понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: охис | 120 резултати

Мирува расчистувањето на депониите во ОХИС и велешка топилница

18 март 2023

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС и депонијата со згура на велешката топилница во моментов е во мирување. Двете најжешки еколошки точки во земјава се најголемите опасности за жителите и за животната средина на Скопје и Велес. Канцерогениот линдан е потврдено дека го има и во воздухот во главниот град и во водите […]

Вечерва во „Шорткат“: Студент во инвалидска количка досега немаше пристап до мензата во „Стив Наумов“

9 март 2023

Главна тема во новата епизода на „Шорткат“ е приказната на студентот Дарко Стојановски сместен во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој е корисник на инвалидска количка. До пред неколку денови, тој не можеше да пристапи до мензата во домот, поради непостоењето на пристапна рампа, што укажува на извршена дискриминација. Во „Шорткат“ информираме и за […]

Во ОХИС, покрај во погонот за електролиза, жива има и во малата депонија

4 март 2023

Во малата депонија со линдан во ОХИС е најдена жива, која во минатото се користела во погонот за електролиза. Токсичниот метал бил откриен минатата година, во текот на чистењето на првата половина од депонијата. За опасноста која демне од живата складирана во ОХИС, но и од историското загадување на зградите, почвата и подземните води во […]

На загадувањето од ОХИС му нема крај, линдан има и во реката Вардар пред Велес

9 февруари 2023

Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ. Загадувањето на подземните води од малата и големата депонија во кругот на ОХИС, но и од онаа во Пеленица која нема никаква заштита, се очигледни. Професорот Стафилов вели дека влијанијата не се задржуваат […]

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, извезени се 960 тони отпад

28 јануари 2023

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, а 960 тони отпад се веќе извезени во Франција. Спакувана е и контаминираната почва извадена од исчистениот дел од депонијата во седум метални контејнери. Од нив три се веќе извезени во Германија заради деконтаминација, а останатите четири чекаат да се извезат исто така […]

До каде сме со грижата за животната средина: Ќе научиме ли во 2023 дека ѓубрето се фрла в канта

30 декември 2022

Чистењето на малата депонија со линдан на ОХИС е една од најважните еколошки активности која ја одбележа 2022 година, а годинава што изминува ќе ја памтиме и по мала, но значајна, победа на екологијата врз бизнисот, поништувањето на концесиите за мали хидроцентрали на Шара. Сепак, заштитата на природата и понатаму не ни е силна страна, […]

На локалитетот Пеленица во Драчево има над 40.000 тони линдан складиран без никаква заштита

29 декември 2022

Високи концентрации на линдан (НСН) покриен со отпад од стакло покажале испитувањата што Министерството за животна средина ги направи на локалитетот Пеленица што се наоѓа над скопската населба Драчево. Опасниот отпад од ОХИС не бил ставен во бетонски базени, како што е случајот со двете депонии во кругот на фабриката, што ја прави Пеленица особено […]

Малата депонија со линдан во ОХИС може да е подлабока и да има повеќе опасен отпад

12 декември 2022

Малата депонија со линдан на ОХИС може да е подлабока и да има поголеми количини на контаминиран материјал. Министерот за животна средина Насер Нуредини неодамна информираше дека ископувањето во втората фаза од чистењето на оваа жешка точка покажало дека во некои делови базенот е подлабок од максималната длабина од 2,5 метри, што беше утврдена во […]

Се испитува загадувањето со линдан на почвата и водите во Пеленица

8 ноември 2022

Ќе се испитува загаденоста на почвата и подземните води на локалитетот Пеленица покрај Драчево, каде што е закопан опасен отпад линдан од ОХИС. Ова е прво испитување на состојбата со животната средина на овој локалитет, откако пред три години беше поставена ограда за да се спречи движењето во контаминираната област. Во Пеленица не се знае колкави […]

Загадената почва од малата депонија со линдан на ОХИС ќе почне да се извезува во Германија

7 ноември 2022

Извозот на земја контаминирана со линдан, која се ископува од малата депонија на ОХИС конечно ќе може да почне, откако е обезбедена транзитната дозвола од Бугарија на која се чекаше подолго време. Почвата, за разлика од линданот, кој се транспортира со брод преку Солунското пристаниште до Франција, ќе патува по копнен пат низ повеќе држави […]

Ќе се чистат локации загадени со жива, се почнува од ОХИС

20 октомври 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе започне со изработка на Стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива. Активностите од документот практично ќе се применат во погоните со жива на поранешниот гигант ОХИС, како пилот-локација. Како што информира министерот Насер Нуредини, Канцеларијата за POPs ќе работи на Национален имплементационен план за редукција и […]

Ќе продолжи чистењето на линданот од ОХИС, 250 тони отпад се спакувани и чекаат извоз

5 септември 2022

По пауза од еден месец, оваа седмица ќе продолжи ископувањето на линдан од малата депонија на ОХИС. Во првиот дел од проектот за чистење на ова историско жариште од некогашната хемиска фабрика, коешто го финансираше УНИДО, исчистени беа над 600 тони отпад, од кои над 470 тони од опасната хемикалија и 126 тони контаминирана земја. […]

Уште седум контејнери, полни со буриња со линдан од ОХИС, заминуваат на уништување во Франција

28 јули 2022

Уште седум контејнери, полни со буриња со линдан од малата депонија во ОХИС до крајот на неделава ќе заминат на уништување во инсценераторот во Франција. Првата пратка од седум контејнери, во кои беа спакувани 477,1 тони отпад од HCH во 1936 буриња, запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по […]

Првите количини линдан од ОХИС заминаа за Франција

4 јули 2022

Првите количини линдан од малата депонија во ОХИС денеска заминаа за Франција. Вкупно 477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и натоварени во седум контејнери и 126,37 тони почва загадена со линдан, спакувана во контејнери, со товарни возила ќе бидат транспортирани до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH […]

Спакувани се 450 тони линдан и 200 тони контаминирана земја од ОХИС, но уште чекаат извоз

10 јуни 2022

Околу 450 тони линдан и 200 тони контаминирана земја се спакувани во специјализирани буриња и контејнери и чекаат да бидат извезени на безбедно уништување. Со ова, заврши првиот дел од проектот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, кој се реализираше со поддршка на УНИДО. Од Министерството за животна средина и просторно планирање […]

Првиот извоз на линданот од малата депонија во ОХИС одложен за следната недела

5 мај 2022

Извозот на првите 450 тони чист линдан, ископан од малата депонија во ОХИС ќе биде одложен до следната недела. Иако испораката беше најавена за 3 мај, од Министерството за животна средина велат дека ќе задоцни заради наводна гужва на Солунското пристаниште. Од пристаништето во Солун, со брод, бурињата со опасниот пестицид ќе треба да отпатуваат […]

Првите количини опасен линдан од ОХИС ќе се извезат во мај [фото]

28 април 2022

Првите количини линдан, ископан од малата депонија во ОХИС ќе бидат извезени на почетокот на мај. Чистењето на опасниот отпад, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, оди побрзо од очекуваното, па наместо една година, би требало целосно да заврши до крајот на годинава. Од средината на март, кога започнаа ископите на малата депонија, […]

Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде чиста за две недели

15 април 2022

За петнаесетина денови ќе биде чиста малата депонија со линдан во кругот на некогашната хемиска индустрија ОХИС. Повеќе од половината од токсичниот пестицид е веќе спакуван и чека да замине за Франција на безбедно уништување. На локацијата останува да се допакува уште контаминираната почва, која пак, ќе се испрати во Холандија. Компанијата „Полиеко“, која е […]

Чистењето на линданот од ОХИС главна тема во новата епизода на „Шорткат“

24 март 2022

Почетокот на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС, но и здравствените проблеми коишто може да ги предизвика линданот, се главната тема која што ја третираме во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Во 29-тото издание на „Шорткат“, ќе можете да се запознаете и со проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ којшто се реализира […]

Идната недела конечно ќе почне чистењето на 13.000 тони линдан од малата депонија во Охис

16 март 2022

Повеќе од три години по првичната најава, чистењето на малата депонија со линдан во кругот на некогашната хемиска фабрика ОХИС започнува идната недела. Завршено е поставувањето на заштитниот шатор и другите подготвителни работи пред да започне ископувањето на историскиот опасен отпад. Линданот и контаминираната земја ќе се пакуваат во специјални буриња и ќе се транспортираат […]

Страна 2 од 6