четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: објекти | 48 резултати

Трошоците во градежништвото во вториот квартал пониски за 2,7 проценти во споредба со лани

септември 5, 2016

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје во споредба со истиот период лани се пониски за 2,7 проценти, објави Државен завод за статистика. Во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со првото тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2 проценти, трошоците за материјали за 1,3 […]

СДСМ: Поплавите се случија само поради неодговорноста на Груевски и на Трајановски

септември 4, 2016

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, и Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на партијата, денеска на прес-конференција обвинија дека поплавите што се случија на почетокот на минатиот месец, се случија поради неодговорноста на поранешниот премиер, Никола Груевски, и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. – Наместо да се освести, Груевски упорно продолжува да го гради […]

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење

август 15, 2016

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење што е за 47,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405 372.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот […]

Лани 1.061 објект биле бесправно изградени

јуни 10, 2016

Во земјава во текот на минатата година, бесправно биле изградени 1. 061 објект, објави Државниот завод за статистика. Според видот на објектите, бесправно се изградени 232 објекти за домување, 163 доградби, надградби и адаптации, 104 деловни објекти и 82 гаражи. Според податоците на ДЗС, најголем дел од дивоградбите, односно 98,4 проценти, се приватна сопственост.

Бегалците од Идомени се преселија на автопатот околу Евзони

мај 28, 2016

Бегалците од кампот на македонско-грчката граница кои одбија да заминат во организираните бегалски центри најдоа засолниште на празните простори околу автопатот кон Солун. Илјадници луѓе сега со своите шатори се сместени на просторот на напуштени бензински пумпи околу Идомени, пред граничниот премин Евзони, во две напуштени згради на еден хотел и стара царинска зграда, како […]

Во март издадени 196 одобренија за градба

мај 12, 2016

Во март се издадени 196 одобренија за градење, што е за 17,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.925.448.000 денари, што е за 23,8 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот […]

Во февруари се издадени 335 одобренија за градење

април 11, 2016

Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење, што е за 48,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.872.239.000 денари, што е за 228,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот […]

Дачиќ денеска во посета на Косово

април 10, 2016

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска ќе престојува во Косово. Во соопштението на српското министерство за надворешни работи се вели дека Дачиќ ќе посети објекти од српското културно наследство во Косово и во Метохија кои се под заштита на УНЕСКО. Посетата тој ќе ја искористи и за разговор со српските свештеници, на кои се […]

Над 1.000 нови барања за легализација на дивоградби во Штип

март 31, 2016

Во Штип, град со над 40.000 жители се поднесени дури 12.000 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Само во последниот продолжен рок за легализација граѓаните  побарале легализација на нови 1.178 објекти. Според Општината Штип, се работи за дивоизградени објекти, надградби на куќи и станови и доградби. Од досега поднесените барања, легализирани се околу 60 […]

„Часот на планетата Земја“ вечерва и во Македонија

март 19, 2016

Во Охрид, вечерва за одбележувањето на најголемата светска еколошка акција, „Часот на планетата Земја“, во симболичен мрак ќе потонат црквата „Света Софија“, градскиот плоштад и гимназијата „Св. Климент Охридски“. Покрај Охрид, поддршка кон акцијата најавија и градовите Струмица, Битола, Велес, Крушево, Ресен, Радовиш, Струга, Куманово, Кавадарци и Берово, а осветлувањето ќе биде исклучено и во […]

Старите автентични градби во Гостивар ќе бидат заштитени

февруари 15, 2016

Старите автентични градби во центарот на Гостивар ќе бидат заштитени. Од Конзерваторскиот центар од Гостивар велат дека моментално се работи на елаборат за заштитно-конзерваторски работи, во кој ќе бидат категоризирани сите објекти со културно-историска вредност, лоцирани во централното градско јадро. Објектите ќе добијат статус на заштитени објекти и на споменци на културата. Тие ќе влезат во […]

СДСМ: Нема да дозволиме уште една лоша епизода за домашните фирми

ноември 23, 2015

„Додека Владата зборува за виртуелни инвестиции, фирмите во земјава се затвораат, покрај другото и поради разни давачки што им се наметнуваат. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, повеќе од 10.000 фирми се затворени“, обвини Маријанчо Николов од СДСМ на прес-конференција во Собранието. – Лошата бизнис-клима влијае постојано да се затвораат фирми, при што луѓе […]

Продадена парцелата во најголемиот рамен парк во Штип

ноември 13, 2015

Граѓанскиот протест не ја спречи продажбата на парцелата што зафаќа дел од најголемиот рамен градски парк во населбата 8 Ноевмри во Штип. На вчерашното електронско јавно наддавање, парцелата од 878 квадратни метри до Градскиот стадион во Штип е продадена за 44.200 евра. Постигната е цена од 3.100 денари за еден квадратен метар. Од Општината Штип, која […]

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ има 63 објекти на различни локации

октомври 24, 2015

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција истакна дека премиерот Никола Груевски се плаши од заминување од премиерската позиција. – На Никола Груевски му е јасно дека неговиот криминал, неговата корупција и изборниот грабеж што го спроведе, нема да останат неказнети. Денеска јавноста ќе добие уште еден доказ зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го кршат Договорот […]

БИРН: За „Скопје 2014“ потрошени се повеќе од 567 милиони евра

јули 26, 2015

Најмногу пари за проектот „Скопје 2014“ потрошиле Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи на Владата, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на најкрупните објекти како што се: Музејот на ВМРО, Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија и новиот изглед на владината зграда, објави БИРН во истражувањето „Скопје 2014 под лупа“. Според документите, […]

Гром запалил четири објекти во Кавадарци

јули 1, 2015

Гром предизвикал пожар во четири објекти во Кавадарци. Локaлните противпожарни екипи во моментов се на терен и работат на локализирање на пожарот, информирала портпаролката на Секторот за внатрешни работи Велес, Анита Стојковска, пренесува „24 Вести“. „Во кавадаречката полиција беше пријавен пожар на четири објекти на улицата Питу Гули и веднаш е излезено на терен. Засега […]

Регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти

јуни 19, 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, на територијата на Македонија се регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување (18,2 проценти), 176 доградби, надградби и адаптации (16,4 проценти), 74 деловни објекти (6,9 проценти), 80 гаражи (7,4 проценти), 145 огради (13,5 проценти), 12 […]

Во Македонија има повеќе од 70.000 фирми

февруари 23, 2015

Државниот завод за статистика денеска објави дека минатата година имало 70.659 активни деловни субјекти во Македонија. Најголемо учество во оваа бројка имаат секторите трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, со 24.674 субјекти или 34,9 проценти, и преработувачката индустрија со 7.675 субјекти или 10,9 проценти. Најмала застапеност, пак, […]

Каталог за државните деловни простории кои се на продажба

февруари 17, 2015

На веб-страницата на Министерството за транспорт и врски е објавен каталог со податоци за 100 државни деловни простории во 19 градови низ земјава, што се огласени на продажба преку јавно електронско наддавање. Во каталогот има информации за локацијата, квадратурата и за почетната цена на објектите, како и фотографии. Стоте објекти, за кои беше објавен оглас […]

Страна 2 од 3