fbpx
Таг: обдукција

таг: обдукција

Обвинителството ја истражува смртта на девојката од Аеродром, нема траги од силување

Скопското основно јавно обвинителство почнало прелиминарна истрага за смртта на девојката во населбата Аеродром, која почина по пад од висококатница, соопшти доцна попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, била наредена обдукација на телото на девојката во Институтот за судска медицина и за медицинска деонтологија, која треба да ја утврди конкретната причина за смртта, како и дополнително медицинско вештачење за...

Полицијата ги истражува случаите за двете безживотни тела пронајдени во Прилеп

Две безживотни тела вчера попладне биле пронајдени на две различни локации во Прилеп, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 16 часот, на улицата Трајко Николовски, кај гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, бил пронајден машки леш во фаза на распаѓање. Еден час подоцна, во куќа на улицата Александар Македонски, била пронајдена почината 64-годишната Л.Ј. од Прилеп. Претходно, Е.Т.Ш. пријавила дека...

Обвинителството нареди обдукција на телото на починатата родилка во Прилеп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, по извршениот увид, наредил обдукција на телото на родилката која ноќеска, неколку часа по породувањето, почина во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, соопшти денеска Јавното обвинителство. Според обвинителството, 20-годишната жена се породила вчера во попладневните часови, а починала ноќеска околу 1.50 часот. „Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница „Борка Талески“ во...

Детето што беше пријавено за исчезнато во Прилеп, пронајдено удавено во канал за вода

Двегодишното момче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Прилеп, утрово било пронајдено мртво во канал за вода во населбата Тризла во градот. - Вчера, околу 15.30 часот, родителите на двегодишниот Омер Н. пријавиле дека детето исчезнало. Потрагата по него траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело е пронајдено околу 6.30 часот од членови на семејството, во каналот...

71-годишна скопјанка пронајдена мртва покрај автопатот Скопје – Тетово

Вчера, околу 12 часот, во полициската станица во Сарај, А.Ј. пријавил дека на околу 100 метри од автопатот Скопје - Тетово, забележал починато женско лице, информираат од МВР. Телото по наредба на јавен обвинител било дадено за обдукција, која треба да ги открие причините за смртта. Како што информираат од МВР, денеска е извршено идентификување на телото и било утврдено дека станува...

Моторџија загина во сообраќајна несреќа во Битола

Триесет и осумгодишен моторџија го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случила во индустрискиот дел на Битола. Мотоџијата настрадал во директен судир со товарно моторно возило. Сообраќајката се случила вчера, околу 18 часот, во индрустрискиот дел на Битола, на крстосницата од улиците Новачки пат, кој води кон селото Долно Оризари и улицата Индустриска, потврдуваат од битолската полиција. Од...

Побегнат пациент од болницата во Бардовци пронајден мртов

Педесет и тригодишниот Демир Ш., пациент во душевната болница во скопско Бардовци, вчера бил пронајден мртов во близина на болницата, соопшти полицијата. Според полициските информации, Демир Ш. починал надвор од кругот на болницата, од која побегнал претходниот ден, на 8 јануари. Смртта била констатирана од лекар на итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за...

Еден убиен и двајца ранети во престрелка во Струшко

Основното јавно обвинителство Струга почнало истрага за вооружена престрелка која синоќа, околу 22 часот, се случила на локалниот пат Струга - Долна Белица, во која едно лице е убиено, а две се тешко повредени и пренесени во болница, соопшти утрово Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Струга изврши увид на местото на настанот, кој се случи вчера, околу 22 часот, на локалниот...

Убиен 43-годишен жител на тетовското село Лисец

Со прострелна рана во срцето, попладнево околу 15.30 часот во Мала Речица убиен е 43-годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец. Убиството се случило во угостителски објект на улицата Љуботенска. - Лицето Хасани е убиено со еден куршум, истрелан од пиштол кон срцето, а смртта настапила веднаш - изјави јавниот обвинител Борислав Нешоски од Основното јавно обвинителство во Тетово. Осомничениот за убиството, кој...

Скопјанец пронајден мртов во својот стан

Педесет и деветгодишен скопјанец вчераутро бил пронајден мртов во својот стан на улицата Наум Чакаров, во населбата Ѓорче Петров. Според полицијата, безживотното тело на Илија Ц. вчера, околу 10 часот, го пронашла неговата сосетка М.Т. (46), која имала клуч од неговиот стан. Смртта била констатирана од лекар на итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи...

Обвинителство за „Мета“: Очигледно беше дека Софески починал од инфаркт

Јавниот обвинител што го водел увидот на местото каде почина поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, не наредил обдукција на телото бидејќи лекарската екипа по прегледот констатирала дека Софески „очигледно“ починал од инфаркт и немало никакви сомнежи околу причините за смртта, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Лекарската екипа присутна за време на вршење на увидот, од извршениот преглед на телото на...

Пешак загина на улица во Тетово

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски - Бато во Тетово. Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин. Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по кратко време...

МВР: Нема обдукција врз телото на Софески

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на поранашниот воен разузнавач, Горан Софески (44) нема да се врши обдукција, информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај ова, во информацијата во полицискиот билтен, пишува дека телото на Софески било најдено вчера (23 ноември), во 8.35 часот кај местото Бела вода, во атарот на кичевското село Раштани. „Смртта е констатирана од Итната...

Скопјанец се задушил во пожар во својот дом

Педесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во пожар што вчераутро, во 7.20 часот, избувнал во неговата куќа во населбата Илинден, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Слободан Н., кој се задушил од чадот и починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција, а во тек е истрага што треба да ги утврди причините за...

Младиот радовишанец починал од насилна смрт

Дваесет и шестгодишното момче чие безживотно тело вчера попладне беше пронајдено во куќа во Радовиш, починало од насилна смрт, покажале првичните сознанија од увидот на надлежните институции, соопшти денеска Јавното обвинителство. „По наредба на јавниот обвинител, повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според првичните сознанија, утврдил дека се работи за насилна смрт“,...

26-годишно момче пронајдено мртво во куќа во Радовиш

Вчера, доцна попладне, во куќа во Радовиш било пронајдено безживотно тело на 26-годишно момче. Полицијата го потврди случајот и првично информира дека станува збор за Ј.Р. (26) од Радовиш. Според информациите, мртвото тело го пронашол сопственикот на куќата, во која момчето живеело како потстанар. Причините за смртта засега се непознати. Надлежните ги чекаат резулатите од обдукцијата на телото, која треба да утврди...

Телата на мажот и на жената биле најдени без облека и во фаза на распаѓање

Еден до друг, без облека, легнати на кревет и во фаза на распаѓање. Вака биле најдени телата на 33-годишниот маж и на 27-годишната девојка во мотел, во индустрискиот дел на Битола, информира полицијата. Во исчекување на официјалните информации од обдукцијата, во јавноста веќе се шират шпекулации дека починатите, инаку Роми од битолската населба Баир, биле во љубовна врска, а за...

Маж и жена пронајдени мртви во мотел во Битола

Триесет и тригодишен маж и 27-годишна жена вчера попладне биле најдени мртви во мотел во центарот на Битола, јавуваат медиумите. Информацијата за смртта на двете лица ја потврдиле од битолската полицијата, пишува весникот „Вест“. Како што пренесува весникот, настанот во полицијата го пријавил персоналот во мотелот, откако двајцата гости подолго време не излегувале од собата, која ја изнајмиле пред неколку дена. Лекар...

Работник починал на градилиште во Скопје

Градежен работник денеска, околу пладне, починал на градилиште на улицата Филип Втори во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврдија од Секторот за внатрешни работи Скопје, од каде велат дека станува збор за работникот Д.Д., кој бил на 48-годишна возраст. Според полицијата, на работникот, од засега непознати причини, му се слошило и по кратко време починал. Полициска екипа извршила увид на местото,...

Студент од Прилеп загина паѓајќи од студентскиот дом „Кузман Јосифовски“

Вчера рано наутро, околу 3 часот по полноќ, при пад од повисоките катови на студенсткиот дом „Кузман Јосифовски“ во Скопје, загина 20-годишен студент од Прилеп. Тој по падот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, но како последица од тешките телесни повреди, утрово починал. Полицијата и обвинителот го истражуваат случајот и денеска ќе одлучат дали ќе го дадат телото на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...