среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: образование | 399 резултати

Утре и задутре Саем на образование во „Сити мол“

март 14, 2025

Утре и задутре во „Сити Мол“ ќе се одржува Саем на образование, настан на кој матурантите и студентите ќе можат да се информираат за своите академски и кариерни можности. Настанот го организира „Скопје Сити Мол“ и „Студентарија“ – најголемата дигитална студентска платформа и заедница во Македонија. На Саемот ќе учествуваат државни и приватни универзитети со […]

Десетици универзитети, академии и компании ќе бидат дел од Саемот за образование на 15 и 16 март

март 4, 2025

Годинешниот Саем за образование ќе се одржи на 15 и 16 март во Скопје Сити Мол, а е во организација на овој трговски центар и „Студентарија“ – најголемата дигитална студентска платформа и заедница во Македонија. На настанот, матурантите и студентите ќе можат да се информираат за своите академски и кариерни можности во земјава. Најавено е […]

Етика и Логика нема, Филозофијата што треба да ги спаси е неизборна и на минимум

февруари 5, 2025

Самата Јаневска два пасусa подолу во интервјуто ја посочува својата недоследност и посочува дека проблем, де факто има. Предметите ем формално ги нема, ем се ставени како можност да се изучуваат во предметот Филозофија, доколку ученикот се реши да ја избере во 3 и четврта година. Она  што е добро е што министерката вели дека […]

Софтверот кој открива плагијати слаб, државата и професорите немоќни

јануари 28, 2025

Македонија има само едно свое оружје за борба против плагијатите, кое е слабо, честопати нефункционално и неспособно да ја врши својата работа. Порталб.мк наиде на големи препреки, но успеа да се регистрира во софтверот плагијати.мк. Способноста на менторите да дефинираат дали студентите сами го сработиле и го напишале својот труд е исто така слаба, за […]

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

јануари 14, 2025

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните кабинети по одредени предмети не се целосно снабдени со наставни помагала. Во училиштата, во пракса, во наставниот процес, недоволно се применуваат современи наставни методи […]

Високото образование во 2024: Многу зборови, малку промени

јануари 3, 2025

Изминатата 2024 година Македонија беше исправена пред предизвици и настани кои повторно го поставија прашањето за иднината на високото образование и студентскиот стандард. Од зголемени трошоци за студентите, преку корупцијата, до протести и барања за подобрување на условите – уште една година помина со впечатокот дека системот бара сериозни реформи. Според Државниот завод за статистика, […]

Новиот модел на инклузија е во интерес на децата со посебни образовни потреби, не исклучува ниедно од нив, тврди Јаневска

декември 28, 2024

Со измените на Законот за основно образование се обидовме на најдобар начин да ја решиме инклузијата на учениците со попреченост, а родителите не треба да се грижат, зашто промената на моделот ја правиме за доброто на децата, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во вчерашното издание на „Топ Тема“ на Телевизија Телма. „Веќе […]

Јаневска: Затворени се пет приватни научни институти, заканите ќе ги пријавиме

декември 27, 2024

Затворени се пет приватни научни институти, а кај петнаесеттина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова во однос на досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука (МОН) формирани за оваа намена, го изјави министерката Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа. Таа […]

Јаневска: Учениците влегле и си поиграле во е-дневникот, наставниците да внимаваат

декември 5, 2024

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, оценува дека ученици во „Коле Неделковски“ од Велес, за кои Мета пишуваше дека внесувале коментари и оцени во е-дневникот, само си поиграле. „Се случило компјутерот на наставничката да биде оставен отворен и учениците како ученици, како што вообичаено се случува, влегле во системот и се поиграле со системот. […]

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките

декември 3, 2024

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да ги променат лозинките за да можат да се најават во системот. Како што дознава Мета, ученици во училиштето „Коле Неделковски“ во Велес, наводно ученици […]

ЕК за образованието: Резултатите на учениците слаби, буџетот потпросечен

ноември 19, 2024

Слаби ученички резултати на меѓународните тестирања, буџет за образование кој е далеку под просекот на ЕУ, дигитална трансформација која е ефективна, кохерентна и инклузивна. Ова се само дел од забелешките нотирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, кој се однесува на образованието. Иако има многу предизвици, сепак, во делот кој се однесува […]

Законските измени за основно и средно оставаат простор за дискриминација, предупредуваат експертите

ноември 15, 2024

Од Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД), минатата недела преку писмена реакција изразија загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование, кои според нив, ќе значат назадување, наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес. Како што оттаму наведуваат, во предлог-законите за основно и средно образование, […]

Платформата за родова еднаквост остро реагира на измените на Законот за основно образование

ноември 1, 2024

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование, во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет, се наведува во денешната реакција од Платформата испратена […]

Стипендиите ќе подлежат на ревизија, ќе се делат на дефицитарните струки

октомври 8, 2024

Стипендирањето студенти треба да стимулира упис на дефицитарни струки, па оттука и стипендиите на МОН веројатно ќе подлежат на ревизија, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Периодов во Министерството за образование и наука (МОН) се прави анализа која треба да покаже кои струки се дефицитарни и на тие струки да се доделуваат […]

Инциденти за време на студентските избори на Универзитетот во Нови Сад, нападнати студенти

септември 23, 2024

Под силно обезбедување и целосна забрана за влез на секој што нема студентски индекс, денеска се одржаа избори за членови на Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Студенти од српската неформална група СТАВ рано утринава биле нападнати пред зградата на Ректоратот на Новосадскиот универзитет, јави дописникот на Нова.рс од местото на настанот. Тие […]

Лесли Милер: Во РСМ има образовна криза, слабите резултати се итен повик за акција

септември 11, 2024

Почетокот на новата учебна година е совршен момент да размислиме за состојбата на нашиот образовен систем и за итната потреба да одговориме на тековната криза со учењето. Со оглед на слабите резултати на последното ПИСА тестирање (75 отсто од 15 годишните ученици во земјата имаат ниски резултати по читање, а 66 отсто покажуваат ниски резултати […]

Со магнетни футроли САД го решава проблемот со употреба на телефони на часовите

септември 9, 2024

Oсум училишта во Тексас имплементирале нова политика за забрана за користење мобилни телефони, односно се бара од учениците да ги заклучуваат своите телефони во футроли, од првото па сè до последното училишно ѕвонче, пренесува „Форбс“. Пред да започне наставата во девет часот наутро, 2.800 ученици влегуваат во училишните згради со отворени футроли и телефони во […]

МОФ: Потребно е да се интегрираат информатичката технологија и дигиталните трендови во наставата

септември 2, 2024

Учениците заслужуваат современи методи на учење, критичко размислување и интегрирање на информатичката технологија и дигитални трендови во наставата, како и да се вложува во научно-истражувачката дејност и да се јакне ученичката самостојност. Ова е ставот на во Младинскиот образовен форум (МОФ), на првиот училишен ден. „Денес, на 2 септември, околу 67 илјади средношколци и 180 […]

За седум години, 17.000 ученици помалку во државните училишта

септември 2, 2024

Денеска на првиот училишен ден, во училиште појдоа 245.000 основци и средношколци. Според Министерството за образование и наука (МОН), за последните седум години бројот на ученици во основните и средните училишта е намален за 17.000 што е околу 7 отсто. Во прво одделение, пак, според МОН, се запишале 3.500 ученици помалку во споредба со учебната […]

Наставници пред МОН побараа повисоки плати, Јаневска вели покачување е предвидено во 2025

септември 1, 2024

Повисоки плати побараа учесниците на денешниот собир на наставници и просветни работници што го организираше Комисијата за образование и наука на СДСМ, а кој се одржа пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). Просветните работници не сакаат да бидат потценети, девалвирани и уценети, беше пораката од собирот. „Бараат да бидат вклучени во подготовките […]

Страна 2 од 20