fbpx
Таг: ОН

таг: ОН

МНР: Го плативме долгот кон ОН

Според Министерството за надворешни работи, не се точни информациите дека Македонија, поради неплатена членарина, го изгубила правото на глас во Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации. Од МНР информираат дека долгот е намирен и наскоро тоа ќе биде нотирано во ОН. - Имавме две недели рок да платиме. Во однос на плаќањето на членарината кон ОН, неопходниот износ е намирен...

СДСМ: Актуелната власт нема основно чувство за државен интерес

„Да мислеше Владата на Никола Груевски на државните интереси на Македонија, да беше навистина толку патриотски потресенa за каквa што се претставува, да си ги сакаше државата и својот народ - ќе ѝ ја нанесеа ли оваа „брука“ на Република Македонија? На Македонија ѝ е одземено правото на глас во Обединетите нации со потпис на генералниот секретар Бан Ки-мун“, рече на...

МНР заседава поради долгот на Македонија кон ОН

Во Министерство за надворешни работи во моментов во тек е состанок за новонастанатата ситуација со долгот кон ОН. Имено, на нашата земја ѝ е одземено правото на глас на Генералното собрание на Обединетите нации поради долг кој изнесува 24.606 американски долари, се вели во писмото кое е испратено на 12 јануари од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, пренесува „Радио Моф“. Ваквиот...

За три недели се регистрирани нови 1.000 случаи на ебола

Повеќе од 1.000 нови случаи на ебола се регистрирани во изминатите три недели, што е показател дека болеста и понатаму претставува глобална закана, оцени шефот на мисијата на ОН за борба против еблата, Исмаил Улд Шеих Ахмед. Според Шеих Ахмед, црните прогнози дека до крајот на декември минатата година ќе има регистрирани 10.000 нови случаи, не се остварија благодарение на брзата...

Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради кризата во Јемен

Советот за безбедност на ОН денеска зад затворени врати расправаше за кризата во Јемен, каде шиитските бунтовници ја презедоа претседателската палата во Сана. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, изрази сериозна загриженост, повикувајќи ги сите страни во земјата да ги прекинат борбите и да ги преземат неопходните чекори за враќање на легитимитетот и на авторитетот на владините институции. Шиитските бунтовници од милициската...

Абас повторно ќе бара формирање палестинска држава

Палестинскиот претседател Махмуд Абас соопшти дека со претставниците на Јордан повторно разговарал за покренување резолуција во Советот за безбедност на ОН за формирање палестинска држава. Изјавата на Абас доаѓа една недела откако беше отфрлена резолуцијата со која се бараше Израел да се повлече од окупираните територии до крајот на 2017 година. - Не сме разочарани, туку нè разочара Советот за...

НАТО доби поддршка од ОН за обука на силите во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го поддржа новиот договор според кој НАТО ќе ги обучува и ќе им помага на меѓународните сили за безбедност во Авганистан, пренесуваат медиумите. Резолуцијата за ова прашање е едногласно усвоена и во неа се нагласува дека новата мисија е од значење за стабизизација на состојбите во Авганистан. Судирите во Авганистан се засилија последните неколку...

Сомалија: Тројца загинати при напад на конвој на ОН

Најмалку тројца припадници на сомалиските безбедносни служби загинаа, а 10 се повредени откако автомобил-бомба, чија цел бил конвојот на Обединетите нации, експлодира во близина на аеродромот на главниот град на Сомалија. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но ваквите напади беа дело на Ал Шабаб, милитанти кои се блиски до Ал Каеда и кои се обидуваат да ја урнат владата...

Францускиот парламент ќе гласа за признавање на Палестина

За резолуцијата во која се бара од владата да ја признае Палестина како држава, денеска расправаше Долниот дом на парламентот на Франција, а се очекува пратениците да гласаат на 2 декември. Со текстот, кој го предложија пратениците од Социјалистичката партија, кои го имаат и мнозинството, се повикува владата „да ја признае државата Палестина во поглед на постигнување конечен договор за решавање...

ИСИС од откуп зела помеѓу 35 и 45 милиони долари

Меѓу 35 и 45 милиони долари зела Исламската држава од откуп, изјави експертот на ОН, Јоцна Лалџи. Приближно 120 милиони долари им биле исплатени на терористичките групу меѓу 2004 и 2012 година. Лалџи прецизира дека Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, во периодот меѓу 2011 и 2013 година, од откупи добила 20 милиони долари, а Ал Каеда во Исламски Магреб во последните...

Исламската држава употребува хемиско оружје

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, обвини дека Исламската држава употребува хемиско оружје во борбата за Кобане. – ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција - рече Џафари. Џафари го повика генералниот секретар на ОН да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили при...

Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

Европските лидери и посочија на Русија дека не ги признаваат резултатите од изборите
Јуриј Сергејев, украинскиот амбасадор во Обединети нации, изјави дека Русија се спротиставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите што се одржаа во Донецк и во Луганск на истокот на Украина. Во предлог-текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, што беше потпишан во септември. Европските лидери ù посочија на...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...