недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: обвиненија | 66 резултати

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на протест пред судот поради обвиненијата на СЈО

јуни 29, 2017

Неколку стотини граѓани – поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, каде се одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор и за мерки за претпазливост против високи функционери на партијата, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Насобраните граѓани, како што пренесуваат медиумите, се пред Кривичниот суд […]

Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

јуни 29, 2017

По обвиненијата што Специјалното јавно обвинителство денеска ги поднесе во Кривичниот суд ќе одлучуваат судии кои веќе судат предмети на СЈО, како и нивни колеги кои работеле или сè уште работат на големи случаи, како „Монструм“, „Сопот“ и „Диво Насеље“. Како што информираше Кривичниот суд, случаите „Тарифа“, „ТНТ“ и „Траекторија“ се распределени кај судијките Лидија […]

Кривичниот суд ги доби и ги распредели по судии обвиненијата на СЈО

јуни 29, 2017

Кривичниот суд во Скопје попладнево информираше дека ги примил сите обвиненија што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. Како што соопштија оттаму, предметите под имињата „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку системот за автоматска распределба се доделени кај судијата Моника Бахчовановска. Предметите кои се во надлежност на оддлението за организиран криминал исто така преку […]

СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да соберат храброст и да се соочат со правдата

јуни 29, 2017

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и мора да соберат храброст да се соочат со одговорноста за направените штети врз граѓаните и врз државата, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Груевски по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното […]

Груевски: СЈО нема да нè скрши, историјата ќе суди

јуни 29, 2017

ВМРО-ДПМНЕ е нападната како никогаш досега во историјата, а целта е кршење на партијата и ставање под контрола за поголеми цели од страна на тој што го креираше овој процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференцијата по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. – Се работи за политички, а не за […]

Прес-конференција на Груевски во 16 часот

јуни 29, 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во 16 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференцијата на Груевски следува по прес-конференцијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која таа соопшти дека СЈО ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети за 94 физички лица и за 7 правни лица. Според збирниот извештај […]

СЈО почна да ги носи доказите за обвиненијата во Кривичниот суд

јуни 29, 2017

Тимови на СЈО попладнево, по прес-конференцијата на која специјалната обвинителка Катица Јанева објави дека поднесува 17 обвиненија против 94 физички и седум правни лица, почнаа со пренесување на доказниот материјал во Основниот суд Скопје 1. Доказите, спакувани во десетици кутии, со комбиња беа пренесени во Кривичниот суд, а како што најави Јанева, денеска и утре континуирано […]

СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јанкулоска, Канческа-Милевска…

јуни 29, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска со 17-те обвиненија до Кривичниот суд ќе поднесе и барање за одредување притвор за вкупно 18 лица, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета […]

СЈО поднесе 17 обвиненија, „Талир“ ќе почека

јуни 29, 2017

Специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија за 18 предмети, против 94 физички и седум правни лица, соопшти денеска специјалната обвинителка Катица Јанева, додавајќи дека за овие предмети се обезбедени цврсти докази. Таа истакна дека временскиот рок за истражување не бил доволно долг за да може сите материјали да се истражат, особено имајќи предвид дека СЈО било […]

Прес-конференција на СЈО во 12 часот, се очекуваат нови обвиненија

јуни 29, 2017

Специјалното јавно обвинителство за денеска во 12 часот најави нова прес-конференција, не прецизирајќи за што конкретно ќе станува збор. Сепак, со оглед на тоа дека рокот за поднесување обвиненија на СЈО истекува утре, се очекува на денешната прес-конференција од ова обвинителство да соопштат за кои од отворените истраги ќе поднесат обвиненија. На последната прес-конференција на СЈО на […]

СЈО за утре најави прес-конференција, се очекуваат нови обвиненија

јуни 28, 2017

Специјалното јавно обвинителство најави прес-конференција за утре во 12 часот не прецизирајќи за што конкретно ќе станува збор. Сепак со оглед на тоа дека рокот за поднесување на обвиненија на СЈО истекнува за два дена, се очекува на утрешната прес-конференција од ова обвинителство да соопштат за кои од отворените истраги ќе поднесат обвиненија. На последната […]

Јанева очекува продолжување на рокот и најави истраги за разговори на „разни јазици“

јуни 23, 2017

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува за кратко време да се најде решение за продолжување на рокот за поднесување обвиненија и најави дека во периодот што следи СЈО ќе продолжи со отворање истраги за други прислушувани разговори од кои произлегуваат кривични дела. Ова Јанева го изјави од Охрид, каде учествува на првото издание на Охридската школа […]

Рамуш Харадинај прогласи победа на изборите во Косово

јуни 11, 2017

Рамуш Харадинај вечерва прогласи победа на коалицијата на Демократска партија на Косово, на предвремените парламентарни избори. По затворањето на избирачките места, Харадинај изјави дека оваа коалиција убедливо победила со освоени 40 проценти од гласовите. На второ место е движењето Самоопределување, кое добило 30 проценти од гласовите. На трето место е коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово, […]

Што СЈО нема да може да прави од денеска?

јуни 5, 2017

Специјалното јавно обвинителство од денеска нема може да поднесува обвиненија за случаите што ги презеде од Основните јавни обвинителства на 4 декември 2015 година, а станува збор за вкупно 34 предмети. Ова произлегува од одредбите во Законот за СЈО со кои рокот за поднесување обвиненија е ограничен на 18 месеци. Имено, членот 22 од Законот за […]

СЈО исчезна од изјавите на партиите и на меѓународната заедница

мај 18, 2017

Во еуфоријата што завладеа во земјава по формирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на нов спикер на Собранието и по вчерашното доделување на мандатот за формирање нова влада, од наративот на партиите од мнозинството целосно исчезна Специјалното јавно обвинителство и продолжувањето на неговиот мандат за подигнување обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим […]

Шилегов: Обвинителството да не соучествува, туку да го расчисти насилството во Собранието

мај 9, 2017

Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството во Собранието, каде се случи загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари и вработени во Собранието. Ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов. Тој нагласи дека кривичните дела сторени во Собранието […]

На 30 дена од истекот на мандатот, СЈО очекува продолжување на рокот од Собранието

мај 4, 2017

Специјалното јавно обвинителство очекува поддршка од Собранието за продолжување на рокот за поднесување обвиненија, велат за „Мета“ од СЈО. „­Ова јавно обвинителство повеќепати јавно апелираше за потребата од промена на рокот за поднесување обвиненија. Во таа насока очекуваме од сите субјекти да ја увидат таа неопходност и да искажат конкретна поддршка“, стои во одговорот од […]

Ристоска: Ако не ни го продолжат рокот, имаме резервен план

април 3, 2017

Јавната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска вечерва во гостувањето на „Топ тема“ ги повтори апелите за продолжување на рокот за поднесување обвиненија кое го има СЈО, но истакна дека доколку тоа не се случи тие имаат план „б“. – Апелираме да се продолжи рокот за покренување на обвиненија кој исткува на 30 јуни. […]

Нови избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат нова неизвесност за мандатот на СЈО

јануари 30, 2017

Повторно распуштање на Собранието и распишување на нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат и нова неизвесност за продолжувањето на мандатот или, поточно, на рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, синоќа до полноќ не успеа да обезбеди коалициско мнозинство за формирање […]

Март, април, мај или јуни: Кога точно им истекува мандатот на Јанева и на СЈО?

јануари 14, 2017

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу шест месеци (значи до 4 јуни, односно 30 јуни!) за отворање истраги и за поднесување обвиненија за случаите што се поврзани и кои произлегуваат од „бомбите“ на СДСМ, односно од незаконското следење на комуникациите. Ова произлегува од актуелниот Закон за СЈО, во кој е определено дека СЈО има […]

Страна 2 од 4