недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: образование | 399 резултати

Одложена седницата на Комисијата за образование: 24 часа за нови предлози

јануари 8, 2015

Седницата на Комисијата за образование, на која требаше да се разговара за предлог-измените на Законот за основно, средно и високо образование по првото читање во Собранието, е симната од дневниот ред. Неофицијално се дознава дека седницата е одложена 24 часа за да се даде можност за нови предлози. Денеска, пак, седници ќе одржат Комисиите за […]

Груевски: Ако има суштински аргумент, ќе го повлечеме законот

јануари 5, 2015

„Законот не е донесен. Првата фаза е помината, има втора фаза, има можност за амандмани. Ништо не е завршено. Ние сме подготвени да го повлечеме, па повторно да го пуштиме законот во коригирана форма. Меѓутоа, треба да слушнеме суштински аргумент за тоа“, рече премиерот Никола Груевски во дневникот на „Сител“. – Имаше сериозна дебата, имаше луѓе […]

Адеми: Ќе бидат прифатени предлози во вид на амандмани од пратеничките групи

јануари 5, 2015

До крај ќе се залагам за да се стави крај на негативните појави во образованието затоа што наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование за здраво општество и за европска визија на нашата држава. Се надевам дека за ова ќе имам подршка и од вас, академската заедница, истакна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, […]

Груевски: Ве поканивме за да аргументирате, а не за да одложите

јануари 5, 2015

Дебатата за законот за високо образование почна во Собранието на Република Македонија, но во неа не учествуваат професорите од „Професорски пленум“ и членовите на „Студентски пленум“. Претходно, по барање на професорите, премиерот Никола Груевски ја префрли дебатата од хотелот „Александар палас“ во Собранието на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски рече дека се надева дека на дебатата […]

Штуловиот универзитет со предлог за реформи во високото образование

јануари 3, 2015

Предлог за унапредување на реформата во високото образование до Министерството за образование достави Штуловиот универзитет.  Универзитетот на Југоисточна Европа предлага македонските универзитети да работат според студиски програми на најдобро рангираните универзитети во Европа и во САД. Универзитетот посочува дека поради поинаквиот пристап, дел од нивниот наставен кадар сега предава во европски универзитети како визитинг-професори, а […]

„Студентски пленум“: Министрe, го слушнавте ли гласот на 10.000 студенти?

декември 17, 2014

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ си заминаа по два часа чекање пред Министерството за образование, каде зад затворени врати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и заменик-министерот, Спиро Ристовски, имаа работна средба со деканите на педагошките факултети. Средбата беше префрлена во последен момент, па наместо најавената јавна дебата по повод предложените предлог-закони која […]

СДСМ: Власта веднаш да ги повлече предложените измени во образованието

декември 15, 2014

Владата и Министерството за образование се исплашија и затоа се обидоа да ги пресретнат факултетите, од коишто секојдневно излегува јасно „не“ за државниот испит, истакна на денешната прес-конференција Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука во СДСМ. – По Правниот факултет, намерата на Владата за т.н. државен испит ја отфрли Факултетот за драмски уметности. Последната информација е […]

Остри први реакции: Понижувачки се новите владини мерки во образованието

декември 14, 2014

Професорите остро реагираат на новите предлог-законски решенија што Владата ги донесе на вчерашната седница. Велат дека со новите мерки, власта само ја понижува академската јавност и дека народот мора да излезе и да се побуни затоа што водат кон распродавање на државата. Професорот Љубомир Цуцуловски вели дека овие промени за него биле очекувани, особено затоа што […]

Директорите на училиштата од Центар не биле на тајниот состанок во „Јосип Броз Тито“

декември 10, 2014

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска се сретна со директорите на седумте основни училиште од Центар. Директорите на состанокот негирале дека биле повикани и оти присуствувале на  каква било средба во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Жерновски се надева дека политиката нема да се вмеша во образованието и дека најстрого ќе бидат казнети директорите што ќе ги затворат вратите […]

Адеми: Кога ќе утврдиме модел, ќе разговараме со студентите

декември 9, 2014

Наредните денови ќе се разгледува информацијата на Министерството за образование за проектот државен испит, истакна денеска министерот Абдилаќим Адеми. – Не успеавме да дискутираме поради голем број точки. Се надевам дека деновиве ќе има продолжение на седницата и ќе се дискутира за пакетот закони кои МОН ги достави до Владата како нацрт-закони. Тука се законите […]

„Студентски пленум“: Колку повеќе нè има, толку е потешко да нè заокружат!

декември 4, 2014

„На 10 декември, кој воедно е и Меѓународен ден на човекови права, ве повикуваме на втор студентски марш против необмислените реформи во високото образование. Студентскиот марш ќе се случи на 10 декември 2014 година, среда, со почеток во 12 часот. За збирно место е избрано платото на УКИМ“, се вели во соопштението на „Студентски пленум“. „Маршот е неопходност […]

Ќе се реализира проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

ноември 24, 2014

Министерството за образование и наука информира дека во тек е реализацијата на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој е дел од програмата за работа на Владата на Република Македонија и чијашто единствена цел и фокус се учениците, нивното правилно насочување и придонес кон социо-културолошкиот развој, преку факултативна интеракција и преку дружење со […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи да го унапредува образованието

ноември 16, 2014

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата, како од аспект на воспитно-образовниот процес, така и од аспект на инфраструктурните услови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на прес-конференцијата на СДСМ. „Развојот на образованието е еден од клучните приоритети во работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а за […]

СДСМ бара да се обезбедат подобри услови во училиштата

ноември 10, 2014

Алармантна е финансиската ситуација во основното и во средното образование. Училиштата во Карпош должат повеќе од еден милион евра, во Струга и во Кичево нема пари за нафта и за греење, во селата во Велес родителите не ги пуштаат учениците на настава поради нехигиена, Битола има проблеми со превозот на ученици, обвинува СДСМ. Според партијата, има […]

Примена на асистивна технологија во редовното основно и средно образование

ноември 5, 2014

Денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Примена на асистивната технологија во редовното основно и средно образование“, која е во организација на проектот на УСАИД за електронски пристапно образование. Проектот го спроведува здружението „Отворете ги прозорците“. На тркалезната маса се поканети и претставници на локалните образовни институции, на граѓански организации и родители […]

Страна 20 од 20