fbpx
Таг: оглас

таг: оглас

Законот за јазиците и огласот за наследникот на Зврлевски денеска во Собранието

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен...

Собраниската расправа за огласот за нов државен јавен обвинител продолжува в среда

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, точно во 18 часот ја прекина расправата по точката за предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на претходниот – Марко Зврлевски. Следното продолжение на седницата Џафери го закажа за среда, во 11 часот, затоа што утре тој ќе присуствува на Меѓународната научна конференцијата „Балканот помеѓу Западот и...

Почна и веднаш заглави расправата за распишување оглас за наследник на Зврлевски

Собранието ја почна расправата за предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на претходниот - Марко Зврлевски. Координаторите на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, кои почнаа да се јавуваат за збор, еден по еден, обвинија дека постапката се води незаконски за време на распишани избори, идентично како и при разрешувањето на Зврлевски, бидејќи...

Жонглирања со дневниот ред и барања за конструктивност во Собранието

Собраниското мнозинство денеска не го поддржа предлогот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, одлучувањето за распишување оглас за нов државен јавен обвинител да биде отстрането од дневниот ред на 12. седница бидејќи, според пратениците на опозициската партија, се коси со Изборниот законик. Мнозинството гласаше и против предлогот на Илија Димовски од дневен ред да биде отстранет и изборот на потпретседатели на Собранието,...

Огласот за наследник на Зврлевски и трите социјални закони денеска пред пратениците

Денеска Собранието на Република Македонија ќе ја почне 12. пленарна седница, прва по двенеделниот одмор на пратениците. На дневен ред на седницата, чиј почеток е закажан за 11 часот, е и предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски. Зврлевски беше разрешен на последната седница пред одморите, односно на 17 август, а...

Собранието на 4 септември ќе решава за огласот за нов државен јавен обвинител

Предлогот на Владата за распишување на оглас за именување на нов државен јавен обвинител е ставен на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, закажана за 4 септември. Како што може да се види од најавата за седницата, на интернет страницата на Собранието, предлогот е 11. точка од дневниот ред на седницата. Според постапката предвидена со Законот за јавни обвинители,...

Џафери распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители. Огласот Џафери го распишал вчера, а денеска е објавен во дел од дневните весници, а треба да биде објавен и во „Службен весник“. Како што стои во објавата, станува збор за избор на член на Советот од „редовите на универзитетски професори по право, адвокати...

Рокови, процедури и можни сопки за изборот на новиот Јавен обвинител

Со разрешувањето на Марко Зврлевски од функцијата државен јавен обвинител, Владата може да почне со процедурата за именување на негов наследник. Ако разрешувањето на Зврлевски ја окупираше јавноста добар дел од летото, со развлекувањето на расправата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш речиси извесно е дека постапката за именување на нов јавен обвинител, која и онака е покомплицирана,...

МВР објави оглас за вработување на 500 нови полицајци

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за вработување на 500 нови полицајци, од кои 360 ќе бидат распределени во СВР Скопје, во СВР Охрид - 30, во Битола, Струмица, Штип, Куманово и во Велес по 20 полицајци и во СВР Тетово - 10 полицајци. Од Министерството информираат дека избраните кандидати ќе имаат основна обука за полицаец во траење од...

Судскиот совет одлучи да објави нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседател на најголемиот кривичен суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Огласот, како што најави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, најверојатно ќе биде објавен утре во „Службен весник“ и ќе трае 15 дена. Одговарајќи на новинарско прашање зошто токму во овој период се објавуваат огласите кога се...

Новиот Зврлевски ќе се избира на оглас: Какви се роковите, процедурата и условите

Штом заврши постапката за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски, Владата веднаш ќе почне процедура за именување негов наследник, изјави премиерот Зоран Заев. Сепак, за разлика од процедурата за разрешуавање на Зврлевски, која може да заврши до крајот на оваа недела, а десетина дена откако Владата ја почна, постапката за именување нов државен јавен обвинител е покомплицирана и...

ЗНМ: Менаџментот на МПМ, наместо да ја реши кризата, се пресметува со новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази загриженост поради опасноста „Медиа принт Македонија“ (МПМ), која поседува четири весници, еден магазин и еден интернет-портал, да оди под стечај. ОД ЗНМ велат дека намерата на сопствениците и на менаџерите на МПМ не е да ја решат кризата во компанијата, туку полека да ги згаснат весниците преку постојано отпуштање на новинарите, што,...

ССНМ: Правосудните и истражните органи да ги испитаат случувањата во МПМ

Шпекулациите за стечај на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), проследени со конкурси за вработување на новинари во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ, се последниот чин од драматичното пропаѓање на оваа медимска куќа, која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени, велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Оттаму...

Владата со 800.000 евра ќе финансира граѓански здруженија и фондации

Владата на Република Македонија денеска објави оглас за финансиска поддршка, во вкупен износ од 50 милиони денари, односно околу 800.000 евра, на активности на здруженија на граѓани и на фондации. Според огласот, објавен во весникот „Дневник“, грантовите се поделени во две категории. Грантови во износ од 1.845.000 денари (30.000 евра) до 3.075.000 денари (50.000 евра) или вкупно 36,9 милиони денари или...

Општините Бутел и Шуто Оризари ќе добијат матични гинеколози

Oпштините Бутел и Шуто Оризари по голем број иницијативи од невладини организации конечно ќе добијат матични гинеколози, кои ќе служат во локалните клиники. Министерството за здравство проблемот ќе го решава со кофинансирана специјализација на 30 гинеколози, кои освен во скопските општини ќе бидат распоредени и во места како Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Јегуновце, Липково, Теарце и Демир Капија, кои првпат...

Талески од куќен притвор распишал конкурс за директор на ЈКП „Нискоградба“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, од куќен притвор распишал конкурс за избор на директор на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ од Битола. На интернет-огласникот „Најди работа“ на 3 септември е објавен оглас под број 670323, во кој стои дека градоначалникот на Општина Битола распишува јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Нискоградба“, Битола. Огласот трае до утре - 9 септември. Директорската...

На огласот за 600 полицајци се пријавиле 3.972 кандидати, денеска почна селекцијата

На конкурсот за вработување на нови 600 полицајци се пријавиле вкупно 3.972 кандидати. Конечната листа на тие што ќе бидат примени во МВР, треба да биде позната на почетокот на октомври, кога треба да завршат сите фази за селекција на кандидати. Првата фаза од селекцијата почна денеска во касарните „Ѓорче Петров“ и „Илинден“ и во тренинг-центарот за обука во Идризово, каде...

Нови 125 професионални војници примени во АРМ

Нови 125 професионални војници денеска беа примени во Армијата на Република Македонија (АРМ), откако ги поминаа тестовите за селекција. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на свеченоста во касарната „Илинден“ истакна дека униформата на АРМ претставува гордост и престиж, а на новите војници им порача дека им претстои период исполнет со предизвици и со многу работа. - Упорно и посветено градиме армија...

Чавков: Огласот го распишуваме сега зашто не можеме за време на избори

Огласот за вработување на 600 нови полицајци во МВР е заради зајакнување на капацитетите на министерството, усогласување на приемот на службеници со тие кои заминуваат во пензија и исполнување на европскиот просек на бројност на полицијата, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Според министерот, бројката од 600 полицајци за кои е распишан конкурсот била базирана на...

МВР со новите 600 полицајци продолжува со партизација на полицијата, сметаат експертите

Министерството за внатрешни работи денеска го распиша огласот за нови 600 вработувања во оваа институција. Како што може да се прочита во него, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“. За експертите, вработувањето на нови 600 полицајци во МВР е со цел да се пополнат полициски редови со кадри, за чија селекција најважниот критериум ќе биде...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...