fbpx
Таг: охридско езеро

таг: охридско езеро

Охридското комунално претпријатие започна со акции за чистење на плажите

ЈП „Охридски комуналец“ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денеска се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Далјан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани. Вработените охридското комунално претпријатие ја подигаа трската како и расфрланиот ситен и тешко разградлив отпад,...

Повторно се чисти натрупаното ѓубре во Охридското езеро кај Љубаништа

Охридските општински власти повторно го чистат натрупаното ѓубре на крајбрежјето на Охридското езеро кај Љубаништа. По реакциите на граѓаните и на медиумите, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа нова акција за чистење и собирање на отпадот кој во текот на изминатите неколку денови беше натрупан на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од кампот Љубаништа до границата со Албанија. Акцијата...

Потонати рибарски мрежи во должина од 12 километри извадени од Охридското Езеро

Нуркачкиот центар „Амфора“ спроведе акција за вадење на заостанати потонати мрежи (духови) од дното на Охридското Езеро, при што беа извадени вкупно 230 рибарски мрежи со должина од околу 12 километри. „Заостанати потонати мрежи (духови) во Охридско Езеро претставуваат голема опасност за живиот свет во езерото. Станува збор за потонати мрежи, кои прават штета не само на рибниот фонд туку...

Охридски „Комуналец“ за еден ден собра 150 вреќи ѓубре исфрлено во езерото

По обилните врнежи дожд и големите бранови во изминативе денови, Охридското Езеро исфрли огромни количества отпад на потегот од кампот Љубаништа, манастирскиот комплекс Свети Наум, воениот камп па сѐ до границата со Албанија. Екипите на ЈП „Комуналец“ од Охрид вчера почнаа да го собираат исфрленото ѓубре од езерото. Само во текот на вчерашниот ден се собрани 150 вреќи пластични...

Се враќа слатководниот рак во Охридското Езеро

Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови примероци слатководен рак, којшто е редок вид, во водите на Охридското езеро. Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела во сите слатки води низ...

Владата до УНЕСКО: Со Албанија ќе бараме прифатливо решение за трасата на пругата

Покрај отворањето на тендерската постапка за анализа на алтернативна рута за идното железничко поврзување меѓу Македонија и Албанија, владата во доставениот извештај до УНЕСКО тврди дека формирале државна работна група, која заедно со УНЕСКО и албанските институции ќе работи на изнаоѓање прифатливо решение за овој инфраструктурен проект што нема да му наштети на исклучителната универзална вредност на Охридското езеро. Ваквите...

Адеми: Експертите на УНЕСКО задоволни, преземените активности не се само шминка

Mинистерот без ресор и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми по средбата со тројцата експерти од УНЕСКО кои се дојдени во Охрид да направат мониторинг на терен на севкупната состојба на Охридско - струшкото крајбрејжје, истакна дека треба заеднички да се работи за да го сочуваме она што значи природно и културно наследство на Охридскиот регион. - Експертите...

Владата го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО

Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион, информираат од владината прес - служба. Ваквиот чекор доаѓа на неколку дена пред 1 февруари како краен рок што УНЕСКО ѝ го зададе на владата за да...

Владата го раскина договорот со „Летница – Белвица“ за концесија за Охридското езеро

Македонската влада донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница - Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер, информираат од владината прес - служба. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денес во Охрид изјави дека по низата реакции од медиумите,...

Нивото на Охридското Езеро под просекот за јануари

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи Охридско Езеро е на кота од 693,26 метри надморска височина што е за 12 сантиметри под просекот за јануари. Исто така денеска беше измерена температура на езерската вода од 6,5 Целзиусови степени. Од УХМР информираат дека сувото време ќе продолжи и во наредните денови и во првата половина на овој месец не...

Охридското езеро е депонија на стари и еколошки опасни пловила

Бродови стари по неколку децении, педалинки и пловила за туристи изработени без да се испочитуваат основните еколошки стандарди претставуваат проблем за Охридскиот регион, кој доколку сега не се реши, во блиска иднина би можел дополнително да ја влоши ситуацијата со бројноста и квалитетот на пловилата во Охридското езеро. Праксата покажува дека постои потреба од низа на законски измени за да...

Владата и владините служби нема да користат пластика за еднократна употреба

Владата на вчерашната седница во Куманово ја задолжила Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на премиерот, владата, министерствата и органите во нивни состав, секретаријатот и други стручни служби на владата и Уставниот суд да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и...

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа - Струга и пругата Струга - Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид СОС“ во соопштението за медиуми...

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес - служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше постојната траса на железничкото поврзување...

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог - решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево - Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. - Во предлог - решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба да се преземат и меѓународни...

Владата го презеде управувањето со колекторскиот систем на Охридското езеро

Советот на општина Охрид на денешната седница ја донесе одлуката за поделба на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ - Струга и за присоединување на неговите досегашни надлежности за Охридското езеро кон новоформираното претпријатие во државна сопственост „Колекторски систем“. Ваквата одлука на општинските советници доаѓа по одлуката на владата од пред десетина дена за инвестирање на 183 милиони денари за санација на...

Или се на одмор или на боледување: Три месеци нема одговори за железничката инфраструктура

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе трет месец не доставува одговори на поставените прашања за неколку значајни проекти. „Мета.мк“ изминатово лето во повеќе наврати испраќаше барања за одговори по електронска пошта, а во неколку наврати се обиде и телефонски да добие податоци за значајни теми за железничката инфраструктура. Од јули до денес, ниту едднаш не е одговорено...

Охридско Езеро и неговото крајбрежје се чистат од отпад

Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење за заштита на  животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато на почетокот на акцијата за чистење на Охридското Езеро и на неговото крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија, како дел од акцијата „Чисто, како дома исто“. Градоначалникот, Константин Георгиевски даде директна поддршка и заедно...

Санацијата на колекторскиот систем во Охрид треба да започне на крајот на годинава

Со ребалансот на буџетот за 2019 година, Владата ќе издвои 183 милиони денари за колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно барањата на УНЕСКО, но и потребите за заштита на езерото. На почетокот на ова лето премиерот Зоран Заев најави реконструкција и доградбата на колекторскиот систем и за таа цел е формирано државното претпријатие „Колектор“. Санацијата на колекторскиот систем во...

Потона педалинка во Охридско Езеро на 30 метри од брегот, избегната трагедија

Проблемот со педалинките повторно актуелен, откако и ова лето се случи инцидент во водите на Охридското Езеро. Од Секторот за внатрешни работи од Охрид информираа дека на 31 август во 14.15 часот во СВР Охрид, А.С.(21) од Гостивар пријавил дека околу 13.10 часот, педалинката која заедно со Х.Д.(21) и А.Б.(20) од Гостивар, ја изнајмиле на плажа и со која се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...