среда, 10 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: одбиени | 21 резултати

Апелација ги одби жалбите на Чавков, Јовановски, Дурловски и Илиевски

12 јануари 2018

Апелацискиот суд ги одби жалбите на единаесетмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, актерот Владо Јовановски, поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски и Богдан Илиевски – Бетмен, кои и понатаму остануваат во притвор што им го одреди и продолжи Кривичниот […]

Василевски останува во „Шутка“, а Димовски во домашен притвор – судот им ги одби жалбите

12 декември 2017

Пратениците во Собранието, Сашо Василевски и Љупчо Димовски остануваат во притвор, односно во куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка. Василевски и Димовски се дел од шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. […]

Мукоски, Арнаудов, Дамовски и Јовановски остануваат во притвор, одлучија Кривичен и Апелација

7 декември 2017

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги отфрли жалбите и ги потврди притворите на пратенците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и решенијата со кои им беше одредена мерка домашен притвор на нивните колеги Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска. Во врска со жалбата на пратеникот Сашо Василевски, судот дополнително ќе информира, откако ќе го […]

Разгледани 170 амандмани за предлог-буџетот, расправата продолжува утре во 11 часот

6 декември 2017

На второто продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, кое продолжи и по 18 часот, беа разгледани околу 170 амандмани на предлог-буџетот, од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса. На расправата, на која не учествуваа пратениците од опозицијата, беа прифатени шест амандмани, четири од ВМРО-ДПМНЕ и два од Беса, […]

ДИК ги отфрли приговорите на Беса, Алијанса за Албанците и на НДМ

2 ноември 2017

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, која заврши вечерва, ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени од партиите Беса, Алијанса за Албанците и НДМ за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, што се одржа на 29 октомври. Од вкупно 89 приговори поднесени од Беса, ДИК отфрли […]

ДИК на маратонската седница ги одби сите приговори за изборите

20 октомври 2017

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите приговори поднесени за гласањето и сумирањето на резултатите од првиот круг на локланите избори кои што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска за „Мета“ изјави дека маратонската седница, која почна вчера околу 10 часот претпладне, завршила утрово и дека сите приговори се одбиени. […]

Пешевски и Латас остануваат без пасоши, Апелација досега ги одби сите жалби на СЈО

17 јули 2017

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната на Пешевски минатата недела. СЈО до Апелацискиот суд се жалеше на […]

За да одлучи за претресите на СЈО, наместо 12 часа, на судот му биле потребни 5 до 10 дена!

8 февруари 2017

Кривичниот суд во Скопје одлуките по барањата за претреси на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во зависност од случај до случај, ги носел во рок од 5 до 10 дена, наместо за 12 часа, односно за 24 часа, како што налага Законот за кривична постапка, потврдуваат за „Мета“ од СЈО. „По барањето за издавање наредба за […]

Антикорупциска ги одби сите приговори на СДСМ за предизборни вработувања

4 јануари 2017

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска на јавна седница ги одби како неосновани сите приговори на СДСМ што се однесуваа на незаконски вработувања во неколку државни институции во предизборниот период. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку својот претставник Стевица Јосифовски до ДКСК поднесе четири приговори за вработувања во Министерството за правда, односно за избор на шест нотари, […]

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и го поништи гласањето во Теарце

20 декември 2016

Советот на Управниот суд ја прифати како основана тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на гласачкото место број 2.011 во општина Теарце, во шестата изборна единица. Приговорот и тужбата на СДСМ за ова гласачко место се однесуваат на тоа дека на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при […]

ДИК одби седум приговори на Беса, за осмиот ќе одлучува дополнително

15 декември 2016

Државната изборна комисија одби седум, а дополнително ќе одлучува по осмиот приговор од Движењето Беса за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, по што членовите на комисијата заминаа на пауза за ручек од еден час. Во последниот приговор, […]

Одбиени жалбите на СЈО за притворот во „Трезор“ и за судијката Петровска

7 октомври 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди решението на судијата на претходна постапка да не му биде одреден притвор на еден од осомничените во случајот „Трезор“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани […]

Судот го одби барањето на СЈО за суспендирање на „Алфите“ од „Тортура“

15 јули 2016

Судијата го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и на петтемина негови колеги осомничени во случајот „Тортура“, соопштија попладнево од Кривичниот суд. На судот му беа потребни речиси 24 часа да излезе со информација за исходот од распитот […]

Нема мерки на претпазливост за Груевски, Јанакиески и Трајковски

10 јуни 2016

Судијата на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и не им одреди мерки на претпазливост на поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кои денеска беа на распит во Кривичниот […]

Кривичниот совет ги укина притворите на уште двајца осомничени во „Транспортер“

26 април 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на денешната седница ги уважил жалбите на двајца осомничени во случајот „Транспортер“ и наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, им определил мерки за обезбедување присуство, соопштија попладнево од Кривичниот суд. „Жалбите на одбраната на обвинетите С.М. и А.Ш. против решението на судија на […]

Јанева бара, a судот не дава копии од списи и докази за „Пуч“

1 март 2016

Судијата што го води случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбил барањата на Специјалното јавно обвинителство да им бидат доставени копии од списи и електронски докази. Во образложението на ваквата одлука од судот велат дека со нивно доставување би била направена повреда на обврската за чување на класифицирани […]

Жалбите на Јанева одбиени – дефинитивно нема притвор за Јанакиески и за Темелко

18 февруари 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, ги одби како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени […]

Страна 1 од 1