fbpx
Таг: Оливер Спасовски

таг: Оливер Спасовски

Спасовски: Го откривме испраќачот на лажни дојави за бомби во Кавадарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска со лажните закани за поставени екплозивни направи во неколку училишта во Кавадарци, кажа дека случајот е расчистен. „Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична...

Тринаесет училишта попладнево добиле нови дојави за поставени бомби

Нови дојави со закана за поставена бомба денеска стасале на електронските адреси на 13 училишта во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). По добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки. „Се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат во МВР. Последен пат мејлови со дојави за поставени експлозивни направи имаше...

Спасовски: Нема индиции за нарушување на безбедносната состојба поради дојавите за бомби

Наскоро се очекува случајот со електронска дојава за бомба во Кавадарци да биде решен, кажа денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата. Тој потврди дека денеска имаше повторно дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово и потенцираше дека во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба. „Околу денешните најави, имаме...

Спасовски: Денешните дојави за бомби се уште еден пример за хибридна закана

Денешните дојави за бомби се класичен пример за хибридна закана, изјави денеска министерот Оливер Спасовски. Според него, во многу земји се променети протоколите во кои степенот на реалноста на заканата се утврдува пред да се преземаат мерки. Тој кажа дека е разговарано со Националниот комитет за борба против тероризмот и насилен екстремизам и се очекува да се преземат активности...

Евакуирани основци и средношколци во Кавадарци заради нови дојави за бомби

Нови дојави за поставени бомби, овојпат во училишта во Кавадарци денеска стасале на нивните електронски адреси. Се работи за две училишта за средно образование и три за основно - „Тоде Хаџи Тефов“ и подрачно училиште во село Бегниште, „Димката Ангелов Габерот“ и подрачното училиште во село Сопот, потоа, „Страшо Пинџур“ и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново,...

Спасовски: Лажните дојави за бомби кај нас и во соседството следеа по руската инвазија на Украина

Во врска со дојавите за бомби кои деновиве повторно ги добиваат скопските училишта на своите електронски адреси, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека приоритет треба да ѝ се даде на истрагата. Прашањето е, додаде тој, дали овие хибридни закани доаѓаат од еден или од повеќе центри. „Веќе многу е распространето не само кај нас, туку и во соседството. Сега...

Деветта дојава за бомба во училиштата, повторно во истата смена

На адресите на осум училишта за средно образование во Скопје, по двонеделна пауза, попладнево повторно стасал мејл во кој пишува дека е поставен експлозив. Директорите на училишттата со кои поразговарвме, веднаш ги евакуирале учениците и вработените. Станува збор за училиштата „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан...

Спасовски: Целта на лажните закани за бомби е да се предизвика дестабилизација и несигурност

Заканите за поставени бомби во училишта се испраќаат во среда или четврток, а друга специфика е што се појавува во една смена. Ова се работите кои се анализираат овој период, изјави за ТВ 24 министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што тој информира, истрагата е комплексна. „Истрагата е комплексна заради тоа што учествуваат многу оддели од МВР, односно одделението...

Спасовски: Лажните дојави за бомби се монструозен чин на хибридни закани

Министерот Спасовски ги оцени лажните дојави за бомби како „монструозен чин на хибридни закани“ и рече дека многу е важен брзиот и ефикасен одговор на државата со своите партнери. Во интервју за Алсат тој кажа дека се започнати сите истраги и дека се вклучени сите институции кои се грижат за националната безбедност заедно со меѓународните партнери. „Во неколку правци одат...

Спасовски: Најдобрата одбрана од лажните вести е навременото пласирање на точни информации

Најдобрата одбрана од лажните вести е навременото пласирање на точните информации, како начин навремено да се одговори на сите прашања кои постојат на одредена тема, истакна утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за МРТВ. Тој рече дека во последните неколку години јавноста во државата речиси секојдневно се соочува со лажни вести, при што во фокусот не се...

Сатирична вест за Спасовски пренесена како вистинска

Фотографијата од постот е всушност наслов на сатирична, односно измислена вест објавена на сајтот „Тв вести“. Текстот е објавен во рубриката „сатира“, што јасно се гледа кога ќе се отвори написот. Меѓутоа, во овој пост во кој се споделува принтскрин од насловот на текстот не е наведено дека се работи за сатирична вест. Од коментарите на постот пак, е...

Спасовски: МВР е поврзано на Националната платформа за интероперабилност

Со цел брза размена на податоци со останатите институции и намалено време на чекање на граѓаните за добивање на услуги, Министерството за внатрешни работи е поврзано на Националната платформа за интероперабилност и нуди веб сервиси кои се од сопствен развој, објави на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според министерот, меѓу веб сервисите се: евиденција на промени на матичен број на...

Уверение за државјанство од 1 јануари ќе се издава и како е-документ, за пасош и лична карта ќе се закажува електронски

Од 1 јануари 2023 година граѓаните ќе можат Уверението за државјанство да го добијат и во форма на електронски документ на Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса, а истото може да се докаже и со податоци содржани во Националниот регистар на население. За ова денеска информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

На вчерашниот протест уапсени 10 лица, собраниската расправа за европскиот предлог продолжува денеска

Собраниската седница за европскиот предлог за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ продолжува денеска во 11 часот. Единствена точка на дневен ред е Информација за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, а пријавени за збор се вкупно 42 пратеника. Првиот ден од собраниската расправа за европскиот предлог помина во тензична атмосфера, со...

МВР: Чулев шири дезинформации, протестот не беше пријавен

Министерството за внатрешни работи соопшти оти е невистина дека вчерашниот протест бил уредно пријавен со однапред позната маршрута на движење со тоа демантирајќи го Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за внатрешни работи во техничка влада и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање за време на владеењето на пребеганиот Никола Груевски. Од МВР го повикаа Чулев да го покаже...

Единаесет приведени демонстранти и 47 повредени полицајци, Спасовски: Насилството е сериозен удар за демократијата

Единаесет лица се приведени, а 47 полицајци се повредени од кои 11 со потешки и двајца со посериозни повреди по вчерашните насилни протести против прифаќањето на предлогот на Европската унија за кревање на бугарското вето и започнување на преговорите за членство на Македонија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посети двајцата полицајци со сериозни повреди кои се сместени...

Спасовски: Криминалитетот намален за 8,31 отсто

Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 oтсто, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук. „Во периодот јануари – јуни 2022 година, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела. Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 oтсто, кое се должи на промените кои се евидентирани во...

Вистиномер: Министерот Спасовски не може да бара притвор за осомничени или обвинети лица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјавата вели дека „МВР бара притвор бидејќи се исполнети условите за такво барање“, а во врска со подметнатиот пожар пред влезната врата на културниот центар „Ванчо Михајлов“. Министерството не е институција која може да бара притвор за одредено осомничено лице. МВР единствено може да поднесе кривична пријава до обвинителството и тука завршува...

Спасовски: Не ги чекајте летните гужви за да извадите нов пасош

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати апел до граѓаните што поскоро да го продолжат рокот на истечените патни исправи за да не се соочат со гужви за време на летната туристичка сезона. „Упатувам апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат...

Кобниот автобус поминал технички преглед во октомври, но не бил пријавен во базата на Министерството за транспорт

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција по повод автобуската несреќа што се случи во Бугарија, изјави дека на кобниот автобус-учесник во незгодата последна извршена проверка на техничката исправност му била направена на 5 октомври 2021 година. Тој рече дека првичните информации говорат оти во автобусот имало двајца возачи. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...