fbpx
Таг: обраќање

таг: обраќање

Иванов: Да продолжиме да градиме праведно општество, темелено врз мирот, вистината и врз слободата

Претседателот Ѓорге Иванов во својот новогодишен говор им порача на граѓаните да им посветат љубов и внимание на семејствата, на децата, на соседите и на пријателите, да бидат солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од поддршка и од помош. Исто така, посака да сите да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност, поради кои и...

Заев: 2016 година ќе биде година на правдата

Во новогодишното обраќање, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, истакна дека во 2015 година вистината го осветлила патот, а по неа ќе дојде правдата. - По вистината, секогаш доаѓа правдата. 2016 година ќе биде година на правдата. Ќе можеш да ја добиеш во правични институции. Ќе живееш во правично општетство. Затоа што на правични избори ќе одлучиме праведно, за себе, за своите деца, за...

СДСМ: Иванов избра да биде приврзок на Никола Груевски

Денеска СДСМ и коалициските партнери нема да присуствуваат на годишното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, изјави Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ. - Учинокот на Иванов, во неговото сторување и несторување, е најголемо девастирање и понижување на функцијата претседател на државата. Иванов избра да биде приврзок на Никола Груевски. Ние тврдевме, а проектот „Вистината за Македонија“...

СДСМ утре ќе го бојкотира обраќањето на Иванов во Собранието

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Горан Сугарески, денеска на паузата од собраниската седница изјави дека ВМРО-ДПМНЕ повторно го крши Договорот од Пржино со тоа што одби законот за јавнообвинителска служба на специјалното обвинителство да се донесе по скратена постапка. - Со ова само се докажува стравот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не сакаат овој...

Спасовски: МВР месечно троши повеќе од еден милион евра за мигрантската криза

Министерството за внатрешни работи месечно троши повеќе од еден милион евра за справување со масовниот прилив на мигранти, а и покрај донаторските конференции, одржани повеќепати, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од Чешката Република, УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Ова, меѓу другото, го изјавил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето поздравно обраќање на...

Заев: Целта ни е да има кристално чисти избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на 19. програмски конгрес на партијата, изјави дека СДСМ го зацртува патот на поинаква, напредна Македонија, земја на еднакви граѓани. - Во финалето сме. Финале што ги испраќа Никола Груевски и расипничката власт во историјата. Тоа веќе се случува. Нема бегање од Договорот од Пржино. Специјалното обвинителство е формирано, преодна влада е формирана, за неколку дена...

Претседателот Иванов на Самитот на ОН за климатските промени во Париз

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на отворањето на 21. Самит за климатски промени (COP21), што се одржува во Париз од 30 ноември до 11 декември, соопштија попладнево од кабинетот на Иванов. Претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на самитот, кој свечено ќе биде отворен од...

Ахмети: Наша цел е еднаквост на Албанците и Македонците

Нам Албанците во овие времиња ни треба уште повеќе ум, за да ги унапредиме сите прашања во однос на статусот на Албанците и да ја заокружиме целта, а таа е еднакви права на двата најголеми народа - албанскиот и македонскиот, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето обраќање на Свечената академија што денеска се одржа во Скопје по...

Груевски: Ние сме Европејци и нашето место е во Европа

Премиерот Никола Груевски во рамките на учеството на Конгресот на Европската народна партија што се одржува денеска и утре во Мадрид имаше обраќање пред присутните политички лидери членови на партијата. Тој во обраќањето истакна дека Република Македонија ги живее и работи за европските вредности. - Ние сме Европејци и нашето место е во Европа. ЕПП во целиот овој период...

Отворено писмо на Игор Јанев со поддршка за ФРОДЕМ

Игор Јанев, правен експерт од македонско потекло, член на неколку престижни меѓународни здруженија за меѓународно право и за меѓународни односи, преку отворено писмо до јавноста се огласи со подршка на Фронтот на демократска Македонија (ФРОДЕМ). - Подготвен сум и лично да придонесам како член на ова организација во остварувањето на нејзините цели, во ситуација на неразбирање и на непознавање на...

Груевски ќе говори на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Бан Ки-мун

Премиерот Никола Груевски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Една од темите на средбата со генералниот секретар на ОН се очекува да биде и спорот за името. Груевски пред неколку дена, во рамките на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама, имаше неофицијална средба со...

Бан Ки-мун ја повика Европа да ја реши бегалската криза

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во обраќањето на Генералното собрание на ОН ја повика Европа да направи повеќе за решавање на бегалската криза. - Не треба да градиме огради и ѕидови, мораме да ги бараме причините за проблемите – изјавил Бан. Тој изразил огорченост поради начинот на постапување спрема бегалците во Унгарија, чија влада ја затвори границата со Србија,...

Путин повика на широка коалиција во борбата против ИД

Рускиот претседател, Владимир Путин, на Генералното собрание на Обединетите нации изјавил дека Москва константно се бори против тероризмот и дека ја снабдува сириската влада со воена опрема. Тој оцени дека соработката со терористите на Блискиот Исток довела до вооружен судир и дека несоработувањето со претседателот Башар ал-Асад е голема грешка, затоа што тој е борец против тероризмот. - Дали сфаќате што...

Груевски: Од 8 Септември 1991 година сме свои на своето

„Од 8 Септември 1991 година сме свои на своето, сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода“. Ова денеска го кажа премиерот Никола Груевски, во своето обраќање во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста. - Сега, главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и...

Груевски: Специјален обвинител мора да се избере

„Договорот од 2 јуни, како и протоколот од 15 јули, мора целосно и да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24 април идната година, по кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава резултатите. Доста ѝ е на Македонија од бојкоти и од политичари кои немаат доблест да излезат пред нивната...

Иванов: Се однесувавме неодговорно, Македонија е одново пред пресвртница

„Иако слободна, Македонија како сè уште да им робува на поделбите, иако независна и суверена, решенијата за внатрешните прашања сè уште ги бара надвор од неа и иако е обединета во етничката и во верската различност, сè уште е политички длабоко поделена“, рече претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во своето обраќање од Мечкин Камен, во Крушево, по повод 2...

Груевски: Паметните нации од секоја криза излегуваат посилни

Навраќајќи се на стремежите и оддавајќи почит на жртвите на илинденците и на учесниците во антифашстичката борба, премиерот, Никола Груевски, во свето обраќање пред споменикот на претседателот на Презедиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Скопје истакна дека нивната борба е поттик за „нашата борба и за нашиот стремеж кон највисоките цели. Посилна држава, посреќен и помоќен народ во неа“. -...

Вељаноски од Пелинце: Историската оценка зависи од делата, а не од зборовите

„Ниту еден проблем не е доволно голем за да не биде совладан доколку целта е Македонија. Ниту еден настан не е доволно голем доколку настапуваме со искрени намери. Ниту еден направен разговор не треба да биде пречка за да почне дијалогот“, истакна претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во своето обраќање во Меморијалниот комлекс на АСНОМ во Пелинце, по повод...

Иванов: Земјите надвор од НАТО и од ЕУ немаат меѓусебна доверба

„Време е да ги користиме вистинските зборови за да ги опишеме состојбите. Република Македонија е жртва на неодлучноста на Европскиот совет, на одлуките на некои кои не мислеле на последиците од нив. Во голема мера денешните состојби се резултат на предолгото држење на Македонија во чекалната. Не барам алиби за состојбите, и кај нас има вина“, рече претседателот Ѓорге...

Иванов на отворањето на Маѓународниот семинар за македонски јазик во Охрид

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати на свеченото отворање на летната македонистичка школа, односно 48. по ред Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Семинарот се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Охрид и ќе трае до 27 јуни. Годинава на него ќе учествуваат 78 стипендисти од 20 земји,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...