fbpx
Таг: оглас

таг: оглас

МВР распишува оглас за вработување на нови 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава „Мета“. Огласот треба да биде објавен утре во „Службен весник“ и во утрешните изданија на дел од дневните весници. Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од...

Министерство за транспорт: Запрена е продажбата на Офицерскиот дом во Битола

Министерството за транспорт и врски вчера објави оглас во дневните весници со кој ја запира продажбата на Офицерскиот дом во Битола, соопштија од министерството. „Министерството за транспорт во согласност со законските прописи почна постапка за поништување на продажбата на објектот поранешен Офицерски дом во Битола. Вчера во печатените дневни весници објавивме исправка на огласот, со кој се запира постапката за...

МТВ објави оглас за уредник на информативната програма

Македонската радио-телевизија денеска објави оглас за уредник на информативната програма на првиот програмски сервис. Како главни услови за ова работно место се посочуваат: високо образование, пет години работно искуство во новинарството, активно служење со еден светски јазик, самостојно работење со компјутерски програми потребни за извршување на задачите на тоа работно место и аудио-визуелни способности. Основната плата што ќе ја добива идниот уредник е...

ММФ го почна процесот за пополнување на челната функција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од денеска ги прима кандидатурите за свој нов директор во рамки на отворениот процес, иако директорката Кристин Лагард рече дека е подготвена за уште еден мандат на чело на институцијата. Нејзиниот прв петгодишен мандат истекува на 5 јули, а на таа позиција во ММФ е избрана во 2011 година. Дотогашниот директор, Доменик Строс-Кан, беше принуден да поднесе оставка поради секс-скандал.

ДИК денеска ќе ја разреши Виолета Дума, замената ќе се бара на јавен оглас

На седница на Комисијата за прашања на избори и на именувања, денеска ќе биде разрешена Виолета Дума, неодамна избрана за член на Државната изборна комисија. Како што објасни претседателот на оваа комисија, Зоран Илиоски, разрешувањето е поради тоа што Дума ги исполнува условите за заминување во старосна пензија. За пополнување на местото член на ДИК на предлог на СДСМ ќе...

Собранието в понеделник ќе објави оглас за избор на нови членови на ДИК

В понеделник, Собранието на Република Македонија ќе донесе одлука за објавување конкурс за избор на нов претседател и на нови членови на Државната изборна комисија (ДИК). За понеделник, според распоредот на Собрането, е закажана 73. седница, на која на дневен ред, покрај дополнување на предлог-буџетот на Република Македонија за 2016 година, е и предлог-одлука за објавување јавен оглас за избор на...

МОН ќе додели 40 стипендии за Академија на менаџери

Министерството за образование и наука објави оглас за доделување нови 40 стипендии за студирање на Академијата на менаџери. МОН досега има доделено 120 стипендии во висина од 500 евра по лице за лица вработени во јавен или приватен сектор кои се на одговорни менаџерски позиции. - Овие модули овозможуваат нивна доквалификација и подготовка за поцелосен и поуспешен менаџмент на активностите и...

МВР купува чоколади за 77.000 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша тендер за набавка на чоколади за сума од околу 77.000 евра. Огласот, како што може да се види на електронскиот систем за јавни набавки, е објавен на 6 октомври, а заинтересираните фирми понудите можат да ги достават најдоцна до 26 октомври. Како што стои во огласот, предмет на јавна набавка се „чоколади по спецификација“, а...

Ќе се формира државно „Водостопанство“, Владата распиша оглас за директор

Владата вчера распишала оглас за избор на главен извршен директор на Акционерско друштво „Водостопанство“ на Република Македонија, информираше зменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски. Конкурсот ќе трае до 31 август, а новоформираното друштво ќе почне со работа во октомври. - Ги охрабруваме сите оние кои вруваат во сопствените капацитети, кои имаат одлични организациски способности, се способни да...

Следната недела, нов оглас за искористување на парите од ИПАРД

Следната недела ќе биде распишан нов оглас за искористување на парите од програмата ИПАРД. До крајот на годината, земјоделците ќе можат да искористат 18 милиони евра. На последните два огласи за ИПАРД аплицирале 1.200 земјоделци за кофинансирање во висина од 8 милиони евра. Најголем дел од проектите се однесувале за набавка на земјоделска механизација. Оние кои ќе сакаат да аплицираат ќе...

МВР го зголемува бројот на полицајци за 6 проценти

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 600 полицајци. Како што се наведува во огласот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435, а другите во останатите градови во земјата. Според податоци кои „Блумберг“ ги објави во 2008 година, во Македонија имало 9.905 полицајци. Во 2014 година Иво Котевски изјавил дека имаме околу 8.500 полицијаци,...

Оглас за Програмата за практикантство, ќе учествуваат нови 1.000 лица

Нови 1.000 млади лица годинава може да стекнат практично знаење во компаниите што ќе се пријават за учество во Програмата за практикантство, а со тоа да добијат и можност за вработување. Програмата ја спроведува Агенцијата за вработување од 2009 година, а досега од потпишани 1.400 договори, вкупно се вработени 1.070 лица. Учествуваат компании од разни сектори, но најчесто од услужниот...

Титовиот брод „Галеб“ оди под концесија

Градската управа на Ријека распишала оглас за 30-годишна концесија за комерцијално користење на „Галеб“, некогашниот брод на Јосип Броз Тито, кој е заштитен како културно богатство на Хрватска, пренесува Хрватска радио-телевизија (ХРТ). Според соопштението на градските власти, проценетата вредност на концесијата за 30 години изнесува 10,3 милиони евра. Според студијата за оправданост за давање на бродот под концесија, концесионерот на „Галеб“...

Владата распиша оглас за директори, конзул и за промотори во странство

Владата на Македонија oбјави  јавен повик за ангажман на четворица раководни функционери, и тоа двајца на високи раководни позиции во Владата и двајца во Агенцијата за привлекување странски инвестиции и за промоција на извозот. Огласот на Владата е наменет за избор на директор за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и генерален конзул од Македонија за Минхен, Германија. Сите заинтересирани кандидати...

„Епл“ влегува во светот на виртуелната реалност

„Епл“, заедно со компанијата „Окулус“, подготвува нов фронт за своите ривали „Гугл“ и „Самсунг“. Компанијата почна да бара луѓе кои имаат искуство на полето со виртуелната реалност, „унапредена реалност“ и тридимензионална графика. - Експертот би развивал апликации со висока резолуција, кои се интегрираат во системот за виртуелна реалност, за да се изработи прототип и тестирање - се наведува во објавениот конкурс. Огласот за работа, кој...

Оглас за економски промотори во САД

Македонската влада отвори јавен повик за пројавување интерес за економски промотори. Се бараат високо-образовани и способни кадри, со релевантно искуство. Потребни се економски промотори во Њу Џерси, Конектикат, Далас и во Хјустон и еден во Минеаполис. Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија активно учествува во енергичната кампања на Владата која има примарна цел - подобрување на...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...