fbpx
Таг: обдукција

таг: обдукција

20-годишен охриѓанец загина во сообраќајка кај Лагадин

Дваесетгодишен охриѓанец го загубил животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, кај населбата Лагадин. Според полициските информации, сообраќајката се случила околу 15 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „форд мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.П. (30) од селото Косел и моторцикл „хонда“, што го управувал Б.С. (17), кому сопатник...

Пронајдено телото на турскиот државјанин што исчезна во Мавровско Езеро

По дводневно пребарување, вчера, околу 16 часот, во водите на Мавровско Езеро, во атарот на селото Леуново, било пронајдено безживното тело на турскиот државјанин Ватансевер С.(66), кој во неделата, пливајќи кон спротивниот брег, исчезна во водите на езерото. Од полицијата информираат дека телото, на околу 200 метри од брегот, го пронашле членови на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје. Јавен обвинител и...

Полицијата ги истражува причините за смртта на шестмесечно бебе во Тетово

Вчера попладне, околу 13.20 часот, во тетовската клиничка болница било донесено починато машко бебе, старо шест недели. Како што информираат од полицијата, бебето го донел неговиот татко Б.Ј.(26) од Тетово, откако утрото со својот син, кој имал здравствени проблеми, бил кај пензиониран педијатар во градот. Според полицијата, педијатарот на бебето му дал одредена терапија, но по неколку часа неговата состојба...

Обвинителството ги истражува околностите за смртта на двајцата мажи кај Драчево

Основното јавно обвинителство ги истражува причините за смртта на двајцата мажи кои синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, со прострелни рани на телата, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, безживотните тела во автомобилот, марка „ровер“, ги забележал случаен минувач, сопственик на лозје, на патот Драчево - село Количани, кај местото Локва. Според обвинителството, идентитетот на двете лица, кои...

Двајца мажи со прострелни рани најдени мртви во автомобил кај Драчево

Тела на двајца мажи, со прострелни рани, синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, марка „ровер 75“ со охридски регистарски таблички, во нива покрај патот кон село Драчево, во близина на селото Долно Количани, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на информации од полицијата. Според информациите, јавниот обвинител и полициските екипи, кои извршиле увид, на местото нашле пиштол. Телата на двете...

Работник загинал во фабриката „Кемет електрoник“ во Бунарџик

Дваесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот додека се обидувал да острани дефект на работна машина во фабриката за кондензатори „Кемет електроник Македонија“, во кругот на индустриската зона „Бунарџик“, соопшти полицијата. Несреќата се случила вчера околу 11 часот, кога работната машина на која работел починатиот Даниел Т. паднала врз него. Од здобиените повреди тој починал на самото место. Екипа на СВР...

Дете се удавило во реката Вардар

Безживотно тело на дете вчера попладне било извадено од водите на реката Вардар, во непосредна близина на улицата Кеј 13 Ноември во центарот на Скопје, информира полицијата. Телото на детето било забалежано околу 13.30 часот, по што увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје, веднаш излегла на местото. Лекар од екипата на Итната медицинска помош, според полицијата, констатирал...

Возач загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Четириесет и тригодишен жител на селото Издеглавје го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид - Кичево. Како што информираат од полицијата, Лазо Н.(43), кој управувал автомобил, марка „застава 101“, во еден момент изгубил контрола над возилото и првин преминал на левата страна од коловозот, а потоа удрил во бетонски sид од шахта...

Пронајден женски леш во гостиварско Чегране

Женски леш вчера попладне, околу 15.25 часот, бил пронајден на брегот на реката Вардар, во гостиварското село Чегране, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, со интервенција на екипа на гостиварската територијална противпожарна едница, телото било извадено од реката, а од семејството на починатата било извршено препознавање. Констатирано е дека станува збор за Марија Ј. (71) од Гостивар. Од полицијата додаваат дека по...

Работник загинал од струен удар во кругот на Железара

Педесет и петгодишниот работник Симјан С. (55) вчера, околу 11.20 часот, загинал од струен удар, додека работел на трансформатор во кругот на скопска Железара, информира полицијата. Надлежните органи извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Мотоциклист загина на влезот во Прилеп

Триесет и тригодишен прилепчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово се случила на влезот во градот, кај бензинската на „Лукоил“. Како што соопштуваат од надлежното јавно обвинителство, станува збор за Влатко Т., кој во моментот на несреќата управувал мотоцикл. Според информациите, мотоциклистот, од засега непознати причини, удрил во пано на бензиската пумпа, излетал од моторот и починал на самото...

Скопјанец загинал по пад од кран

Миодраг Н. (52) од Скопје вчера попладне го загубил животот, пагајќи од кран на висина од околу осум метри, информира полицијата. Несреќата се случила околу 16.30 часот во Гевгелија, додека скопјанецот изведувал електричарски работи, односно пуштање електрични кабли за видеонадзор, велат од полицијата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Јавен обвинител и екипа на гевгелиската полиција извршиле увид на местото. По наредбата...

Обвинителство 10 дена ги чека обдукциските наоди за 18 загинати во акцијата во Куманово

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во чија надлежност е истрагата за полициската акција во Куманово, сè уште ги очекува официјалните извештаи од обдукциските наоди за убиените припадници на безбедносните сили и на терористичката група, велат за „Мета“ од Обвинителството. Во дописот, како одговор на нашите прашања „Колку вкупно лица ги загубија животите во текот на акцијата? Колку припадници...

Работник загинал на патот Маврово – Галичник

Горан Т. (45) од Скопје, вчеравечер го загубил жживотот додека работел на расчистување снежни наноси на местото Царевец, на регионалниот пат од селото Маврово кон Галичник. Како што информираат од полицијата, Горан Т. бил прегазен од работна машина. На местото на несреќата бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на работникот било пренесено во Медицинскиот центар во Гостивар...

Човечки труп пронајден во атарот на струшкото село Драслајца

Човечки труп во фаза на распраѓање вчера попладне бил пронајден во атарот на струшкото село Драслајца, пренесуваат медиумите. Безживотното тело околу 17 часот кај местото Дупки, во близина на реката Сатеска, го забележал случаен минувач и веднаш пријавил во полиција. - Увидот беше извршен во присуство на јавен обвинител и на полициски екипи од струшката полиција и од СВР Охрид. По...

Сè уште непознати причините за смртта на младиот кумановец

Јавното обвинителство наредило обдукција на телото на 22-годишниот кумановец Мартин М., чие безживотно тело вчера беше пронајдено во речното корито на Кумановска Река, кај местото Бавчи. Според полицијата, Мартин М. во саботата, минатата недела, бил пријавен за исчезнат во СВР Куманово. По наредба на Јавното обивнителство, на телото на починатиот ќе се врши обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика...

Момче и девојка пронајдени мртви во гаража во Припор

Момче и девојка на возраст од 23 години, вчера доцна попладне биле пронајдени мртви во паркирано возило во гаража, во скопската населба Припор, пренесуваат медиумите. Нивните безживотни тела биле најдени во автомобил „опел корса“, во гаража на улицата Христо Татарчев, а според привичните неофицијални информации, причина за смртта најверојатно е труење од издувните гасови од возилото. Надлежните органи синоќа извршиле увид...

Машки труп пронајден во водите на Вардар, кај Велес

Машки труп бил пронајден кај местото Кораб, близу утоката на реката Бабуна во Вардар, пренесува „А1 он“. Телото го пронашле лица од здружението на спортски риболовци „Бабуна“, кои веднаш пријавиле во полиција. Според полицијата, телото било во фаза на распаѓање и по наредба на јавен обвинител во Велес, било однесено во Институтот за судска медицина во Скопје, за обдукација.

Женски леш пронајден во скопско Волково

Безживотно тело на жена вчера претпладне било пронајдено од жител на скопското село Волково, информираат од полицијата. Тој го забележал телото како лежи во вода, во близина на неговиот двор и веднаш пријавил во полиција. Екипа на итната медицинска помош констатирала смрт, а полициски екипи, по консултација со јавен обвинител, извршиле увид на местото. Според личната карта, која што полицијата ја пронашла...

Дениса Маркоска денеска ќе биде погребана на новите градски гробишта во Прилеп

Телото на Дениса Маркоска(23), која под сè уште неразјаснети околности го загуби животот додека работеше на бродот „Серенисима“, денеска, во 14 часот, ќе биде погребано на Новите градски гробишта во Прилеп, пренесува „Нова ТВ“. Според информациите на „Нова ТВ“, ковчегот со посмртните останки на Дениса доцна синоќа бил донесен во домот на нејзините родители. ДНК-анализата направена во Институтот за судска медицина...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...