fbpx
Таг: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

таг: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Кривична за „Инфомакс“ поради објавената фотка од исказот на Камчев

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) соопшти оти поднело обвинителен предлог против лицето коешто на 23 август преку интернет порталот „Инфомакс“ ја објавило првата страница од записникот за примање кривична пријава во случајот „Рекет“, во која бил содржан исказот на бизнисменот Орце Камчев даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај годинава. Како што информираат од ОЈО, лицето ќе биде...

ОЈО: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица, известија од обвинителството. Од денеска тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да...

Јанева по распитот: Не чувствувам вина, не знам дали ќе бидaм осомничена во „Рекет“

По четиричасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал, шефицата на СЈО, Катица Јанева, во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина за предметот „Рекет“, но и дека не знае дали истрагата ќе се води и против неа. - Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите -...

Катица Јанева пристигна на распитот во Обвинителството за организиран криминал

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, претпладнево пристигна на распит во Обвинителството за организиран криминал. Таа е повикана како лице што треба да даде исказ за предметот „Рекет“, во кој осомничени за рекетирање бизнисмени се Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милески - Кичеец. Јанева пред влезот во Обвинителството изјави дека се надева оти нејзиниот денешен исказ ќе помогне за...

Обвинителот Бурим Рустеми ќе даде исказ за „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за случајот „Рекет“. Од понеделникот досега за истрагата дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Стефанова, која директно е спомената и од Катица Јанева и од Боки 13 во снимките од „Рекет“ сведочеше пет часа, но потоа не...

Обвинителство почна истрага против 11 лица поради Шпанските скали и парцела за хотел

Поради малверзации и неизвршување службена должност во врска со две парцели за хотел и за Шпанските скали во строгиот центар на Скопје, но и за уште една поголема парцела за хотел, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по добивањето 11 кривични пријави од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, почна истрага. За сите...

Уапсени десетина лица, меѓу нив и кадри на ВМРО-ДПМНЕ

Десетина лица била приведени во нова акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на МВР за случај за незконско распределување и продажби на државно земјиште. Како што објавија дел од медиумите, меѓу уапсените бил и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, но и Димитар Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, како и...

Дане Илиев: не е важен моделот за СЈО, туку да продолжат постапките што ги води

Не е важно во која форма ќе функционира Специјалното јавно обвинителство (СЈО), решенија има, важно е да има политичка волја да продолжат постапките што тоа ги покрена и ги презема, смета Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд. Тој оценува дека е доведено во прашање постоењето на СЈО. - Не е добро. Од неколку страни се донесоа прописи кои работата...

Кого Обвинителството ќе го испитува во врска со бегството на Груевски?

Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) соопшти дека почнало предистражна постапка против одредени „службени лица за злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со бегството на Никола Груевски од Македонија. Со оглед на фактот што станува збор за предистражна постапка, не се соопштуваат повеќе детали, но одредени членови од Законот за внатрешни работи и Законот за полиција...

Вилма Русковска нов шеф на Обвинителството за организиран криминал

Советот на јавни обвинители денеска ја избра Вилма Русковска, обвинителката која го води случајот за насилствата од 27 април, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје. Покрај насилствата на 27 април, Русковска ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“. На денешната седница на Советот на јавни обвинители беа...

Обвинителство го истражува доделувањето концесија за центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека, по допрен глас, отворило предмет за доделувањето на концесијата за центрите за дијализа. Обвинителството вели ќе ги истражува сомненијата дека постапката била нетранспарентна и во неа индиректно биле фаворизирани правни и физички лица. „Следејќи ги реакциите на „Нефрон“ – Здружение за бубрежно болни граѓани и написите на одредени медиуми...

Обвинителство бара мерки за претпазливост за Јакимовски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски и уште четворица обвинети од Основниот суд бара да им бидат определени за претпазливост по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција за злоупотреба на службената положба. Доколку судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството, обвинетите ќе имаат обврска повремено да се...

Судењето за „Монструм“ одложено за 14 март, останува обвинението за „тероризам“

Обвинителот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Наум Пановски, на почетокот на новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковското езеро, истакна оти останува на првичниот обвинителен акт од пред пет години, односно дека шестмината обвинети сториле кривично дело тероризам. Сепак, денешното рочиште за случајот „Монструм“ се одложи за 14 март, бидејќи Пановски во судницата прочита...

Обвинителството отвори истрага за затајување данок при увоз на дизел гориво

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека, отворило предистражна постапка по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување на данок при увоз на дизел гориво. „Предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета...

ОЈО побарало продолжување на притворот на Чавков, Илиевски, Дамовски, Дурловски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побарало од Кривичниот суд да им ја продолжи мерката притвор на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје предлог за продолжување на изречената мерка притвор за лицата осомничени во предметот за...

Судот им одреди притвор на четворицата осомничени за 27 април кои се во бегство

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 им одредил мерка притвор на четворица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година, кои се во бегство и против нив треба да биде распишана потерница, соопшти судот. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по добиено известување од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М.,...

ВМРО-ДПМНЕ им се закани на Јеремиќ и на медиумите што ја пренеле изјавата за Мијалков

Објавувањето дека е отворена предистражна постапка по допрен глас за интервјуто на Вук Јеремиќ е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е еднаква за сите, туку партиско-политички прогон нарачан од Заев и од неговата хунта, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Обвинителството отвори истрага по изјавите на Јеремиќ дека Мијалков перел пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка поради постоење на индиции за перење пари од високи македонски функционери, по изјавата што ја даде поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, информираат од обвинителството. Јеремиќ минатата недела изјави дека чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври годинава преку белградската фирма СЦМГ ја купила централата на...

Именувани в.д. шефови на скопското и на обвинителството за организиран криминал

Советот на јавни обвинители на денешната седница именуваше в.д. шефови на неколку обвинителства, кои ќе ги вршат овие функции во наредните еден-два месеци. Ова, како што појасни претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев, било едногласно договорено за да може новиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, да си формира сопствен тим. Така, за в.д. шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран...

Полицијата трага по уште шестмина осомничени за насилствата од 27 април

Шест лица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април годинава, и понатаму остануваат недостапни за органите на прогонот и по нив се трага, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата. - Вчера беа 12, денеска се шест - рече Спасовски, алудирајќи дека во последните 24 часа по налог на Обвинителството...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...