fbpx
Таг: одложено

таг: одложено

Пресудата за „Диво Насеље“ одложена за почетокот на следниот месец

Поради презафатеноста на МВР со обезбедување на локалните избори, изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ е одложено за 2 ноември, соопшти Основен суд Скопје 1 на својата веб-страница. Судот вели дека поради големиот број полициски службеници ангажирани за обезбедување на локалните избори и за обезбедување на делегации од странство во Република Македонија, судското рочиште за „Диво Насеље за 17...

Пучдемон ја потпиша декларацијата за независност на Каталонија, Мадрид најави одговор

Претседателот на каталонската регионална влада, Карлес Пучдемон, доцна синоќа ја потпиша декларацијата за прогласување на независност на Каталонија, но го одложи нејзиното стапување на сила. „Ја создаваме Република Каталонија како независна, суверена, правна, демократска и социјална држава“, се наведува во текстот на декларацијата. Претставник на каталонската влада, по потпишувањето на декларацијата, изјави дека Пучдемон го одложува нејзиното стапување на сила за да остави...

Рочиштето за „Сопот“ повторно одложено, следното закажано на 18 октомври

Денешното рочиште од судењето за случајот „Сопот“ беше одложено, а следното судот го закажа за 18 октомври. Денешното рочиште беше одложено на барање на одбраната на десеттемина обвинети поради промена на судиите во кривичниот совет и поради тоа што обвинението за случајот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, се согласи со барањата на одбраната, но...

Почна судењето за „Транспортер“, Талески тврди дека не работел криминално

„Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме дека во нашето работење нема криминал. Ако сме грешеле ние, тогаш грешеле сите општини во Македонија“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по денешното прво рочиште за случајот на СЈО, „Транспортер“, кое беше одложено бидејќи во судницата не беа присутни сите обвинети. Како што соопшти одбраната, обвинетата Јасмина Никиќ-Десановска имала сообраќајна несреќа на...

Рочиштето за „Сопот“ одложено, судијката била на службено патување

Рочиштето за случајот „Сопот“, прво откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство, е одложено бидејќи судијката, Дијана Груевска-Илиевска, што го води предметот била на службено патување. Судот, го презакажа рочиштето за 9 октомври. Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, изјави дека очекува судењето да почне што побргу, бидејќи веќе неколку години се одложува, но не сакаше да открие со какви аргументи...

Одложено судењето на Слободан Богоевски, Ахмети и Џафери не се појавија

Одложено е судското рочиште за тужбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери против екс-разузнавачот Слободан Богоевски за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“. Тужителите не се појавија во судницата. Ахмети бара бара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари отштета од Богоевски. Судијата Нухи Рустеми ја сослушуваше адвокатката...

На барање на МВР одложено денешното рочиште за „Диво Насеље“

На барање на Министерството за внатрешни работи рочиштето од продолжението на судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, кое беше закажано за денеска, кога навршуваат точно две години од настаните во кумановската населба, е одложено. Од Кривичниот суд за „Мета“ потврдија дека судијката Верка Петковска ги известила странките во случајот - обвинителството, обвинетите и нивните адвокати - дека на барање на МВР...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев на средба со преставници на ОБСЕ

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во кој првообвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е одложено по барање на одбраната, а следното е закажано за 27 јуни. Заев на судијката Дијана Груевска-Илиевска ѝ покажал документ дека тој денеска во 11 часот имал закажана средба со претставници на ОБСЕ за случувањата во Собранието пред една недела, кога при упад на група...

Рочиштето за „Поткуп“ одложено за 4 мај, Заев бара копии од наредбите за ПИ-мерки

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше повторно одложено, откако адвокатите на одбраната побараа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да им достави копии од доказите за случајот. Судијката Дијана Груевска-Илиевска го прифати барањето на одбраната и следното рочиште го закажа за 4 мај, кога треба да почне главната расправа со...

Уставните судии ја одложија расправата за прислушувањето преку телеком-операторите

Уставните судии денеска го одложија за една од наредните две седници разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Причина за ваквата одлука, како што беше истакнато на денешната седница, е обемниот материјал доставен во прилог на иницијативата. Разгледувањето на оваа иницијатива требаше да биде прва точка на дневен ред...

Со тужбата се врши мобинг врз Панчевски, тврдат неговите адвокати

Судењето против поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кого службеникот во одделот за човечки ресурси во судот, Горан Стаменковски, го тужи за мобинг, е повторно одложено. На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2, не се појавија ниту Панчевски, ниту тужителот Стаменковски, а присутни беа само нивните адвокати. Одбраната на Панчевски, како што пренесува „Телевизија 24“, деновите го...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев бил во Сараево

Рочиштето за случајот „Поткуп“, кој се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше повторно одложено затоа што Заев не се појави во судницата. Според образложението на одбраната, Заев бил во Сараево да прими награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа. Судијката Дијана Груевска-Илиевска го презакажа рочиштето за 3 април. Адвокатот на Заев, Јаким Наумов, во изјава за новинарите истакна дека...

Судењето на Панчевски за мобинг повторно одложено, тој пак не се појави во судот

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, и денеска не се појави во Граѓанскиот суд на рочиштето од судскиот процес што се води против него за мобинг, а по тужба од Горан Стаменковски, вработен во одделението за човечки ресурси на Кривичниот суд. На денешното рочиште дојдоа неговите адвокати, кои пред судот наведоа дека немаат поднесено писмен одговор на тужбата...

Одложен почетокот на судењето за „Еразмус“, одбраната побара изземање на судијката

Почетокот на судењето за случајот „Еразмус“, во кој се обвинети шестмина професори од Економскиот факултет во Скопје, е одложено откако на денешното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побарале изземање на судијката Љубинка Башеска и на судијата Ивица Стефановски, како член на судечкиот совет, пренесува „24 Вести“. Адвокатот Јован Јоанидис, во образложението на барањето за изземање на судиите, навел дека...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, следното закажано за 23 февруари

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го одложи денешното рочиште за случајот „Поткуп“ бидејќи надлежното јавно обвинителство сè уште не донело одлука по барањето на адвокатите на Зоран Заев за изземање на обвинителот Златко Биковски. Одлуката за иземање, сепак, треба да ја донесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од каде, пак, одбија да одговорат на барањето затоа што не...

Судењето на Павле Богоевски одложено за 30 јануари

Основниот суд Скопје 1 денеска третпат го одложи судењето на активистот на „Шарена револиција“ и кандидат за пратеник на коалицијата предводена од СДСМ, Павле Богоевски. Денеска судењето беше одложено по барање на Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Богоевски. Тој соопштил дека од лични причини нема да може да биде присутен на рочиштето. Ново рочиште судот закажа за 30 јануари следната година. На...

Седницата на ДИК го одложи рочиштето против Заев во кумановскиот суд

Во Основниот суд Куманово денеска се одложи рочиштето од судскиот процес што се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на општинската организација на партијата, Мартин Костовски, и против СДСМ како партија, а по приватна тужба од генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски, поради дел од објавените прислушувани разговори, пишува порталот „Кумановски муабети“. Рочиштето е одложено бидејќи во судот...

Повторно одложено судењето на Савески и на Куновски од Левица

Поради болест на Владимир Куновски, кој заедно со Здравко Савески се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска повторно беше одложено рочиштето од судењето на двајцата членови на Левица, пренесува „24 Вести“. Судењето е презакажано за 18 јануари следната година. Инаку, Савески и Куновски се товарат дека на 13 април учествувале во демолирањето на народната...

Поради нова адвокатка, судењето на Зоран Божиновски одложено за 10 ноември

Денеска во Кривичниот суд во Скопје почна судскиот процес против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, но по читањето на обвинителниот акт, рочиштето беше прекинато и одложено, на барање на новата адвокатка на обвинетиот. Таа, како што пренесува „СДК“, побарала дополнително време за да може да направи увид во предметот и да ја подготви одбраната. Следното рочиште е закажано...

Судењето за активистот Богоевски одложено за 14 ноември

Судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 14 ноември затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура. - Обвинителниот предлог не само што е повик за политички мотивиран прогон на луѓе што протестираат, туку е и катастрофално лошо подготвен и правно неиздржан. Обвинителството се дрзна да поведе постапка без претходно...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...