fbpx
Таг: обраќање

таг: обраќање

ЛДП: Иванов ја подели наместо да ја обедини нацијата

Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, повторно, како и многупати досега, наместо да ја обедини - ја подели нацијата, се вели во реакцијата на Либерално-демократската партија на обраќањето на претседателот Иванов. „Особено загрижува што во својот говор претседателот зборува за многубројни безбедносни закани кои постојано ја демнат земјата, однадвор и одвнатре, активности на паралелни мрежи, ризик од странски терористички борци,...

НСДП: Иванов заслужи да биде прогласен за персона нон грата

„Лицето Ѓорге Иванов уште еднаш покажа дека личната политичка недозреаност и недораснатост за функцијата Претседател на Република Македонија е идеален инструмент на „злосторничкото здружение“ за темелно еродирање на сите институции на системот, погазување на демократските вредности и принципи и за туркање на државата во меѓународна изолација“, се вели во реакцијата на НСДП на вчерашното обраќање на претеседателот Иванов. „Она што...

ДС: Иванов да си поднесе оставка по срамниот говор

Вечерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов дополнително ја усложни политичката криза во Македонија, оценува Демократски сојуз (ДС). - По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи...

Груби: Иванов има две опции – да си оди или да си замине!

Нелегитимниот и еднопартиски претседател со секое свое појавување или дејствување само ѝ штети на Македонија и на нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница и затоа тој треба час поскоро да избере една од двете опции што ги има на располагање: да си оди или да си замине!“, изјави пратеникот Артан Груби од ДУИ за „Мета“, како реакција на вечерашното обраќање на...

Иванов се пофали дека спречил судири и распали по Заев, Ахмети, СЈО, НВО и по странците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во обраќањето до нацијата порача дека не планира да поднесе оставка и покрај барањето на опозицијата за негов импичмент поради аболицијата што ја продлабочи кризата. Во досега најострата критика за опозицијата, Специјалното јавно обвинитество, граѓанскиот сектор и за „партнерите“, Иванов рече дека досега ниту еден претседател не бил повикан на одговорност за справување со тешки...

Иванов во 18.45 часот пак ќе ѝ се обрати на нацијата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати до нацијата, соопштија од кабинетот на претседателот. Во соопштението не се наведува темата за која претседателот ќе се зборува во 18.45 часот. Ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци. Првото обраќање го имаше на 12 април, кога со аболицијата ги прекина сите судски процеси...

Иванов денеска ќе се обрати на Самитот на ПСЈИЕ во Бугарија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе учествува и ќе има обраќање на Самитот на шефови на држави и на влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Самитот, кој одбележува 20 години од иницијативата и е насловен „ПСЈИЕ - 20 години клуч кон регионална соработка“, се одржува во рамките на бугарското претседателство. Македонскиот претседател веќе се...

Иванов во 15.15 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска во 15.15 часот ќе има обраќање до граѓаните на Република Македонија, соопштија попладнево од неговиот кабинет. Во најавата од кабинетот на Иванов не е наведено што ќе биде тема на обраќањето, но се очекува тоа да биде во врска со аболицијата на политичари и нивни соработници и измените на Законот за помилување, донесени, минатата...

Спасовски: Добар полицаец е не само обучен професионалец, туку и одговорен граѓанин

„Денеска, како никогаш досега, вие сте под огромен притисок. Секој ден од почеток да избирате помеѓу одговорноста и прагматичноста, помеѓу достоинството и егзистенцијата, помеѓу храброста и исплатливоста. Секојдневно повторно, од почеток, да докажувате дека полицаецот е човек кој зад униформата не ја крие својата човечност, зад штитот не ја крие својата правичност, а зад шлемот не го крие разумот“,...

Иванов: Не ја повлекувам одлуката, странците да внимаваат како се однесуваат

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при новото браќање до јавноста, уште еднаш повтори дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која се опфатени 56 политичари и блиски соработници. - Цврсто сум убеден дека таквата одлука ќе опстане. Останувам на истата, а секој што смета дека сум му одзел право или сум му направил лоша услуга и сака својата невиност да...

Иванов во 16 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во 16 часот ќе им се обрати на граѓаните на Република Македонија. Вчера претседателот имаше интервју со уредниците на националните телевизии, а во вторникот, при првото обраќање до нацијата, ја соопшти одлуката за општа аболиција на политичари за кои се води предистражна и истражна постапка. По објавувањето на одлуката за аболиција Иванов се најде под жестоки...

Заев ќе одржи прес-конференција во 23 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 23 часот ќе се обрати во седиштето на партијата, најавија од СДСМ. Обраќањето на Заев беше најавено за 19 часот, но од партијата го откажаа неколку минути откако испратија покана до новинарите. Обраќањето на Заев се случува откако спикерот Трајко Вељаноски по барање на СДСМ не сакаше да закаже итна седница за констатирање на...

Не се исполнети условите за распуштање на Собранието, смета граѓанскиот сектор

Сè уште не се исполнети минималните услови за распуштање на парламентот и за распишување веродостојни избори во кои ќе веруваат сите граѓани на Македонија, велат граѓанските организации во обраќањето до меѓународната заедница. „Доколку Собранието се распушти на 7 април 2016 година, а претседателот на ДИК не го потпише избирачкиот список, односно не даде одобрение за негово користење на изборите, тогаш се...

Косово: Фрлена рачна бомба пред салата во која треба да говори српскиот премиер

Ноќеска околу 3 часот по полноќ била фрлена рачна бомба во дворот од новата спортска сала во Зубин Поток на северот на Косово, потврдиле за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“ од косовската полиција. Како што информирале оттаму, во експлозијата на бомбата нема жртви и повредени лица, а било оштетено едно приватно возило. Во новата сала во Зубин Поток...

Мигрантската криза може да ескалира пред 8 март, предупреди Попоски во Женева

Има основа за загриженост дека мигрантската криза може да ескалира или, во најмала рака, да се компликува порано од 8 март, изјавил меѓу другото министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во своето обраќање на 31. сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, што се одржа денеска во Женева. „Сите очекуваме справување со мигрантската криза од хуман и од...

Иванов на вонредниот самит на Вишеградската група за мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска престојува во работна посета на Чешката Република, каде ќе учествува на вонредниот самит на земјите од Вишеградската група. Иванов, како што соопштуваат од неговиот кабинет, ќе има обраќање на пленарната сесија на самитот и ќе присуствува на работната вечера на учесниците на самитот, на кој централни теми ќе бидат „предизвиците од мигрантската и...

Жените, со чесни исклучоци, неми и тивки за улогата што им ја додели Груевски

Ниту една организација за жени не реагираше на говорите на Никола Груевски и на Даниела Рангелова, претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на годишната конференција. Настанот беше организиран, пред сè, за унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на која жените не само што беа последни во поздравниот говор на нивната претседателка, туку за нив и за тоа што го постигнале не се зборуваше...

Груевски: Предвремени избори ќе има на 24 април

„Предвремени парламентарни избори се најдобриот излез на земјата од политичката криза. Денеска со гордост ви соопштувам дека нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината. Ова почнува со изборите на 24 април“, изјави премиерот Никола Груевски. - Цврстото стоење зад изборите кои беа договорени од страна на сите партии во Пржино...

Вечерва обраќање на Груевски до јавноста

Премиерот Никола Груевски, вечерва во 19 часот ќе има обраќање до јавноста. Се очекува во обраќањето Груевски да ја соопшти својата одлука околу оставката на функцијата премиер, како што е предвидено со Договорот од Пржино, а во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април. Денеска е последен ден до кога Груевски треба да поднесе оставка, а утре истекува рокот...

Новогодишна порака на Груевски: Опозицијата да не бега од народот и од изборите

„Во овие празнични денови, посакувајќи им и на опозициoнерите добро здравје и среќа во семејствата во претстојната 2016 година, сакам да ги повикам да не бегаат од народот и достоинствено да го потврдат своето учество на изборите и да се придржуваат кон преземените обврски, затоа што на народот му е преку глава од натегања и од конфликти. Народот од нас бара решенија...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...