вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: обвиненија | 66 резултати

Вучиќ: Ќе бараме екстрадиција на Харадинај

јануари 5, 2017

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе бара екстрадиција на претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој е уапсен во Франција, врз основа на меѓународна потерница распишана од српските власти. Вучиќ пред новинарите во владата на Србија рече дека обвинителството има повеќе основи за кои го товари Харадинај и […]

СЈО има уште 6 месеци за истраги и за обвиненија, дали ќе продолжи ќе решат изборите

декември 4, 2016

Денеска навршува точно една година откако Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги презеде од Јавното обвинителство предметите поврзани со незаконското прислушување. Со ова, според актуелниот Закон за СЈО, на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим им остануваат уште шест месеци за истраги и за поднесување обвиненија во врска со случаите што произлегуваат од „бомбите“. Според членот […]

Борисов предупреди дека е можен терористички напад по немирите во бегалскиот камп

ноември 25, 2016

Состојбата во бегалскиот камп во Харманли на југот на Бугарија се нормализира по безредијата и немирите, кои избувнаа вчера и продолжија во текот на ноќта. Повеќе од 400 мигранти се задржани во притвор поради вандалско однесување, а во нередите се повредени 24 полицајци, од кои најтешко настраданиот има скршеница на раката. Од Министерството за внатрешни […]

ЛДП: Груевски да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

ноември 20, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и за уништувањето на демократијата воопшто, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). – Наместо да се крие зад пораки на „Фејсбук“ за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската […]

Сваровски-судијката за 28 ноември закажа судење за обвинението на СЈО против Грујовски

ноември 4, 2016

Кривичниот суд за 28 ноември го закажа судењето на седумтемина обвинети за уништување на документација поврзана со опремата за нелегално прислушување, меѓу кои и поранешниот директор на петтата управа, Горан Грујовски. Станува збор за едно од првите две обвиненија што Специјалното јавно обвинителство ги поднесе на 15 септември годинава. За второто, односно за насилствата во […]

Ноември ќе биде „најсудски“ месец во годината

октомври 27, 2016

Следниот месец во Кривичниот суд во Скопје се закажани и треба да се одржат рочиштата од судските процеси што предзвикуваат најголем интерес во јавноста, меѓу кои судењето за „Пуч“, за настаните во Општина Центар од јуни 2013 година, за „Диво Насеље“ итн. Речиси сите судења се за случаи кои имаат директна или индиректна врска со прислушуваните […]

Италијанското обвинителство ги отфрли обвиненијата против синот на Ердоган

септември 21, 2016

Билал Ердоган, синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, е ослободен од кривично гонење за перење пари, соопшти денеска италијанското обвинителство. Билал, кој во меѓувреме се врати во Турција, ги негираше обвиненијата. Обвинението против Билал Ердоган (35) дека бил вмешан во перење пари додека студирал во Италија, прв го изнесе Мурат Хакан Узан, кој моментално […]

СЈО нема да бара изземање на „сваровски-судијките“, засега

септември 20, 2016

Специјалното јавно обвинителство засега нема да побара изземање на судијката Лидија Петровска, вели обвинителката Ленче Ристовска за „Мета“. – Засега нема да преземеме ништо, ќе почекаме да почне судењето и сè да биде официјално, па ќе одлучиме што ќе правиме – рече Ристовска. Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави […]

За осум дена може да биде закажано судење за обвиненијата на СЈО, вели Јанева

септември 16, 2016

Судот во наредните осум дена може да закаже рочиште за двете обвиненија што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. – Тие се во скратена постака, а рокот на закажување е осум дена. Судот може веднаш да го заврши тоа, во рок од осум дена да закаже рочиште, а ние сме […]

СЈО го објави вториот извештај, очекува непречена работа во интерес на правдата

септември 15, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го објави вториот шестмесечен извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство, кое беше формирано пред точно една година. Извештајот, кој е на 16 страници, е поделен на шест глави, во кои се наведени детали за финансиското и за кадровското работење на СЈО во изминатите шест месеци, бројот на отворени […]

СЈО: Треба да ни се продолжи рокот од 18 месеци оти е нереален за целосни и објективни истраги

август 25, 2016

Специјалното јавно обвинителство очекува од релевантните институции, односно од Собранието, да ја воочат потребата од промена на Законот за СЈО и да го продолжат рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, велат за „Мета“ од СЈО. Според нив, рокот од 18 месеци не соодветствува со реалните можности за целосно […]

Поднесени обвиненија за нападот во Ница

јули 22, 2016

Париското обвинителство соопшти дека поднело обвиненија против пет лица кои се наоѓаат во притвор поради сомнеж за вмешаност во нападот во Ница. За соучество во убиствата кои ги изведе група со терористички врски се обвинети само три лица, додека двајца се обвинети за кршење на законот за оружје во врска со припадност на терористичка група. […]

Турција поведе обвиненија против 99 генерали

јули 20, 2016

Турските власти формално поднеле обвиненија против 99 генерали и околу 360 офицери поради нивната наводна улога во обидот за државен удар, соопштија денеска турските претставници. Според истите извори, уште 14 генерали ќе останат во притвор. Турските власти во последните неколку дена спроведуваат масовни смени и апсења во војската, полицијата, државите служби и во образовниот систем. […]

Обвиненија за 85 турски генерали по неуспешниот обид за државен удар

јули 19, 2016

Турските правосудни власти поднеле обвиненија против 85 генерали и адмирали на војската, по неуспешниот обид за државен удар, додека неколку десетици сè уште се наоѓаат на распит, јавува турската државна агенција „Анадолија“. По неуспешниот обид за пуч на 15 јули, во кој загинаа околу 300 луѓе, притворени се вкупно 103 генерали на турската војска, против […]

Мексико одобри Ел Чапо да биде екстрадиран во САД

мај 21, 2016

Мексиканската влада ја одобрила екстрадицијата на нарко-дилерот Хоакин Гузман Лореа, попознат како Ел Чапо на властите во САД, каде тој се бара за повеќе кривични дела, меѓу кои и за шверц и убиство. Адвокатите на Гузман, пренесува „Би-би-си“, најавиле дека ќе поднесат жалба на ваквата одлука, поради што се очекува екстрадицијата да се одолговлекува со […]

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

март 28, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата. Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“, со нови осомничени. Во случајот […]

Почна да тече рокот за првите обвиненија од Јанева

декември 15, 2015

Според планот за работа, кој специјалната обвинителка Катица Јанева го достави до надлежените институции, од денеска (15 декември) почнува да тече рокот во кој треба да паднат првите обвиненија за случаите кои произлегуваат од содржината на незаконското прислушување. Кабинетот на Јанева вчера соопшти дека по анализата на материјалите што специјалното обивнителство ги презеде од јавните обвинтелства […]

Унгарија: Покренати 5.335 постапки против илегални имигранти

септември 29, 2015

Унгарската полиција соопшти дека во текот на претходните денови покренала 5.335 постапки против илегални имигранти. Како што се наведува во соопштението на полицијата, 110 постапки се покренати во пограничниот дел со Србија, а другите на пограничниот појас со Хрватска. Во Унгарија, според властите, од почетокот на годинава до вчера на полноќ, во земјата се регистрирани […]

Перо Антиќ ослободен од обвиненијата

септември 10, 2015

Откако обвинителот ги отфрлил сите обвиненија против македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша, кои беа дел од немила случка пред неколку месеци, во ноќен клуб во Њујорк, судот воопшто не го почна процесот. Тогаш Антиќ беше притворен заедно со Сефолоша, кој при апсењето доби скршеница на ногата, поради давање отпор на полицајците за […]

По експлозијата во Тианџин, владини функционери обвинети за негрижа

август 27, 2015

Кина поднела обвиненија против 11 владини функционери одгoворни за пристаништето во Тианџин, за негрижа, во врска со големата експлозија, која се случи на почетокот на овој месец, a во која загинаа 139 луѓе, јавуваат светските агенции. Засега нема информации дали на обвинетите функционери им е одреден притвор, а како што јавува „Би-Би-Си“, 12 извршни директори […]

Страна 3 од 4