вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ОЈО | 239 резултати

Жител на Челопек осомничен за насилство и загрозување на сигурноста на најблиските

октомври 20, 2025

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишник од Челопек, на 16 октомври, ја загрозил сигурноста на сопствените мајка и […]

Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување на стари лица

октомври 8, 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик. Со […]

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

октомври 7, 2025

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот. Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси […]

Поднесено обвинение за убиството на турскиoт државјанин во Штип

октомври 4, 2025

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава. Еден од обвинетите се товари за директно извршување на кривичното дело – Убиство од член 123 став 1, како и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено […]

ОЈО Скопје поведе две постапки за семејни насилства

октомври 3, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичен законик. На 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, […]

ОЈО поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за уцена и закани кон градоначалникот

септември 21, 2025

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Кривичните дела ги извршил спрема […]

Четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гробови

септември 19, 2025

Според новото соопштение на Основното Јавно Обвинителство, Јавен обвинител од ОЈО Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на […]

Поднесено обвинение против тројцата што откупувале старо железо на Вардариште

септември 11, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинение против три лица кои пет години откупвале старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад. […]

ОЈО Штип поднесе обвинение за малтретирање при вршење на службата и злоупотреби

септември 9, 2025

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против едно лице за пет кривични дела – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од септември 2023 година […]

Млад маж од Волково под истрага за полови дејствија врз 5-годишно девојче

септември 6, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се […]

Ја удирл со пластична гајба полна со стаклени шишиња по глава, поведена постапка за тешка телесна повреда

август 25, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело, нанесувајќи – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Ја удирл со пластична гајба полна со стаклени шишиња по глава и ја зашеметил, Делото го сторил вршејќи насилство […]

27 годишник поседувал и разменувал видеа и фотографии со детска порнографија

август 22, 2025

Дваесет и седум годишник поседувал фотографии и видео записи детска порнографија во неговиот телефон и таблет, по што Основното јавно обвинителство повело истрага,  а во меѓувреме му изрекло повеќе мерки на претпазливост, соопштија оттаму. „ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело […]

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

јули 8, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров“, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со […]

Истрага против три лица за насилство во Скопје

јули 4, 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Насилство. На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот. Додека тој го паркирал […]

Предложен притвор за осомничен од Битола кој нападнал лекари и полицајци

јули 1, 2025

Според новото соопштение од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на […]

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

јуни 21, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено […]

Скопјанец осомничен за сторено семејно насилство врз неговата мајка

јуни 17, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал […]

ОЈО: Градоначалничката треба да соработува со јавното обвинителство и да посочи за кои парцели и згради се откриени сомненија за незаконитости

мај 31, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска коишто гласат дека доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска и должност тоа да го дело да го пријави. „Градоначалничката треба да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се […]

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

мај 24, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира […]

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

мај 16, 2025

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на Основното Јавно Обвинителство во Скопје на кое беа испишани имињата на сите загинати и повредени во пожарот, како и имињата на сите кои животот […]

Страна 2 од 12