недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Обединети нации | 287 резултати

Северна Кореја предупредува дека воените вежби на САД водат кон нуклеарна катастрофа

март 6, 2017

Северна Кореја предупреди дека вежбите на војската на САД и на Јужна Кореја ги водат Корејскиот Полуостров и Североисточна Азија кон „нуклеарна катастрофа“. Пјонгјанг ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека води „екстремна, антисевернокорејска политика“. Амбасадорот на Северна Кореја во Обединетите нации, Џа Сонг-нам, во писмо до Советот за безбедност на ОН изнесе […]

За два дена повеќе од 100 лица починале од глад во Сомалија

март 4, 2017

Премиерот на Сомалија, Хасан Али Каире, денеска соопшти дека во последните 48 часа 110 лица умреле од глад само во регионот Бај и дека ваква опасност им се заканува на милиони луѓе во земјата, јавуваат светските агенции. Станува збор за прв извештај за луѓе починати од глад, откако во вторникот Сомалија прогласи национална катастрофа поради […]

Генералното собрание на ОН ќе му оддаде почит на Чуркин

февруари 21, 2017

Генералното собрание на Обединетите нации ќе одржи специјален состанок за да му оддаде почит на амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин. Тоа го најави претседателот на 71. сесија на Генералното собрание на ОН, Питер Томсон. Томсон, исто така, најави минута молк во знак на сеќавање на Чуркин, за кој рече дека бил „еден од […]

Почина амбасадорот на Русија во Обединети нации

февруари 20, 2017

Амбасадорот на Русија во Обединети нации, Виталиј Чуркин, ненадејно почина денеска во Њујорк. Заменик-амбасадорот Владимир Сафронков изјави дека на Чуркин му се слошило во канцеларијата во ОН, по што бил префрлен во болница, каде што починал. Причината за смртта сè уште не е позната. „Министерството за надворешни работи на Русија со длабоко жалење соопштува дека […]

Гутереш го назначи Лакроа за шеф на мировните операции на ОН

февруари 15, 2017

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го именуваше за нов шеф на мировните операции на ОН францускиот дипломат Жан-Пјер Лакроа на мандат од година дена. Лакроа на 1 април ќе ги преземе мировните операции на ОН во момент кога ги тресе скандал за случаите на сексуално злоставување извршени од мировници. Тој доаѓа на местото […]

Германија доби продавница за храна што инаку би се фрлила

февруари 7, 2017

Во градот Келн во саботата е отворен првиот супермаркет во Германија во кој се продава храна што инаку би завршила во ѓубре, како уште еден чекор кон создавање општество со минимално фрлање ѓубре, јавува „Дојче веле“. Ова, инаку, е трета таква продавница во Европската Унија. Продавницата „Добра храна“ продава речиси сè – од зеленчуци до […]

Светот како да се подготвува за војна, оценува Горбачов

јануари 27, 2017

Последниот лидер на СССР, Михаил Горбачов, смета дека најголем од многуте проблеми што ги има светот е милитаризирачката политика и новата трка во наоружување. Горбачов во својот коментар за магазинот „Тајм“, наведува дека политичарите и воените лидери звучат сè повоинствено, а одбранбените доктрини стануваат сè поопасни. „Аналитичарите и телевизиските личности се придружуваат кон воинствениот хор. Изгледа […]

Саманта Пауер го повика Трамп да не гo намалува финансирањето во ОН

јануари 14, 2017

Американската амбасадорка во заминување при Обединетите нации, Саманта Пауер, ја повика администрацијата на Доналд Трамп да не го намали финансирањето во Обединети нации. Таа рече дека тоа ќе биде штетно за САД и ќе биде во корист на земји како Кина и Русија. – Ние делумно го водиме светот затоа што сме водечка земја при […]

Потребен е целосно нов пристап за спречување војни, смета Гутереш

јануари 11, 2017

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на „целосно нов пристап“ како да се спречат војните. Во првото обраќање пред Советот за безбедност на ОН откако стапи на функција, Гутереш рече дека е потрошено премногу време и средства за одговарање на кризите, наместо за нивно спречување. – Луѓето плаќаат превисока цена. Потребен ни е […]

НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ѝ објавија војна на Македонија

јануари 8, 2017

Народно движење за Македонија денеска изрази длабока загриженост и силно ја осуди вклученоста на Албанија и на Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија. „Ова особено добива сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и на Косово […]

Коѕиас денеска ќе се сретне со Нимиц

јануари 6, 2017

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска во Њујорк ќе се сретне со посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. Средбата Нимиц – Коѕиас ќе биде во рамки на патувањето на грчкиот министер за надворешни работи во Њујорк на состаноци за кипарското прашање, чии преговори се особено интензивирани во овој период. Главната цел на посетата на […]

Во Ирак во 2016 година загинале 6.878 цивили

јануари 3, 2017

Во текот на 2016 година, во Ирак загинале најмалку 6.878 цивили, соопштија од Обединетите нации. Мисијата на ОН за помош на Ирак (УНАМИ) во соопштение наведе дека за време на минатата година повредени биле најмалку 12.388 цивили, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат жртвите помеѓу цивилите во западната провинција Анбар во мај, јули, август […]

Франција и Германија повикаа на итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Алепо

декември 16, 2016

Франција и Германија вечерва повикаа на одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за ситуацијата во сирискиот град Алепо, јавуваат светските агенции. Амбасадорот на Франција во ОН, Франсоа Делатр, предупреди дека доколку не се постигне договор за безбедна евакуација на цивилите и не им се овозможи пристап на хуманитарните работници […]

Сириската војска убива цивили во Алепо, тврдат ОН

декември 13, 2016

Обединетите нации денеска соопштија дека сириски провладини сили почнале да влегуваат во домови во источните делови во Алепо и да ги убиваат цивилите кои ќе ги затекнат внатре, пренесува „Би-би-си“. Од канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, како што наведува британскиот национален сервис, изјавиле дека имаат веродостојни докази дека во четири области 82 цивили биле […]

ОН со резолуција бара итен прекин на огнот во Сирија

декември 9, 2016

Генералното собрание на Обединетите нации со 122 гласа ја поддржа резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Сирија. Собранието побара да биде овозможено хуманитарната помош да биде доставена во сите делови на земјата. ОН исто така побараа да биде завршена опсадата на сите области, вклучувајќи го и градот Алепо. Против оваа резолуција, која […]

Светската популација достигна 7,4 милијарди луѓе

декември 1, 2016

Фондот за популација на ОН денеска објави дека светската популација во 2016 година достигнала 7,4 милијарди луѓе. Во годишниот извештај, кој денеска е претставен во јорданската престолнина Аман, фокусот е ставен на благосостојбата на 10-годишните девојчиња, како индикатор за успехот или неуспехот во развојот. Од Фондот наведуваат дека 89 отсто од вкупно 125 милиони девојчиња на […]

ОН предупредуваат дека Алепо може да стане голема гробница

декември 1, 2016

Источниот дел на Алепо се заканува да стане „голема гробница“ доколку не заврши конфликтот и не се достави хуманитарна помош, оцени шефот на хуманитарните операции на Обединети нации, Стивен О’Брајан. О’Брајан побара помош од Советот за безбедност на ОН, кој итно заседаваше на барање на Франција, но состанокот е завршен без конкретни резултати. Според проценките на […]

ИД убива цивили во Мосул, тврдат ОН

ноември 29, 2016

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека милитантите на Исламска држава во Мосул убиваат цивили кои одбиваат на нивните покриви да се постават снајпери или ракетни фрлачи. Ова на новинарите им го соопшти портпаролката на ОН во Женева, Равина Шамдасани, која потврди повеќе убиства од 11 ноември. Таа, исто така, истакна дека меѓу убиените има […]

Опаѓа смртноста од сида, но се зголемува бројот на лица што се лекуваат од ХИВ

ноември 21, 2016

Минатата година во светот од сида починале 1.1 милион инфицирани лица, што е речиси двојно помалку во споредба со 2005 година, кога починале околу два милиони инфицирани, покажа извештајот на Агенцијата за борба против сидата на Обединетите нации, УНАИДС. Во извештајот за пандемијата на сида, која зарази 78 милиони луѓе, а 35 милиони починаа од почетокот […]

ОН го продолжи рокот на истрагата за употреба на хемиско оружје во Сирија

ноември 18, 2016

Советот за безбедност на Обединетите нации го продолжи за една година мандатот на истражителите задолжени да ја утврдат одговорноста за нападите со хемиско оружје во Сирија. Резолуцијата, која ја предложија САД, едногласно е усвоена. Документот го поддржаа сите членки на Советот за безбедност, вклучувајчи го и сојузникот на Дамаск, Русија. Организацијата за забрана на хемиско […]

Страна 8 од 15