fbpx
Таг: ОН

таг: ОН

Бан Ки-мун го осуди нападот во Истанбул

Генералниот серкетар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, го осуди нападот во Истанбул и во писмена изјава изрази надеж дека виновниците за „тоа одвратно насилство“ ќе бидат изведени пред суд со почитување на правата на човекот. Во самоубиствен напад во Истанбул, вчера беа убиени четворица странски туристи–Израелци и еден Иранец, а 36 луѓе беа ранети, меѓу кои и граѓани на...

ОН: Дури 34 земји во светот немаат храна за своите жители

Агенцијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соопшти дека 34 земји во светот, од кои 80 отсто се во Африка, немаат доволно храна за жителите поради воените судири, суши и поплави. Според извештајот на оваа агенција, воените судири во Ирак, Сирија, Јемен, Сомалија и во Централноафриканската Република имале погубни последици по земјоделското производство, со што дополнително е влошена хуманитарната...

Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел во вселената

Северна Кореја рано утрово лансираше ракета со долг дострел во вселената. Тоа предизвика загриженост кај соседите на оваа земја и во Вашингтон, поради можноста Северна Креја да располага и да тестира нуклеарно оружје. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето во вселената наредено од Ким Јонг Ун било „целосен успех.“ Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека лансирањето е маска за тестирање балистички...

ОН најавија 250 милиони долари за едукација на сириските деца

Претставникот на ОН за глобално образование, Гордон Браун, изјави дека донаторите ветиле 250 милиони долари за едукација на повеќе милиони сириски деца во текот на 2016 година, но додаде дека тоа не е доволно. Во изложувањето во ОН во Њујорк, Браун навел дека итно се потребни уште дополнителни 500 милиони долари за финансирање на програмата за едукација во Турција, Либан и...

Попоски – Коѕиас: Треба да се надминат планини за да се најде решение за името

Разликите во црвените линии во спорот за името меѓу Македонија и Грција остануваат, меѓутоа двете држави претендираат да се фокусираат на меѓусебната соработка и на нештата што ги зближуваат, наместо на проблемот што ги разединува. Ова беше заклучокот на македонскиот и на грчкиот министер за надворешни работи, Никола Попоски и Никос Коѕиас, при денешната средба во грчкото министерство за надворешни работи во...

Стапи на сила договорот за иранската нуклеарна програма

Меѓународниот договор околу иранската нуклеарна програма, кој на 14 јули оваа година, во Виена, го постигнаа Иран и групата пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Русија, САД, Франција и Велика Британија) плус Германија, од денеска стапува на сила. Со усвојувањето на договорот, сега сите инволвирани земји треба да почнат со реализација на преземените обврски. Според договорот, пренесува...

Обама се извини за бомбардирањето на болницата во Кундуз

Американскиот претседател Барак Обама се извини за вчерашниот бомбашки напад врз болницата во авганистанскиот град Кундуз и го нарече трагичен случај. Воздушните сили на САД по грешка ја бомбардираа болницата, при што загинаа 19 лица, од кои 12 лекари, а ранети се 37 луѓе. Во текот на нападот во болницата се наоѓале 105 пациенти и 80 припадници на хуманитарната организација...

Обама: Путин ќе се најде во сириско мочуриште

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД нема директно да се конфронтираат со Русија околу воздушната офанзива на Москва во Сирија. Обама е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе се најде во „сириско мочуриште“. Во исто време, Обама ги одобри предлозите за зајакнување на американските напори во борбата против Исламска држава. Тоа подразбира директни пратки на оружје, преку Ирак, на...

Обединетите нации ја прекинаа хуманитарната помош во Сирија

Обединетите нации ќе ги прекинат хуманитарните операции во Сирија, соопшти синоќа Џeси Шахин, портпарол на ОН. Како причина за потегот, Шахин ја наведе комплицираната политичка ситуација во државата. – Во овој момент, ОН не можат да дејствуваат со хуманитарните операции во Сирија поради општата политичка ситуација на теренот - изјави таа. Суспензијата ја вклучува хуманитарна работа во градовите Забадани и Мадаја, во...

Премиерот Груевски се сретна со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун

Премиерот на Македонија, Никола Груевски, во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, со кој разговарал за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите нации, за процесот на разговори помеѓу Република Македонија и Република Грција за наоѓање заемно прифатливо решение за спорот помеѓу двете земји и за предизвиците во врска со мигрантите. Груевски го информирал генералниот...

Груевски ќе говори на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Бан Ки-мун

Премиерот Никола Груевски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Една од темите на средбата со генералниот секретар на ОН се очекува да биде и спорот за името. Груевски пред неколку дена, во рамките на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама, имаше неофицијална средба со...

Ципрас се надева на придвижување на работите меѓу Атина и Скопје

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, се надева дека мерките за градење доверба ќе помогнат да се забрза процесот на решавање на спорот за името. Говорејќи на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), грчкиот премиер посочи дека Грција работи на решавање на сите отворени прашања со земјите од Западен Балкан, посочувајќи го обидот да се надмине спорот со Македонија. Ципрас во својот говор...

ОН: Лидерите од ЕУ бараат глобални квоти за бегалците

Европските лидери ги повикаа членките на Обединетите нации да воведат глобални квоти за распределба на бегалци за да се реши бегалската криза. Генералниот секретар Бан Ки-мун вчера на собирот за миграции во седиштето на ОН укажа на потребата за поделба на одговорноста и ги повика земјите да го зголемат бројот на места за сместување на бегалците и еднакво да учествуваат во...

Ципрас поради Македонија не отиде на состанокот за борба против ИД

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одби да присуствува на Генералното собрание на ОН, на клучен состанок за борбата против ИД. Ниту Ципрас, ниту шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, не се појавија на состанокот за борба против насилниот тероризам, организиран од американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Македонија на него учествуваше под уставното име. Извори од кабинетот на грчкиот премиер истакнаа дека...

Јолевски: Македонија ја разгледува можноста од зголемено учество во операциите на ОН

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, изјави дека Македонија ја разгледува можноста од зголемено учество во операциите на ОН. Тој заедно со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, учествуваше на самитот посветен на мировните операции и на идните потреби на Светската организација, што се одржа во Њујорк. Според Јолевски, за таа цел постојат три варијанти. Првата - заедничко упатување војници од...

Обама ќе претседава со самитот на ОН за борба против тероризмот

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе претседава со меѓународен самит на маргините на Генералното собрание на ОН, на кој светските лидери ќе разговараат за борбата против екстремизмот и тероризмот. САД на денешниот состанок ќе се обидат да добијат поддршка против терористичките организации, како што е Исламска држава, која привлекува борци од странство, кои потоа го враќа во своите со родни...

Бан Ки-мун ја повика Европа да ја реши бегалската криза

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во обраќањето на Генералното собрание на ОН ја повика Европа да направи повеќе за решавање на бегалската криза. - Не треба да градиме огради и ѕидови, мораме да ги бараме причините за проблемите – изјавил Бан. Тој изразил огорченост поради начинот на постапување спрема бегалците во Унгарија, чија влада ја затвори границата со Србија,...

Путин повика на широка коалиција во борбата против ИД

Рускиот претседател, Владимир Путин, на Генералното собрание на Обединетите нации изјавил дека Москва константно се бори против тероризмот и дека ја снабдува сириската влада со воена опрема. Тој оцени дека соработката со терористите на Блискиот Исток довела до вооружен судир и дека несоработувањето со претседателот Башар ал-Асад е голема грешка, затоа што тој е борец против тероризмот. - Дали сфаќате што...

Обама: Соработка со Русија е можна, но Асад мора да замине

Американскиот претседател Барак Обама, за време на својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, изјавил дека САД се подготвени да работат заедно со Русија и со Иран за надминување на кризата во Сирија. Тој повторил дека какво било решение не може да значи враќање во предвоеното статус кво, односно на власт да биде Башар ал-Асад. Обама во својот говор се...

ОН го истражуваат користењето на хемиско оружје во Сирија

Обединетите нации покренаа меѓународна истрага која треба да утврди одговорност за нападите со хемиско оружје во Сирија. Советот за безбедност на ОН постигна договор за покренување меѓународна истрага со која ќе се утврди одговорноста за нападите со хемиско оружје во Сирија, соопштија дипломати. Официјалниот почеток на истрагата на ОН и на Организацијата за забрана на хемиско оружје е одложена поради приговорот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...