недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: образование | 401 резултати

Само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование во 2015 година

март 24, 2017

Во 2015 година, само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование, петмина станале магистри, а не е забележан ниту еден случај на успешно завршени докторски студии. И покрај фактот дека школувањето во Македонија за лицата со прв и со втор степен на инвалидност е бесплатно и истото е покриено од буџетот, бројот на лица кои […]

Во образованието има премногу теорија, а практичната настава ја има само на хартија

март 23, 2017

Последните анализи бележат голем расчекор меѓу кадрите што произлегуваат од образованието и побарувачката на пазарот на трудот. За тоа кои се причините за ваквата состојба и како да се надмине овој проблем, денеска во Тетово се дебатираше на тркалезна маса под наслов „Образованието за вработување“. Учесниците нагласија дека разликата меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот […]

Вклученоста на Ромите во образовниот процес е значително подобрена, велат невладините организации

март 16, 2017

Состојбата на Ромите и нивното вклучување во образованието етапно се подобрува, како резултат на проектите што ги спроведуваат невладините организации, сметат учесниците на тркалесната маса „Подобрување на состојбата на Ромите во образовните процеси“. Од невладината „Сонце“ велат дека бројката на Роми што се запишуваат во основно и во средно образование е многу зголемена. Ваквиот став го делат […]

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа

февруари 8, 2017

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа или по завршувањето на студиите мораат да се преквалификуваат. Ова меѓудругото се вели во анализата на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, каде што последните години 500 студенти станале стипендисти на неколку поголеми компании со кои соработува универзитетот. – Дипломираните студенти ретко завршуват во струката за […]

Доналд Трамп и официјално стана 45. претседател на САД

јануари 20, 2017

Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана 45. претседател на САД. Неговата инаугурација во Капитол хил ја следеа 900.000 луѓе. Откако положи заклетва над Библијата, Трамп се поздрави со семејството и го почна својот говор, во кој, меѓу другото, зборуваше и за проблемите со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави. – Проблемите со сиромаштијата, здравството, […]

Тевдовски: Нема да ги намалиме платите, тие се најниски од цел регион

декември 21, 2016

„Нема да ги намалиме платите, излезот за економската криза во Македонија е во нивно зголемување. Тоа ќе креира дополнителна потрошувачка и ќе биде стимул за зголемување на продуктивноста во македонската економија“, одговори на новинарско прашање претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, откако вчера членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, ги обвини СДСМ дека пропагирааат […]

Денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

декември 8, 2016

Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес. Наградата, во областа на воспитанието и образованието, […]

Груевски во Неготино вети дека сите села ќе станат слободни економски зони

ноември 23, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Неготино порача дека на 11 декември народот ќе избере политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија. Тој го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека заговара кантонизација, двојазичност на цела територија и рекомпонирање на државата. Груевски вети повеќе проекти од областа на образованието, здравството, земјоделството, меѓу […]

Вељаноски: СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа

ноември 23, 2016

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ја обвини опозицијата дека во својата предизборна програма предвидува реорганизација на локалната самоуправа и формирање локални полиции. На денешната прес-конференција во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Вељаноски истакна дека СДСМ во својата програма задира и во културата, образованието, децентрализирањето на социјалната заштита, управувањето со земјоделското земјиште, а сето тоа го оцени […]

Денеска се одбележува Денот на албанската азбука

ноември 22, 2016

Албанската заедница во Македонија денеска го одбележува Денот на албанската азбука. Манифестација по тој повод ќе се одржи во Битола, па во Музејот на албанската азбука ќе биде отворена Спомен-собата на Комисијата на албанската азбука, во која се претставени нејзините 11 членови, кои во 1908 година одлучиле за новата азбука на Албанците. По повод одбележувањето […]

Студент фрли доматен сос врз албанската министерка за образование

ноември 18, 2016

Студент, активист од Движењето за универзитет, вчера фрли доматен сос врз министерката за образование на Албанија, Линдита Никола, јави дописникот на „Мета“ од Тирана. Левичарското Движење за универзитет се противи на образовните реформи, тврдејќи дека со нив се привилегираат приватните универзитети, а се дискриминираат сиромашните студенти. Движењето во изминатиот период организираше повеќе протести, но владата […]

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

октомври 20, 2016

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји. Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 […]

ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

октомври 14, 2016

Панел-дебата на темата „Видливи и реални проекти“ организира ВМРО-ДПМНЕ во Македонска опера и балет. Настанот се одржува во рамките на тридневниот отчет на партијата за постигнувањата, проектите и за политиките. На вечерашната дебата, меѓу другите, учествуваат и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик-министерот за образование и за наука, […]

Средношколците од Тетово и денеска протестираа поради проблемот со превозот

септември 23, 2016

Втор ден тетовските средношколци од руралните општини протестираа пред општинската зграда, барајќи да им се обезбеди бесплатен превоз. – Немаме пари да го платиме превозот. Според законот за децентрализација, општината е одговорна да обезбеди бесплатен превоз, затоа одговорноста за овој проблем ја бараме кај локалната самоуправа – изјави ученик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. […]

Хан: Турција наскоро ќе добие 300 милиони евра за школување на бегалците

септември 9, 2016

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, најави денеска дека ЕУ кон крајот на месецот ќе потпише договор во вредност од 300 милиони евра со турското министерство за образование за да се помогне во школувањето на околу три милиони бегалци што моментно живеат во Турција. На денешниот состанок со шефот на турската дипломатија, Мевлут […]

Студентите во Тирана протестираат против новите образовни реформи

септември 7, 2016

Неколку стотици студенти денеска, во Тирана, излегоа на протест против образовните реформи кои резултираа со отфрлање на студенти, кои имаат највисок просек по завршување на средно школо, уште во првата фаза на упис на факултетите. Студентите се жалат на променетите правила кога станува збор за упис на универзитетите по измените на Законот за високо образование оваа […]

МОН: СДСМ заборава дека во нивно време не изградија ниту едно училиште

септември 5, 2016

Во врска со информацијата дека почетокот на учебната година ги чини семејствата неколку илјади денари по ученик, би сакале да информираме дека Владата и Министерството за образование и наука веќе осма година по ред имплементираат концепт на бесплатно образование, кој опфаќа обезбедување бесплатни учебници за сите основци и средношколци, како и бесплатен превоз за тие што живеат на […]

Атанасов: Состојбата во образованието е катастрофална

септември 1, 2016

„Образованието во Македонија е во катастрофална состојба. Владата и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ носеа лоши закони, остваруваа погрешни цели и трошеа многу пари на промашени проекти. Ја понижија просветата, особено со екстерното тестирање, кое, веднаш да кажам, ќе биде укинато“, изјави претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов. Тој додаде дека […]

Кучи: Примена на швајцарски искуства за развој на туризмот во Македонија

август 19, 2016

Искористување на туристичкиот потенцијал на Македонија преку примена на швајцарска експертиза во областа на туризмот, најави министерот за економија Дритон Кучи, по потпишувањето на меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, со директорката на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Розанди Лоу. Со потпишувањето на овој меморандум, Македонија ќе добие поддршка […]

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ носи шверцерски закони на штета на образованието

јули 14, 2016

Владејачкото мнозинство на последната седница на Собранието на Република Македонија повторно и без присуство на опозицијата изгласа нови измени на законот со кој пред две недели го формираше новиот универзитет „Дамјан Груев“, вели Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ. – Со ова, власта само потврди дека закон донесен без претходни консултации, без финансиска […]

Страна 17 од 20