ОБСЕ: Конвои со тешко оружје се движат во Источна Украина
9 ноември 2014
Набљудувачите на ОБСЕ забележале колони со воена опрема како се движат низ територијата во источниот дел на Украина, контролиран од проруските сепаратисти. Организацијата за безбедност и соработка изрази загриженост за конвојот кој се движел кон градот Донецк, во близина на Макивка. Русија негира поддршка на бунтовниците со борци и со оружје.