граничната полиција, се состои од осум комбиња, осум патнички возила, осум четирицикли и пет специјални возила за надзор на границата со термални камери, од кои едно опремено со радар, […]

МВР догодина планира да набави две нови машини за пасоши и за лични карти

1 декември 2017

Министерството за внатрешни работи следната година планира да набави две нови машини за изработка на пасоши и на лични карти, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција на која го презентираше делот од државниот буџет за 2018 година, наменет за МВР. – Во текот на 2018 година, планирана е набавка на две нови […]

Домашниот бруто-производ лани се зголемил за 2,9 проценти во однос на 2015 година

29 септември 2017

Домашниот бруто-производ (БДП) во 2016 година изнесувал 598.881.000 денари и стапката на пораст изнесувала 2,9 проценти во однос на 2015 година, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка во 2016 година во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 […]

Граничната полиција доби квадроцикли за тешко пристапни терени од САД

21 септември 2017

Амбасадата на САД во земјава денеска на Министерството за внатрешни работи му ја предаде донацијата наменета за потребите на одделот за гранични работи. Покрај техничката опрема наменета за контрола на товари и возила, владата на САД донираше и пет теренски квадроцикли, кои за прв пат ќе бидат во составот на граничната полиција за контрола и […]

Амбасадата на САД ќе донира опремa за зајакнување на граничната безбедност

20 септември 2017

САД на Министерството за внатрешни работи – Гранична полиција, на Министерството за финансии – Царинска управа и на Дирекцијaта за радијациона сигурност ќе донираат опрема во вредност од 207.000 американски долари, која вклучува опрема за попречување прекуграничен криминал, компјутери, патролно возило и теренски возила. „Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) и Меѓународната […]

ЕВН Македонија апелира да се внимава при земјоделски работи под далноводите

15 август 2017

ЕВН Македонија ги повикува земјоделците внимателно да ракуваат со земјоделската механизација и опрема во близина на далноводите, а посебно да внимаваат при ракување со опремата за наводнување. Mеталната опрема како што се цевки за наводнување и разни видови на прскалки, во никој случај не смее да дојде во директен допир или да се приближува до […]

Спасовски: Опремувањето на полицијата е врвен приоритет на МВР

19 јули 2017

Опремувањето на полицијата е врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска во касарната во Ѓорче Петров во Скопје присуствуваше на промоцијата на 15 комбиња набавени за потребите на Единицата за брзо распоредување. – Со ова се зголемува ефикасноста на единицата, а со тоа и безбедноста на […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за болницата „8 Септември“

30 март 2017

„СДСМ нема кредибилитет да зборува за болницата „8 Септември“, старата воена болница, која СДСМ ја остави на забот на времето, без ниту еден нов апарат, без ниту една закована шајка за реконструкција на болницата, без ниту еден доктор на едукација или воведена нова метода во болницата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на […]

Кржалоски: СДСМ го сопира рестартирањето на компаниите – жртви на транзицијата

21 февруари 2017

„СДСМ со своето неодговорно однесување ги опструира многуте проекти што се во интерес на граѓаните. Еден од проектите кој требаше да почне во 2017 година е проектот за рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“, изјави на прес-конференција Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека со овој проект требало да се реши статусот на […]

Алтхаузер – Нухиу: Создавањето правна држава е главен столб за развој

6 февруари 2017

Германската влада на Министерството за внатрешни работи на Македонија му донираше опрема за потребите на граничната полиција. Договорот за примопредавање на опремата денеска во МВР го потпишаа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер. Станува збор за донација вредна 60.000 евра, а која се состои од четири возила […]

САД донираа опрема на ДЗС за справување со поплави

27 јануари 2017

Амбасадата на САД во Македонија денеска на Дирекцијата за заштита и спасување ѝ донираше опрема за справување со поплави, во вредност од 30.000 американски долари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, по повод примопредавањето на донацијата изјави дека опремата донирана од САД го дополнува системот за заштита и за спасување кој дирекцијата […]

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

14 ноември 2016

Од утре, 15 ноември, на сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот, информира Автомото-сојузот на Македонија. Обврската ќе трае до 15 март 2017 година. Казната за неносење зимска опрема изнесува 45 евра.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во негово време не знаеше дека Кривогаштани и Секирарци постојат

2 ноември 2016

Кога СДСМ раководеше со здравството, не знаеја да го покажат Кривогаштани на мапа, а Секирарци не знаеја дека воопшто постои, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Шилегов денеска го обвини ВМРО-ДПМНЕ и покажа документи од Владата, кои, како што тврди, покажуваат дека неколку барања за обнова […]

„Ериксон“ контра Чавков: Не сме сопственици ниту оперираме со опремата за прислушување

23 октомври 2016

„Ериксон“ не е сопственик, ниту оперира со опремата за законско пресретнување на комуникациите, се вели во соопштението што денеска го испратија од шведската компанија. Оттаму потврдуваат дека на 19 октомври добиле барање од Специјалното јавно обвинителство за техничка асистенција во истрагата што СЈО ја спроведува во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), но не соопштуваат повеќе детали […]

СЈО: Безбедноста на опремата ќе биде на товар на УБК, бидејќи не пуштаат наши истражители

22 октомври 2016

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, денеска го известил Специјалното јавно обвинителство дека не дозволува истражители на СЈО физички да бидат присутни во УБК додека не дојде надворешниот експерт, кој треба да помогне во извлекувањето на податоците од системите за прислушување. „Откако беа прибавени поголем дел од податоците, а за целосно спроведување […]

Како „Финзи“ преку опремата за прислушување го оштетила буџетот

28 септември 2016

Специјалното јавно обвинителство на прес-конференција ја презентираше новата истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што појасни обвинителката Фатиме Фетаи, постојат основани сомнежи за три раководни лица од Управата за безбедност и контратразузнавање и за едно лице од МВР. Во истражната постапка, според Фетаи, било утврдено дека четрвтоосомничениот вработен во МВР им помогнал на првите […]

МО: СДСМ нема елементарни познавања за набавката на опрема и за модернизацијата на АРМ

25 август 2016

Модернизацијата на Армијата на Република Македонија е сериозен процес, на кој Министерството за одбрана, Генералштабот и Армијата пристапуваат професионално, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на денешното соопштение на СДСМ, во кое опозициската партија бара министерството да го поништи тендерот за набавка на опрема вредна 250 милиони евра. „Министерот Јолевски повеќепати, вклучително и […]

СДСМ бара Министерството за одбрана да го поништи тендерот за набавка на опрема

25 август 2016

Министерството за одбрана треба веднаш да го поништи сомнителниот тендер за набавка на опрема, тежок 250 милиони евра, побара СДСМ преку соопштение. Од опозицијата велат дека ваква набавка мора да се спроведе многу посериозно. „Нашиот професионален војник и офицер има потреба од најосновна опрема и од услови за тековно функционирање, чевли, ќебиња, чизми, униформа, основен алат за работа. Оклопните возила […]

МО: Шпекулација е наведената сума од 250 милиони евра за набавка на оклопни возила

17 август 2016

Модернизацијата на армијата за секоја држава е стратегиско прашање, кое не треба да се гледа од краткорочен аспект, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на денешната прес-конференција на Петре Шилегов од СДСМ. Од Министерството велат дека во јавноста неосновано се пласираат информации за набавка на опрема, која е во насока на модернизација на […]

Страна 2 од 3