fbpx
Таг: обраќање

таг: обраќање

Претседателот Иванов ќе им се обрати на граѓаните во 16.30 часот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во 16.30 часот, ќе се обрати на граѓаните на Македонија, соопштуваат од кабинетот на претседателот. Се очекува Иванов да се произнесе во однос на тоа дали ќе му го додели мандат за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада. Во понеделникот, Заев му ги предаде на Иванов собраните потписи и кажа дека очекува да му се врачи мандатот во...

Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

Тешкотиите со кои се соочуваше Русија во 2016 година ја обединија земјата и поттикнаа отворање на нови можности за државата да тргне напред, порача рускиот претседател, Владимир Путин, во традиционалното новогодишно обраќање. - 2016 година беше тешка и полна со предизвици. Најважно е да веруваме во себе и во својата држава. Работиме успешно и остваруваме – изјавил Путин. Тој им се...

Политичка стабилност за кризата да заврши, посака Груевски во новогодишната честитка

И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна годинa, но и покрај политичката криза добро е што ја зачувавме економската стабилност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новогодишната честитка до граѓаните. - Сите нам и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број инвестиции, отворање на нови работни...

Иванов упати новогодишна честитка до граѓаните за подобра 2017 година

„Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме сè што беше негативно да ни се повтори“, се вели во новогодишната честитка на претседателот Ѓорге Иванов упатена до граѓаните. Во неа се додава...

Иванов побара новата влада да го заштити унитарниот карактер на државата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при традиционалното новогодишно обраќање, повика да престане реториката на поделби на патриоти и на предавници и побара простување, помирување и одговорност. Иванов рече дека никогаш нема да се согласи Македонија да биде бинационална и федерална држава. Тој ги повика политичарите да не помислат постизборно да преговараат за државните интереси, а од новата влада...

Иванов ќе се обрати на свечена академија по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе има свое обраќање на свечената академија во Македонскиот народен театар (МНТ) по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, соопштија од кабинетот на Иванов. Во рамките на свечената академија, Иванов ќе го одликува професорот на теолошкиот факултет, Јован Таковски, со...

Груевски вети, но не оствари дека пред судот ќе одговори на сите прашања за „Пуч“

„Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка, која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот“. Ова на 31 јануари лани, го изјави тогашниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, истиот ден кога Министерството за внатрешни работи го објави случајот „Пуч“ и поднесе кривична пријава против...

Заев до јавната администрација: Бидете спокојни, нема да отпуштаме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во обраќање до вработените во државните институции, им порача да бидат спокојни, оти нема да има отпуштања во администрацијата. Тој истакна дека вработените во државните институции ќе бидат мотивирани да ја извршуваат својата работа, а не казнувани и оценувани како досега. „Ви се обраќам од главниот град, од административниот центар на Републиката да порачам дека...

Димитриев: Обвинителствата не смеат да се претворат во портпароли на партиите

Органите на правдата мора да останат надвор од политичката битка на партиите и не смеат да остават впечаток на политичка обоеност, рече меѓу другото премиерот Емил Димитриев во своето обраќање на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Тој нагласи дека Владата ќе им дава поддршка на сите органи...

Иванов и Попоски ќе присуствуваат на годинешното Генерално собрание на ОН

Делегацијата на Македонија на Генералното собрание на ОН годинава ќе биде предводена од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Иванов ќе има обраќање на генералната дебата на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема „Одржливи развојни цели: Универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“. Тој ќе се обрати и на пленарната сесија на состанокот на високо ниво на...

Нова демократија со предност од 7 отсто пред СИРИЗА

Пораст на рејтингот на десничарите Нова демократија пред СИРИЗА покажуваат две нови медиумски анкети во Грција. Нова демократија води 7-8 отсто пред СИРИЗА според анкетите на неделникот „Параполитика“ и информативниот портал „Телевизија без граници“. Рејтингот на Нова демократија според анкетите се движи од 21 до 26 отсто, додека пак поддршката на СИРИЗА е од 13 до 19 отсто. На трето...

Јункер: Популизмот не решава, туку отвора проблеми

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека иднината на Европската Унија не е загрозена по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата и апелираше до Лондон што е можно побргу да ја почне процедурата за излегување, јавуваат светските агенции. Јункер во својот годишен говор за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент во Стразбур, истакнал дека ЕУ ја...

Пораки за мир, единство и за почитување на светата миса во чест на Мајка Тереза

Денеска на плоштадот Македонија се одржа светата понтификална миса, крунски настан на „Деновите на Мајка Тереза“, која ја предводеше сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пуљиќ, кој беше именуван од папата Франциск да го предводи овој настан во Скопје. – Гордејте се со светата мајка. Вие, верниците, кога ќе ви падне духот и ќе се најдете во опасност да ја изгубите надежта,...

Иванов: Не важно кој ќе победи на изборите, важно е тоа што следува по нив

За разлика од пред пет години, кога граѓаните сплотени и единствени ја прославуваа 20-годишнината од независноста на државата, овој јубилеј (25-годишнината од независноста) нè затекна раскарани и поделени, со меѓусебна недовреба и со омраза, истакна синоќа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во својот говор на свечената академија во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста. Иванов, правејќи осврт на предизвиците...

Заев: На Денот на независноста, ветувам дека заедно ќе изградиме правна држава

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, по повод утрешниот празник 8 Септември, Денот на независноста, пред зградата на Собранието изјави дека со граѓаните ќе се бори за правна држава, во која граѓаните ќе го имаат главниот збор. - Почитувани граѓани, драги млади! Чекор по чекор, но заедно се ослободуваме, сплотени еден до друг. Го кренавме гласот заедно. Заедно и ќе...

Коѕиас пред амбасадорите: Нема да дозволиме надворешни мерки и санкции за Македонија

Македонија и Грција ја надминуваат недовербата и се на добар пат за дополнително да ги зацврстат меѓусебните врски, истакна денеска пред македонските амбасадори, конзули и дипломати, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Коѕиас се обрати пред Амбасадорскиот совет и претставниците на македонските дипломатско-конзуларни претставништва по средбата со премиерот Емил Димитриев и со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Зачестените контакти меѓу...

Иванов „ги искара“ институциите: Не може АРМ да ги извршува и задачите на ЦУК и ДЗС

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов во своето денешно обраќање на централната свеченост по повод Денот на Армијата, ги „искара“ надлежните институции од системот за управување со кризи и за заштита и спасување поради нивната реакција околу поплавите во Скопје и ставањето на поголем дел од товарот на Армијата и полицијата во справувањето со штетите. Тој посочи дека ангажирањето на Армијата...

Иванов ќе ги одликува Инженерискиот и Баталјонот на воената полиција на АРМ

Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре, по повод Денот на Армијата на Република Македонија, со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при АРМ, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. „'Орденот за воени заслуги' на двата баталјони на Армијата на Република Македонија им се доделува за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на...

Заменик-претседателката на шведскиот парламент во посета на Македонија

Заменик-претседателката на Риксдагот (Парламент) на Кралството Шведска, Изабел Дингисан, денеска со делегација ќе престојува во посета на Македонија. За време на посетата, Дингисан ќе има средби со потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, со пратеничката група за соработка со парламентот на Шведска, како и со претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и на мажите, Даниела Рангелова....

Јолевски на Самитот на НАТО порача дека Македонија заслужила место во Алијансата

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во своето обраќање на НАТО-самитот во Варшава, на состанокот посветен на Платформата за интероперативност на министри за одбрана, рече дека Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО и дека државата има капацитет да ги преземе сите обврски и одговорности за да придонесе кон сигурноста и стабилноста на Балканот и на евроатланската област, соопштија од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...