fbpx
Таг: обезбедување

таг: обезбедување

Зекири: Насилниците мора да одговараат, независно чии луѓе се

Лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков вчеравечер вербално и физички ме нападнаа. Објектот е под видео надзор и сето ова што го зборувам полицијата лесно може да го утврди, изјави денеска на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири. Зекири тврди дека десетина лица кои седеле на маса со Мијалков дошле и побарале од него да го напушти местото затоа што...

Зекири тврди дека обезбедувањето на Мијалков го нападнало, ексшефот на УБК демантира

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири обвини дека вчера во еден скопски локал бил нападнат од обезбедувањето на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК. Мијалков ги демантираше обвинувањата и најавува тужби. Зекири тврди дека синоќа тој во кафулето „Дион“ бил нападнат од обезбедувањето на Мијалков. – Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара тоа од нив. Додека седевме во...

Француската амбасада во Скопје побарала засилено полициско обезбедување

МВР ја зголемило безбедноста врз Амбасадата на Франција во земјава. Ова за телевизија „Телма“ го потврдуваат од министерството, од каде поради безбедносни причини не можат да кажат повеќе детали. Амбасадата побарала дополнителни безбедносни мерки, а министерството соодветно одговорило на сè што е побарано. Ова е единствената амбасада која засега побарала какво било обезбедување по засилените вербални напади, но и морничави фотографии...

Талески бега и од новинарски прашања и од „герилци“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска на прес-конференција не им дозволи на новинарите од Битола да му постават прашање. Откако го заврши официјалниот дел од прес-конференцијата со спортисти од Битола, Талески се повлече зад камерите и ги остави гостите да даваат изјави. По завршување на прес-конференцијата, една од новинарките се обрати до Талески дали може да му постави прашање на друга тема. -...

„Парадата на гордоста“ во Белград заврши без инциденти

„Парадата на гордоста“, која денеска се одржа во Белград, мина без никакви инциденти. Учесниците, кои оваа година беа неколку стотици, беа чувани од илјадници полицајци. Парадата оваа година се одржа под мотото „Љубовта го менува светот“, а учесниците носеа знамиња во бои на виножитото, балони и транспаренти со апели за љубов, мир и за толеранција. Почетокот на парадата го означи глумицата Мирјана Карановиќ,...

Дејан Митровски – Урко го возел „бмв-то“, стои во записникот од сообраќајката во Кисела Вода

Дејан Митровски - Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го управувал автомобилот марка „бмв“, кој ноќеска учествувал во сообраќајната несреќа во Кисела Вода, во која тешко е повреден 22-годишен мотоциклист. Ова го покажува записникот од сообраќајката, што денеска го објави порталот „Нова ТВ“. Од записникот може да се види дека сообраќајката се...

Момче во кома, по судир меѓу „бмв“ и мотоцикл во Кисела Вода

Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил, марка „бмв“ и мотоцикл, чиј возач, 22-годишно момче, бил тешко повреден во несреќата. Мотоциклистот со тешки телесни повреди, со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градската хируршка болница „Наум Охридски“. Како што информираат од МВР, момчето е неконтактибилно и...

Внатрешната контрола на МВР негира дека обезбедувањето на Груевски упаднало во „ТВ 21“

Личното обезбедување на поранешниот премиер Никола Груевски не влегло во дворот на „ТВ 21“ и не му наложило на новинарот Кристијан Ландов да избрише снимки од мобилниот телефон. Ова било наведено во одговорот на Секторот за внатрешни контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи на барањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) да биде поведена дисциплинска...

ЗНМ бара МВР да го казни обезбедувањето на Груевски за упадот во „ТВ 21“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска доставило претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи за упадот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во „ТВ 21“. Во претставката, ЗНМ бара да биде поведена постапка против двајцата припадници на обезбедувањето на Груевски, кои минатата недела упаднаа во просториите на телевизијата и го...

Величковски: Без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на насилството од изборите

Упадот на обезбедувањето на Груевски во „ТВ21“ покажува какви „брзи“ избори нè очекуваат, оцени претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски. - За оваа сегашната, немам намера да трошам Ваше време, но очигледно е дека и „техничката“ влада со учество на министрите на СДСМ не променила ништо во функционирањето на институциите. Затоа, без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на...

ААВМУ го осуди однесувањето на обезбедувањето на Груевски во „ТВ21“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го осудува вчерашниот инцидент во „ТВ21“, при кој обезбедувањето на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упадна во телевизијата и избриша снимки од мобилен телефон на новинар, направени за време на прошетката на Груевски со семејството по улица Македонија. „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира да не се...

МВР: Обезбедувањето на Груевски не упаднало во „ТВ21“, дејствувало согласно задачите

Министерството за внатрешни работи денеска демантира дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“. Тие, како што ссе наведува во соопштението, дејствувале во согласност со планот и со задачите. „Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од одделот за обезбедување, во текот на вчерашниот ден постапуваа во согласност со планот и со задачите. Заради...

ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски

Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да избрише снимки. - Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира...

ЛДП: Санкции за пречекорените овластувања на обезбедувањето на Груевски

Либерално-демократската партија соопшти дека е згрозена и сериозно загрижена за слободата на медиумите во Македонија, по последниот упад на обезбедувањето на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Од партијата велат дека упадот на полициските службеници во просториите на „ТВ21“, за бришење на одредени фотографии кои новинарот на оваа телевизија ги сликал од прошетката на Груевски на улица Македонија,...

Обезбедувањето на Груевски упадна во ТВ21 за да брише снимки

Обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски попладнево упаднало во „ТВ21“ и побарало новинар на телевизијата да ги избрише фотографиите од претседателот на владејачката партија направени додека тој се шетал низ улица Македонија, јавува телевизијата. Како што се наведува во написот на „ТВ21“, новинарот го забележал поранешниот премиер како се шета и се обидел да го сними со мобилен телефон. Обезбедувањето...

Унгарија прогласува вонредна состојба и испраќа војска и полиција на границите

Унгарија дополнително ќе го засили воениот и полициски надзор на своите јужни граници, соопшти министерот за внатрешни работи, Сандор Пинтер. Одлуката доаѓа на денот кога земјите од таканаречената балканска рута почнаа да спроведуваат засилени мерки за влез на мигрантите. - Унгарија ќе ја засили заштитата на своите граници и поради мигрантите ќе прогласиме кризна состојба во целата земја – рече Пинтер. Словенија,...

Бојчевски: Останува планот за изградба на крстот во Бутел

Неколку стотини луѓе денеска повторно се собраа на протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи, каде побараа од министерот Оливер Спасовски да постави полициско обезбедување на кружниот тек во општина Бутел за да може непречено да продолжи изградбата на 55-метарскиот крст. Денешниот протест, како што пренесува „Радио Слободна Европа“, бил предводен од градоначалникот на општината, Петре Латиновски, а меѓу...

Без инциденти осветени темелите на крстот во Бутел

Без никакви инциденти, поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, заедно со свештеници од скопската епархија, го осветија камен-темелникот на крстот во Бутел. Темелите се поставени на кружниот тек кај улиците Боца Иванова и Александар Урдаревски. На кружниот тек претпладнево беше поставена импровизирана бина со звучници, а на церемонијата присуствуваа првиот човек на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, градоначалникот на Скопје,...

Орав: Поради закани кон мене, Хан и кон Ванхауте, мораме да го зголемиме обезбедувањето

Евроамбасадорот Аиво Орав на седницата на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции, рече дека европските претставници добивале закани и дека поради тоа мора да се зголеми нивното обезбедување. - Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат. Но, почна негативна кампања против посредниците на Европската унија и кон еврокомeсарот Хан, како и против неговиот...

Спасовски: Протоѓер, Тарчуловски, Бајрам незаконски користеле обезбедување на МВР

Кирил Божиновски, Емил Димитриев, Михајло Маневски, Мартин Протоѓер, Јохан Трчуловски, Амди Бајрам, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков се луѓето што имале обезбедување врз основа на усна наредба, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според Спасовски, ова било правено врз основа на усни наредби на началникот на шестата управа и надвор од сите законски овластувања, со што е нанесена голема...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...